БалканСрбија: Регистрирани 7919 нови случаи на Ковид-19, починале 52 лицаВо последните 24 часа во Србија се забележани 7919 нови случаи на коронавируис од тестирани 22069 примероци.Од последиците на вирусот починале 270 пациенти. Заради тешката ситуација со пандемијата на коронавирусот во Србија се најавени и нови мерки. Во текот на денов државниот секретар на Министерството за здравство Мирсад Шерлек рекол дека се учекува утре Владата да усвои нови мерки против коронавирусот, а дека тие ќе стапат на сила од петок. Како штоистакнал, ситуацијата се влошува од ден во ден, а тоа е знак дека е потребно да се рагира, затоа што е очигледно дека постоечките мерки не ги дале посакуваните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНе стивнуваат студентските протести во Тирана – демонстрантите се судрија со полицијата Трет ден жестоки немири во Тирана во кои демонстрантите нападнаа владини згради, банки, продавници и други објекти.Стотици демонстранти кои протестираа за реформи во образованието оштетитле неколкку владини објекти, меѓу кои и зградата во која е сместен европскиот колеџ. Според тамошните медиуми демонстрантите палеле и излози, а оштетиле и неколку банки и други објекти. Полицијата се обидела да ги растера со солзавец и со водени топови, по што дошло и до жестоки судири, во кои повредени биле 23 полицајци и уште шестмина други луѓе, а 35 демонстранти се приведени... Движењето, познато како „Фламинго“, бара оставка од премиерот Еди Рама поради поради зголемените трошоци за образование и корупцијата. Рама во писмена изјава за Ројтерс посочува дека не планира да поднесе оставка но дека владата е подготвена за дијалог со студентите. Одговорноста за насилството на студентските протести ја префрли на опозициските партии, кои според него сакале да го попречат патот на Албанија кон Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДали Калифорнија воведува данок за милијардерите? „И онака не го плаќаат – немаме што да изгубиме“Во американската сојузна држава Калифорнија е во тек гласањето на среднорочните избори, а за три недели гласачите ќе одлучуваат на референдум дали милијардерите треба да се оданочуваат врз основа на нивното богатство?Во американската сојузна држава Калифорнија е во тек гласањето на среднорочните избори, а за три недели гласачите ќе одлучуваат на референдум кој би можел да има последици за остатокот од Соединетите Држави: дали милијардерите треба да се оданочуваат врз основа на нивното богатство? Според новинската агенција АФП, предлогот предвидува оданочување на околу 200 милијардери во оваа сојузна држава, со стапка од пет отсто од нивната нето-вредност. Собраните средства би биле наменети за јавниот здравствен систем, на кој се потпираат половина од жителите на Калифорнија. Овој систем моментално е под притисок поради значителните кратења на федералните средства, воведени од американскиот претседател Доналд Трамп. Поддржувачите на оваа мерка се надеваат дека таа ќе послужи како поттик за слични иницијативи и во други делови на САД, во услови на растечко незадоволство поради продлабочувањето на нееднаквоста и брзото трупање богатство кај технолошките милијардери, како што е Илон Маск. Привремениот данок е „само капка во морето на нивното богатство“, изјави за АФП Лорен Фирман, пензиониран графички дизајнер која користи „Медикер“ (Medicare) – здравствено осигурување за лица постари од 65 години. „За нив тоа не значи многу, но за луѓето на кои им е потребна здравствена заштита, тоа значи сè“, додаде таа. Сепак, референдумот предизвикува загриженост во Силиконската долина. Меