Средба Борел-Рама: Косово и Србија да го одобрат патоказот на Брисел - Канал 5

Средба Борел-Рама: Косово и Србија да го одобрат патоказот на Брисел

Јасно кажав вчера, во Луксембург, дека страните мора да најдат начин да избегнат ескалација на ситуацијата и да го одобрат патоказот што беше ставен на маса минатата недела, во Брисел,  рекол Борел.

Средба Борел-Рама: Косово и Србија да го одобрат патоказот на Брисел

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама од Брисел, упати апел до лидерите на Косово и Србија да најдат начин да избегнат ескалација на ситуацијата и да го одобрат патоказот што беше ставен на маса минатата недела во Брисел, јави албанската државна агенција, АТА.

- Разговаравме и за дијалогот за мир во Приштина. Ви благодариме господине премиере за вашите напори и посветеност да се најде решение. Јасно кажав вчера, во Луксембург, дека страните мора да најдат начин да избегнат ескалација на ситуацијата и да го одобрат патоказот што беше ставен на маса минатата недела, во Брисел, рекол Борел.

Високиот претставник на ЕУ истакнал и дека ваквата состојба бара преземање мерки брзо и веднаш.

-Оваа ситуација бара од нас да преземеме мерки брзо, итно. Земјите-членки се согласуваат со оваа итност и го губат трпението пред оваа ситуација која е се полоша и полоша и бара итна интервенција, додал Борел.

Високо оценувајќи ја посветеноста и поддршката на премиерот Рама за дијалогот што се одвива на Косово додал "среќен сум што работиме со вас".

- Да се направи се за стабилноста на регионот, но во исто време и занапредокот затоа што сме дел од регион кој многу страдаше во минатото, што не може да има друга неповолна положба и во овој регион настаните се тесно поврзани едни со други. Не можеме да гледаме во нашиот дом, нашиот праг, да си ја вршиме домашната задача без да земеме предвид што се случува со соседните земји и какви поразителни ефекти може да има ескалацијата на ситуацијата не само за Косово и Србија, туку и за регионот, рекол Рама додавајќи дека го дели истиот став со Борел.

Обраќајќи му се директно на Борел, Рама изјавил дека „ти самиот спомна дека тоа е итна ситуација и ние сме целосно посветени да работиме со вас, со сите наши сојузници за да не дозволиме оваа ситуација негативно да влијае на регионот“.

- Направивме многу работи со берлинскиот процес, постигнавме голем напредок со нашите иницијативи, не можеме да дозволиме целиот замок што досега го изградивме да се урне од таков апсурден развој, кој се заснова на такви апсурдни тврдења, рече Рама.

Рама понатаму нагласил дека се чувствува добро кога слуша добри зборови за процесот на скрининг, како резултат на реформите.

- Разговорот што го имавме заедно беше многу корисен момент, ми беше задоволство да разговарам со претседателот на Комисијата и пред средбата со претседателот на Советот на Европа. Се разбира, овој разговор беше многу охрабрувачки или фактот дека слушаме добри зборови за работата што Албанија ја направи во процесот на скрининг и во сите преземени реформи. Ќе ја продолжиме работата и навреме сме подготвени да го направиме следниот чекор, порачал Рама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер