Средба Димитриеска Кочоска – Азески во стопанската комора - Канал 5

Средба Димитриеска Кочоска – Азески во стопанската комора

Подобрување на релациите меѓу јавниот и приватниот сектот, враќањето на солидарниот данок, царинскиот закон за тарифи како и владиниот договор за заем од Велика Британија беа тема на разговор на денешната средба.

Средба Димитриеска Кочоска – Азески во стопанската комора

Подобрување на релациите меѓу јавниот и приватниот сектот, враќањето на солидарниот данок, царинскиот закон за тарифи како и владиниот договор за заем од Велика Британија беа тема на разговор на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Тој меѓудругото кажа дека се преговара околу рокот во кој државата треба да им го врати солидарниот данок на компаниите, додека Кочоска информираше дека од 1ви јули започнува првото намалување на повеќе од 70 царински броеви за 50%.

Во однос на заемот од Велика Британија Азески очекува дека македонските компании ќе учествуваат со 70% од инфраструктурните проекти, додека Кочоска објасни дека парите ќе се повлекуваат преку проектно финансирање, односно прво ќе биде потребно да се изработи проект за да се добие понуда.

Комората од Славески очекува и продлабочување на соработката со реалниот сектор, посебно во делот на добивањето реални податоци врз основа на кои би се испорачувала и реална проценка на ситуацијата.

-Ние секогаш сме имале став дека Народната банка е многу значајна институција за општата стабилност на државата и за водење на бизнисот и секогаш сме имале почит и респект кон неа. Долги години наназад нејзината самостојност е загарантирана и на некој начин докажана во работењето. Мислиме дека тоа ќе продолжи зашто изборот на личностите тоа го гарантира. За нас е многу битно да кажат - продолжи стабилноста на курсот, девизните резерви да бидат на национално ниво поставени, обезбедени и на некој начин очекуваме од новиот гувернер да ја продлабочи соработката со реалниот сектор на начин што во градењето на проекциите за монетарната политика ќе има барем некаков оддел во Народната банка специјализиран за истражувања на елементите потребни за градење на ставот на Народната банка по клучните задачи кои неа и се поставени, тоа значи дека ние во тој процес би помогнале, но суштината е да се добиваат реални податоци кои ќе испорачуваат реална проценка на ситуацијата. Се работи за многу професионална и многу зачајна институција, мислиме дека Славески со кој сме имале добра соработка ќе го овозможи тоа и ќе ги исполни нашите очекувања, истакна Азески, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Дали Џенифер Лопез ставила силикони??

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез предизвика хасо на социјалните мрежи со своето бујно деколте. Сега, сите се прашуваат дали вградила силикони.

Видео-фото: Дали Џенифер Лопез ставила силикони??

Мегапопуларната пејачка и глумица веќе некое време е главна тема на социјалните мрежи, особено поради врската со нејзиниот нов колега, а сега и поради изгледот на нејзините гради.

Деновиве, Џеј Ло е во центарот на вниманието на јавноста поради филмот „Канцелариска романса“, во кој таа ја игра главната улога.

Брет Голдштајн исто така глуми со неа во филмот, а тие го промовираат заедничкиот проект појавувајќи се на премиери низ САД.

Така во вторник тие присуствуваа на премиерата на филмот во Њујорк, а малкумина забележаа нешто друго освен модната комбинација на Џенифер.

Лопез блесна на црвениот тепих во еден од најсмелите фустани во нејзината кариера, а сите очи беа насочени кон нејзиното деколте, кое изгледа двојно поголемо.

Деколтето предизвика и шпекулации и коментари за пластична хирургија. „Дали се нови? Или не ги забележав претходно?“, „Градите нејзини изгледаат сè друго освен природно“, „Изгледаат многу поголеми“, „Од каде се? Но, изгледа одлично“, напишаа некои.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија со 174 гласа избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН

За првпат од осамостојувањето Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации за мандатниот период 2027–2029 година добивајќи поддршка од дури 174 земји членки на гласањето во Њујорк.

Македонија со 174 гласа избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го оцени изборот на Македонија за членка на економски и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како значаен дипломатски успех и силна потврда за довербата што меѓународната заедница ја има во државата.

Во објава на социјалните мрежи, Силјановска-Давкова истакна дека овој резултат е плод на активна, принципиелна и доследна надворешна политика, како и на долгогодишни дипломатски напори за обезбедување меѓународна поддршка.

И премиерот Христијан Мицкоски оцени дека изборот претставува признание за вложените напори во надворешната политика и за довербата што Македонија ја гради со своите меѓународни партнери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трам повторно „задрема“ на состанок во Белата куќа?

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека повторно задремал за време на состанокот во Белата куќа. 

Видео: Трам  повторно „задрема“ на состанок во Белата куќа?

79 годишниот Трамп ги „одмори“ очите неколку моменти за време на состанокот за енергија и се потпре на столот.

На американскиот претседател му се придружија министерот за внатрешни работи Даг Бургум, министерот за енергетика Крис Рајт и администраторот на Агенцијата за заштита на животната средина, Ли Зелдин.

Белата куќа одговори на тврдењата изнесени од некои американски медиуми.

Портпаролот Дејвис Ингл ги отфрли обвинувањата и рече дека Трамп е „најпаметниот, најдостапниот и најенергичниот претседател во американската историја“.

Тој додаде дека претседателот „работи деноноќно за да ја направи земјата уште поголема од кога било досега“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер