Средба на министерот Муцунски со Ервин Ибрахимовиќ - Канал 5

Средба на министерот Муцунски со Ервин Ибрахимовиќ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на заменик-претседателот на Владата за меѓународни односи и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ.

Средба на министерот Муцунски со Ервин Ибрахимовиќ

На средбата, двајцата министри се согласија дека посетата претставува потврда за одличните пријателски односи и соработка меѓу двете земји, засновани на заемна поддршка и почитување.

Министрите изразија задоволство од нивото на политичкиот дијалог и оценија дека постои простор за натамошно зајакнување на економската и трговската соработка.

Акцентот на разговорите беше ставен на пристапните преговори со Европската Унија и можностите за размена на искуства во насока на полноправно членство. Со посебен акцент се осврнаа на процесот на европската интеграција на двете земји.

„Заемната поддршка која ја искажуваме на планот на европската интеграција претставува најдобар пример за нашата одлучност за напредок на овој план, кој ќе ни обезбеди сигурност, стабилност и напредок во просперитетна Европа, кон која целиме“, истакна министерот Муцунски во изјавата по средбата.

Во оваа насока, црногорскиот министер Ибрахимовиќ додаде дека земјите од Западен Балкан заеднички чекорат кон Унијата и дека секој успех на било која земја од регионот е добра вест за сите.

Во рамки на посетата, беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу двете министерства за надворешни работи во областа на дипломатската обука, со што се отвораат дополнителни и конкретни можности за интензивирање на меѓусебната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Боледувањата и терапиите за онколошките пацинети во фокусот на ФЗО

Боледувањата над 30 дена во Македонија, како  и лекувањата во странство ќе бидат главен фокус во делот на реформирање на трошоците во Фондот за здравство, изјави првиот човек на фондот Златко Перински.

Боледувањата и терапиите за онколошките пацинети во фокусот на ФЗО

Тој потенцира дека последниот извештај на заводот за ревизија е објективен и мора да се воведе поголема конторола во трошењето на парите. Според последните податоци годишно лекување во странство чини 500 милиони денари. Перински објасни дека е потребна контрола во делот на начинот на лекување, успешноста на лекувањето да се следи од самиот почеток за да се види и ефикасноста на самите болници.

„Ќе се формира тим од вработени во фондот кои ќе ги следат парите, документите и начинот на лекување во странство со цел да ја знаеме и ефикасноста на лекувањето“-Златко Перински .

Исто така ќе се контролираат и боледувањата над еден месец пред се боледувањата кои траат и по пет години за лесни дијагнози. Затоа е потребно интеграција на здравственито систем и со други институции со цел да се контролира делот на земање на боледувања подолги од еден месец кои буџетот го чинат за три години над милјадрда и седусмтотни илјади денари велат од фондот.

Во делот на недостиг на терапија на онкологија првиот човек на ФЗОМ објасни дека по комуникација со директорот на клиниката за онкологија терапијата ќе пристигне за десет дена, како причина била наведено доцнењето на добавувачот на терапија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанија им изрече забрана за влез на Ваљон Беља и Бекир Халими поради закана за националната безбедност

Закана за националната безбедност – вака албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари ја образложи одлуката Ваљон Беља и Бекир Халими да бидат прогласени за непожелни во Албанија. 

Албанија им изрече забрана за влез на Ваљон Беља и Бекир Халими поради закана за националната безбедност

Ламалари откри дека одлуката била донесена уште на 17 јули, врз основа на информации од безбедносните и разузнавачките служби. Иако прашан кои конкретни активности довеле до мерката, тој одби да открие детали, повикувајќи се на доверливи податоци. Сепак, порача дека достапните информации биле доволни двајцата македонски државјани да бидат оценети како закана за безбедноста и јавниот ред и да добијат десетгодишна забрана за влез во Албанија.

