КултураСредба на министерката Канческа-Милевска со писатели за децаМожностите за унапредување на состојбите во областа на литературата за деца, како основа од која се регрутираат читатели и за литературата за возрасни, беше целта на денешната средба на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска со повеќе писатели кои пишуваат за децата.- На средбата имавме можност со голем број еминентни писатели во областа на детската литература да разговараме за унапредувањето на состојбите во оваа област, за која сметам дека е исклучително важна, бидејќи книгата е од исклучителна важност за доедукација, културна надградба и можност децата да прераснат во вистински интелектуални личности, изјави по средбата министерката за култура. Таа информираше дека годинава, за разлика од досега кога годишно се поддржувале по десеттина проекти поврзани со литературата за деца, Министерството за култура ќе поддржи 51 проект. Зголемувањето на поддршката, вели, е резултат и на тоа што имало поголем број апликации кои ги исполнувале потребните услови. Додаде дека и во наредната година ќе продолжи поддршката на писалтелите за деца и воопшто на проекти кои се однесуваат на литературата за деца. - Секако иницијативност треба да пристигне од другата страна за да може ние да дадеме поголема поддршка. За тоа и разговаравме на средбата, на која стана збор и за востановување на некоја манифестација која ќе биде посветена на помладата популација, на писателите кои пишуваат книги за децата, но и на децата кои посветуваат внимание кон книгата, рече Канческа-Милевска. Писателот Александар Кујунџиски смета дека средбата е еден од поголемите исчекори за отпочнување на активности за унапредување на состојбите во оваа сфера. - Другиот исчекор е што првпат, наместо по 5 до 10 наслови за деца, се поддржуваат пеесеттина дела. Верувам дека овој тренд на почит и правилно вреднување на литературата за деца ќе продолжи и натаму, рече тој. Дека литературата за деца во минатото не добивала доволно поддршка се согласува и Горјан Петревски. - Морам да кажам дека изминатиот период литературата за деца беше ставена на маргините, пред се од писателскиот еснаф кој условно, пишува за возрасни. Не знам зошто се гледа на тој начин на авторите за деца, бидејќи без нивните книги ние ќе немаме читатели во иднина, рече Петревски. Покрај недостиг на поддршка, литературата за деца се соочува и со проблемот на недостиг на нови и млади автори кои пишуваат за деца. - Се надевам дека ќе се формира плејада нови автори кои ќе го заземат своето место под македонското сонце, бидејќи нашата земја заслужува да добие автори за деца со кои ќе се гордееме и кои ќе бидат преведувани и во странство, рече Ксенија Маказлиева-Трајчева, уредник на „Детска радост“. За популаризација на македонската детска литература и поттикнување на младите да читаат, минатата недела во соработка со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје беше покрената кампања во која ќе бидат вклучени основните училишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветШвајцарија ги обновува односите со Северна КорејаШвајцарскиот министер за надворешни работи, Игнацио Касис, во Пјонгјанг се сретна со својата севернокорејска колешка, Чое Сон Хуи.Главна тема на разговор беа безбедносните предизвици што влијаат врз Европа и Азија, а посетата на Касис беше организирана по повод официјалното повторно отворање на швајцарската дипломатска канцеларија во Северна Кореја, пренесува Ројтерс. На платформата „X“, Касис објави дека со министерката Чое разговарал за нормализирање на политичките односи и за обновување на политичкиот дијалог меѓу двете земји. Тој додаде дека разговарале и за безбедносните прашања на Корејскиот Полуостров, како и за пошироките безбедносни предизвици во евроазискиот регион. Exchange with Jo Yong Won, Secretary of the Central Committee of the Workers’ Party of Korea, in #Pyongyang. We welcomed the reopening of the #Swiss diplomatic office and discussed developments in the DPRK and the potential for strengthening bilateral relations. https://t.co/yCeKsnSat4 — Ignazio Cassis (@ignaziocassis) October 30, 2026 Канцеларијата во Пјонгјанг повторно е активна Швајцарската канцеларија во Пјонгјанг започна со работа на 19 октомври. Таа е поврзана со швајцарската амбасада во Пекинг, која продолжува да ги води сите дипломатски и конзуларни работи со Северна Кореја. Meeting with DPRK Foreign Minister Choe Son Hui in #Pyongyang. We discussed reopening the 🇨🇭 diplomatic office in a new format, regularising political relations and reestablishing a political #dialogue. We also exchanged views on security on the Korean Peninsula and broader Eurasian security challenges. — Ignazio Cassis (@ignaziocassis) October 30, 2026 Тагови: Северна Кореја Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инцидентиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница заврши без нарушување на јавниот ред и мир и без регистрирани инциденти.Во текот на целиот ден, МВР преземаше соодветни мерки и активности во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на изборниот процес, заштита на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: инциденти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на општина центарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 26.10 до 01.11.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 120 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ЈП Паркинзи на Општина ЦентарТагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter