Средба Џафери- Мичел: САД го поддржуваат Договорот од Преспа

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со помошник-државниот секретар на Соединетите Американски Држави,  Вес Мичел, кој е во официјална посета на нашата држава.

Според претседателот Џафери, ова е уште една во низата посети на официјални лица од САД како потврда на јасната, силната и недвосмислена поддршка за Република Македонија. Со ова се докажува посветеноста на нашиот стратешки партнер за унапредување на интеграцискиот процес на нашата земја во НАТО и ЕУ.

Во продолжение, Џафери рече дека приоритет на новото мнозинство е реализацијата на стратешката цел на Република Македонија, а тоа е полноправното членство во НАТО и затоа претходно фокусот беше насочен кон подобрување на односите со соседите. Првин се потпиша Договорот за пријателство со Република Бугарија, а потоа и Договорот со Република Грција, за да се надмине и последната пречка во реализацијата на целта.

Вес Мичел, од своја страна, рече дека јавноста во Република Македонија е веќе свесна за тоа колку силно САД го поддржуваат Договорот од Преспа и ја подвлече важноста на позитивниот исход на претстојниот референдум, имајќи предвид дека тоа е во полза на државата. Тој истакна дека САД и понатаму ќе пружи недвосмислена поддршка за напредокот на Република Македонија, уверувајќи дека фокусот на неговата земја за Регионот е константен и непроменет.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер