Средба Хан-Мицкоски: Европската иднина на државата е единствената алтернатива за вистински напредок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хансе наведува во партиското соопштение. 

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, закочените европски интеграции и политичкиот дијалог во земјава.

Мицкоски изрази загриженост поради застојот во европските интеграции и недобивањето на датум за преговори. Мицкоски ја истакна и загриженоста поради отсуството на волја кај владата во справувањето со растечкиот криминал, скандалите и висока корупција која е присутна во највисоките ешалони на власта.

-Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава и ја подриваат правната држава загрозувајќи ја и европската иднина, повлече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека немањето на волја за справување со корупцијата и сомнежите за криминал се гледа и во предлог законот на премиерот Заев за организирање на обвинителството каде наместо непристрасна борба против корупцијата се нудат решенија кои ќе бидат алатка за политички притисоци и заштита на криминалот. Мицкоски ги истакна забелешките на предлог законот за обвинителство посочувајќи дека ниту еден криминал не смее да остане имун на правдата и дека на тој план не се потребни компромиси.

Во однос на европската перспектива на земјава Мицкоски посочи дека граѓаните не треба да бидат казнети поради лошите политики на неодговорната власт и затоа ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребно да се додели датум за преговори со Европската Унија што би било и дополнителен механизам за контрола на власта.

Воедно Мицкоски истакна дека услов за нова лидерска средба и дијалог со власта за повеќе прашања е одредување на датум за предвремени парламентарни избори како начин за враќање на процесите на вистинскиот правец и обезбедување на европска иднина за Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ги цени напорите и заложбите на Европската Унија за напредок на земјава и нејзиното инсистирање за реформи кои ќе бидат за добробит на граѓаните на Република Македонија. Тој посочи дека европската иднина на државата е единствената алтернатива за вистински напредок и низ еден партнерски однос со Унијата економски и политички да се унапредува нашето општество.

Северот на Италија зафатен со големи поплави- превртен воз, колапс на сообраќајот (ВИДЕО)

Невремето и обилните дождови предизвикаа поплави во многу делови на северна Италија, а особено се погодени градовите Падова и Виченца, пишува Би-Би-Си.

Службите за итни случаи користат гумени чамци за да ги спасат луѓето од нивните домови, а на снимката се гледаат автомобили како пливаат по улиците.

Гувернерот на провинцијата Венето го опиша времето во текот на ноќта како „водена бомба“.

Југот на Италија се соочува со топлотен бран невообичаен за овој период од годината, а на Сицилија се забележани температури до 35 Целзиусови степени.

Професорот Марко Марани, експерт за ефектите од климатските промени од Универзитетот во Падова, за весникот „Кориере дел Венето“ изјави дека „екстремните настани стануваат сѐ почести и ќе се интензивираат со зголемувањето на глобалното затоплување“.

Бреговите на реката Мусон деи Саси во областа Падова попуштија поради силниот дожд во раните утрински часови, што предизвика поплави.

Товарен воз во градот Борго Мантовано во провинцијата Ломбардија бил превртен од налетите на ветерот со брзина меѓу 150 и 200 километри на час.

Локалниот лидер Алберто Борсари на социјалните мрежи напиша дека „многу улици и подруми се поплавени“ и дека ситуацијата е „навистина тешка“.

„За среќа, никој не е повреден“, додаде тој.

Дожд до 130 милиметри падна во еден ден во Милано, што предизвика поројни поплави. Очевидци велат дека таков интензитет на дожд не бил забележан во мај повеќе од 170 години.

Властите за цивилна заштита прогласија црвена тревога во Венето до 14 часот, особено меѓу Виченца и Верона, каде што реките надојдоа по 70 милиметри дожд за 30 минути.

Едно лице е исчезнато во реонот на градот Комо по уривањето на мал мост.

Во исто време, многу суви услови се забележани на островот Сардинија, кој веќе се соочува со уште една лоша сезона за локалните земјоделци, кои очекуваат половина од нивниот нормален род на пченица поради недостиг на вода, пишува локалниот весник L'Unione Sarda.

Ограничувања за користење на водата се очекуваат и во областа подоцна во текот на летото.

Професорот Марани рече дека „има силни научни докази“ дека екстремните временски услови стануваат сѐ почести, додавајќи дека пресметките за одбрана од поплави „треба да се ревидираат за да се разбере реалниот ризик со кој се соочуваме“.

„Климатските промени мора да бидат ставени под контрола“, додаде тој.

Во април, Европската климатска агенција Коперник и Светската метеоролошка организација ја истакнаа потребата од заштита од поплави, како и итна акција за борба против ефектите од климатските промени.

Европски фронт: Скандалозен јавек политички притисок врз Управниот суд од страна на поразените

Европскиот фронт со голема загриженост ги проследи денешните скандалозни заканувачки изјави на лидерите на опозицијата кои ги загубија на претседателските и парламентарните избори кон Управниот суд.

Европскиот фронт ги регистрираше овие закани и ја извести целата меѓународна заедница и сите локални и меѓународни институции за јавни изјавите со закани како и обидот за изборен инженеринг со надворешно-институционални меѓупартиски договори за гласање и надгласување во Државната изборна комисија. како и со партиски притисоци до управниот суд.

Овој обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор на маса.

Со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните.

Седницата на Државната изборна комисија беше скандалозна демонстрација на прегласување и суспендирање на принципите на Охридскиот договор.

Ги повикуваме сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било партија и да го заштитат кредибилитетот на изборниот процес до крај без да се стави никаква дамка на волјата на граѓаните изразена на изборитем,се наведува во партиското соопштение.

Арсовска ја отвори манифестацијата „Саем на средни училишта на Град Скопје“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на Плоштад Македонија ја отвори манифестацијата „Саем на средни училишта на Град Скопје“, кој се реализира за првпат со цел промоција на градските средни училишта .

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на Плоштад Македонија ја отвори манифестацијата „Саем на средни училишта на Град Скопје“, кој се реализира за првпат со цел промоција на градските средни училишта и презентација на нивните наставни планови и програми.

Горди сме што имаме 23 скопски средни училишта кои продуцираат квалитетни, добри, професионални млади кадри и кои понатаму се успешни во нивниот кариерен развој. Ги охрабруваме учениците, кои се нашата иднина, како и наставниот кадар, професорите, директорите, кои се залагаат нашите средношколци да бидат што е можно подобри, да продолжат со одличната работа и резултати. Нашите скопски средни училишта воведуваат нови, иновативни образовни профили кои се според потребите на пазарот на труд, а во насока на развој и унапредување на образовниот процес за идните млади професионалци. Истовремено, скопските средни стручни училишта се лидери во Македонија во поглед на стручното образование кое е се атрактивно за улениците.

Во рамките на Саемот, кој се одржува на 17 и 18 мај, идните средношколци и нивните родители имаат одлична можност да остварат непосредна комуникација со наставниот кадар и стручните служби на училиштата, да се запознаат со различните наставни и воннаставни активности, како и со образовните струки и профили кои ги нудат. Во рамки на манифестацијата за посетителите на плоштадот Македонија имаше музичко забавна програма во изведба на талентираните средношколски музички бендови и солисти, како и настап на фолклористите од ДКЦ Карпош, се наведува во соопштението.

притисни ентер