- Министерот за внатрешни работи – како орган што ја носи одлуката, нема апсолутно никаква законска обврска за транспарентност зошто ја донел одлуката. Тоа е така бидејќи, како што веќе спомнав, располагаме со многу информации за тековниот надзор што го спроведуваат надлежните служби во Албанија – како од разузнавачките, така и од оние за спроведување на законот. / Мораме да спречиме оваа потенцијална закана да се материјализира, било во политичка, идеолошка или деструктивна смисла, преку искористување на одредени агенди насочени кон поединци со одредени ранливости, кои би можеле да станат плен на таквите агенди,- - Бесфорт Ламалари - Министер за внатрешни работи на Албанија.

Беља кој на јавноста и е познат како аналитичар, активист и политичар, во минатото беше осомничен и дека оставил куршум завиткан во салфета кај тогашниот градоначалник на Чаир. Тој потоа беше беше економски директор на клиниката за гинекологија, па економски директор на железници транспорт. На социјалните мрежи, Беља одлуката ја нарече политички мотивирана и донесена од „Владата на Еди Рамовиќ“ кој го нарече „сијамски брат на Вучиќ“. Халими пак, кој е оџа и поранешен припадник на УЧК, вели дека за одлуката дознал од медиумите.

-Вознемирувачко е за секого да се соочи со неправда, особено за некој што целиот свој живот го посветил на подигнување на верската свест кај нашиот народ и на давање патриотски придонес кон нашиот национален развој. Сепак, таква е природата на животот. Ќе продолжиме да бараме правда и да се бориме против неправдата каде и да се појави,- Бекир Халими.

Ова инаку, не е прв случај Албанија да прогласи странски државјани од соседството за непожелни поради безбедносни причини. Пред два месеци, на теолошката активистка од Косово, Икбале Худути Бериша исто така и беше изрешена забрана за влез во земјата, во времетраење од 15 години, поради учество на протестите во Тирана. Образложението на албанските власти во таа прилика беше дека нејзините активности и можни врски со Иран, се опасност за националната безбедност и јавиот ред.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како бугарски пратеници со судска забрана влегоа во Македонија?

Министерството за внатрешни работи сè уште проверува како и на кој начин, и покрај важечката судска забрана за влез во државата, бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев.

Како бугарски пратеници со судска забрана влегоа во Македонија?

Министерството за внатрешни работи сè уште проверува како и на кој начин, и покрај важечката судска забрана за влез во државата, бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев од крајно десничарската партија „Преродба“ минатата недела присуствувале на судење во Кочани за смртниот случај во сообраќајната несреќа на 23-годишната Ива Михајлова, кочанчанка со македонско и бугарско државјанство.

Од МВР велат дека случајот се истражува и дека се проверува дали имало пропуст кај граничната полиција и на кој начин овие бугарски пратеници успеале да влезат во државата, иако од август минатата година имаат забрана за влез во Македонија, која произлегува од пресуда на Основниот суд во Битола.

„Доколку се утврдат евентуални пропусти или незаконито постапување од страна на службени лица, МВР ќе постапи согласно законските овластувања и ќе ги преземе сите соодветни мерки и дејствија, вклучително и поведување на соодветни постапки“, велат од МВР.

И двајцата пратеници се опфатени со пресудата на Основниот суд во Битола со ознака ПРК-О-263/25, со која на вкупно 27 лица, сите пратеници на бугарската партија „Преродба“, им се забранува влез во Македонија, бидејќи лани во јуни нелегално ја преминале македонско-грчката граница и илегално престојувале повеќе денови. Врачев и Георгиев, како и целата група чии фотографии беа објавени на Фејсбук, биле осудени на 8 август минатата година, а покрај едногодишната забрана за влез во Македонија добиле и прекршочна казна од 50 до 230 евра.

Сепак, од битолскиот суд поради недостапност на лицата за односи со јавноста, не успеавме да добиеме појаснување дали забраната за влез на бугарските пратеници важи од моментот на сторувањето на прекршокот или од моментот на донесувањето на пресудата.

бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев, со објавени фотографии на Фејсбук потврдија дека биле во судницата во Кочани а присуството го искористија за критики кон правосудниот систем во земјава и упатија порака до Европската Унија дека, според нив, македонската држава малтретира девојка што се самоидентификува како Бугарка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер