Царинска управа: Поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија
ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен пораз
1Царинска управа: Поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија
2ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен пораз
3Тешка несреќа во Уганда: Возачот изгубил контрола, автобус полн со деца излетал од патот,голем број загинати
БалканСрбија се приклучи на вселенската програма на НАСАСрбија синоќа го потпиша Договорот „Артемида“ и со тоа стана 69-тата земја што се приклучи кон оваа меѓународна иницијатива за истражување на вселената. Договорот во седиштето на НАСА го потпиша министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, а на церемонијата присуствуваа заменик-администраторот на НАСА, Мет Андерсон, помошникот државен секретар на САД за океани, животна средина и наука, Весли Брукс, амбасадорот на Србија, Драган Шутановац, и Марија Гњатовиќ од Министерството за наука, технолошки развој и иновации, пренесува агенцијата Танјуг. Министерот Ѓуриќ претходно изјави дека пристапувањето кон овие договори ќе им овозможи на научниците, компаниите и институциите во Србија да учествуваат во една од најнапредните вселенски програми во светот. „Србија е посветена на истражувањето на вселената за мирољубиви цели и на почитувањето на меѓународното право, така што овој договор ќе придонесе и за создавање поволна рамка за нашиот понатамошен развој. Секако, ова има симболична вредност и политичко значење и се одвива како дел од стратешкиот дијалог што претставува историски чекор напред во односите меѓу Србија и Америка“, изјави Ѓуриќ. Тој исто така додаде дека за Србија ова значи влез во кругот на земји со кои САД остваруваат партнерство и пријателска соработка. Што претставуваат Договорите „Артемида“ Договорите „Артемида“ беа иницирани во 2020 година од страна на НАСА и Стејт департментот на САД, со поддршка на седумте земји-основачи. Иницијативата беше покрената за време на првиот мандат на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринска управа: Поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линијаПоднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија откако беше фатен во обид да криумчари дрога.Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", како и за „спречување службено лице во вршење службено дејствие", двете казниви според Кривичниот законик. На 15 јули, во вечерните часови, царинските службеници на граничниот премин Блаце го застанаа за царинска контрола сега приведениот Р.Е. Контролата е извршена од двајца царински службеници, при што лицето е повикано да го отвори багажникот на возилото за проверка. Во моментот кога осомничениот увидел дека еден од царинските службеници ја забележал кесата под совозачкото седиште и посегнал да ја провери, противзаконски влегол во возилото и насилно ја преминал граничната линија, повлекувајќи го царинскиот службеник кој се обидел да го сопре. Повикана е граничната полиција, која заедно со царинскиот службеник, по десетминутна потера, му го пресече патот и лицето е лишено од слобода. Осомничениот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при Царинска управа, кое го презеде случајот и по спроведените истражни дејствија поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје. Во текот на бегството, осомничениот, ја фрлил кесата со дрога која е пронајдена во близина на местото на приведувањето. По налог на јавен обвинител, дрогата е дадена на вештачење, при што е утврдено дека станува збор за опојна дрога марихуана со тежина од еден килограм. Кај осомничениот е пронајдено и ладно оружје. Царинскиот службеник кој насилно беше повлечен при обид да го спречи осомничениот во бегството, се здоби со лесни телесни повреди. Двајцата царински службеници кои учествуваа во интервенцијата на граничниот премин Блаце, се пример за секојдневната храброст која вработените ја вложуваат во службата, со цел заштита на државата. Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Спејс Екс“ го одложува 13-от пробен лет на „Starship“ во последен моментЛансирањето на ракетата „Старшип“ на „Спејс Екс“ вчера е откажано во последен момент пред нејзиниот 13-ти пробен лет од Тексас, со што мисијата е одложена до следната недела, додека компанијата истражува што го предизвикало прекинот.„Го запревме погонскиот мотор кога моторите на „Раптор“ почнаа да се палат“, изјави портпаролот на „СпејсИкс“, Ден Хаут, зборувајќи во пренос во живо. „Ќе поминеме некое време истражувајќи што го предизвикало тој прекин кога лансирачкиот засилувач почнал да пука, по што ќе откриеме каков ќе биде нашиот пат понатаму“, додаде тој. „Некои од моторите не запалија“. Прекинот на лансирањето се случи помалку од една секунда пред закажаниот лет во 18:45 часот по локално време во Старбејс, оперативниот центар на SpaceX во Јужен Тексас. „Некои од моторите не успеаја да се вклучат, што предизвика автоматско прекинување на лансирањето. Сега го истоваруваме горивото. Следниот обид за лансирање се очекува за неколку дена“, напиша извршниот директор на компанијата, Елон Маск, на Сју.Тагови: Спејс Икс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Изборниот законик не се донесе за СДС, ДУИ и Левица да имаат алиби и да се претстават жртви на следниот се поизвесен изборен поразНовиот реформски Изборен законик не се донесе затоа што СДС, Левица и ДУИ бараат алиби на следните избори да се претставуваат како жртви и оштетени партии.Овие три политички партии се здружија за да го блокираат еден од најважните закони од Реформската агенда, поради нивниот страв од изборен пораз, кој е сè поевидентен и поизвесен со оглед на нивните слаби рејтинзи и поддршка од граѓаните. И покрај тоа што, како никогаш до сега, имаше простор за широк политички консензус, слух и подадена рака од Владата за изнаоѓање решение кои на нив им одговара согласно препораките на меѓународните институции и право дијаспората да гласа, тие избраа опструкции и блокади. Како никогаш досега во македонската историја, на власт има политичка партија која на опозициските им вели да се договорат меѓу себе за се што сакате и сето тоа ќе им биде прифатено, тие одбија и блокираа. Македонија е лидер во регионот во исполнувањето на обврските од Реформската агенда, за што и ќе добие најмногу финансиски средства од Планот за раст и тоа го потврдуваат европските функционери и претставници. Истите тие повикаа и на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДС и ДУИ кои од уста не ја вадат Европската Унија, и политичката партија Левица одлучија да го блокираат напредокот на државата кон евроинтегративниот пат. На СДС, Левица и ДУИ им порачуваме дека се прочитани и разобличени. Политиката на жртва која сакаат да ја применат нема да им помине, затоа што граѓаните добро знаат дека тие се извор на проблемите и блокадите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСилно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08