Специјално за таа пригода кафеаната била декорирана во црна и златна боја, а гостите добиле покани во црна боја со насликан череп.
Славеничката била во модерна бела венчаница, но сите гости, освен старосватицата биле облечен во црно, а црна боја биле и подароците и цвеќето кое го добила.
До свечената сала, Рупар дошла преку црвен тепих, по кои имало посипано овенати рози.
Билјана која е архитект по занимање и сопственичка на успешен козметички салон, изјавила дека сака да прославува и оти за своите родендени секогаш поканува многу луѓе, па така и разводот од бракот сакала да го прослави на тој начин.
„Пријателка пред пет, шест месеци ми испрати фотографија од госпоѓа од Јагодина која го прославила разводот од бракот. И реков, доколку некогаш се разведувам ќе направам исто, само многу подобро. Тогаш не планирав развод, но бидејќи се случи тоа, се решив да го прославам“ – истакнала Рупар.
Таа изјавила дека одлучила да облече бела венчаница за прославата на разводот бидејќи на свадбената веселба носела три венчаници – сина, беж и црна.
Како што изјавила со сопругот се развела спогодбено и останале во одлични односи.
„Разводот не е добар, но мојата порака до сито они на кои ќе им се случи е дека не треба да очајуваат и да не бидат кукавици. Никогаш не се знае зошто е тоа добро“ – изјавила Рупар.
Таа изјавила дека со поранешниот сопруг четири години се обидувала да добие дете, но тоа не и успевало и покрај лечењето.
„Месец и пол после разводот останав бремена. Се решив да го задржам бебето и да бидам самохрана мајка. Сега сум во третиот месец од бременоста“ – изјавила Рупар.