3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаСредба Муртезани - ДотиРеафирмирана посветеноста на Обединетото Кралство на стабилноста, развојот и европската перспектива на Северна Македонија и поширокиот регионБилатералната развојна соработка, која претставува еден од најзначајните столбови на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, како и најактуелните политички случувања во регионот на Западен Балкан и значењето на Берлинскиот процес како клучна политичка и развојна рамка за зајакнување на регионалната соработка, биле во фокусот на билатералната средба на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Лондон со државниот министер за Европа, Северна Америка и прекуморските територии на Обединетото Кралство, Стивен Доти, на маргините на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Посебен акцент на разговорот, како што информираат од МЕП, бил ставен на билатералната развојна соработка, која претставува еден од најзначајните столбови на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Доти ја реафирмирал посветеноста на Обединетото Кралство на стабилноста, развојот и европската перспектива на Македонија и поширокиот регион, истакнувајќи дека и по напуштањето на Унијата, Обединетото Кралство останува силен поддржувач на европската интеграција на Западен Балкан. Во тој контекст, тој ја поздравил динамиката на реформските процеси во земјата и ја потврдил подготвеноста за натамошно проширување на партнерството, особено во областа на инфраструктурата, енергетската безбедност и дигиталната трансформација. Муртезани и Доти констатирале дека воспоставеното стратешко партнерство претставува ново поглавје во билатералните односи, кое ќе овозможи понатамошно продлабочување на политичкиот дијалог, заедничките проекти и координираните активности во рамките на НАТО, Берлинскиот процес и европските интегративни иницијативи. Средбата, како што информираат од МЕП, претставувала можност за потврдување на континуираната поддршка што Обединетото Кралство ѝ ја пружа на Северна Македонија во процесот на европската интеграција, како и за продлабочување на соработката во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Муртезани и Доти размениле мислења за најактуелните политички случувања во регионот на Западен Балкан и за значењето на Берлинскиот процес како клучна политичка и развојна рамка која повеќе од една деценија придонесува за зајакнување на регионалната соработка, економската поврзаност и усогласувањето со европските стандарди. Министерот Муртезани ја потенцираше важноста на оваа иницијатива како механизам кој овозможува конкретни проекти во областа на инфраструктурата, енергетската транзиција, зелената агенда, дигиталната поврзаност и социјалната кохезија, нагласувајќи дека Македонија останува цврсто посветена на целите на Берлинскиот процес и на европската иднина на целиот регион. На средбата, Муртезани се заблагодарил и за континуираната британска поддршка, која во изминатата деценија резултираше со спроведување на над 160 проекти финансирани од британскиот буџет во различни области: од добро владеење, јавна администрација, и владеење на правото, до промоција на мултикултурализмот и инклузијата. Истовремено беше истакната и успешната соработка во рамките на TWINNING проектите со британски партнери во областа на полициските реформи, контролата на државната помош и зајакнувањето на институционалните капацитети за еднаквост и правична застапеност. Министерот посочи дека британската поддршка во кризни периоди, како за време на мигрантската криза и пандемијата со COVID-19, е доказ за трајното пријателство и партнерство меѓу двете земји. Тагови: Муртезани Доти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28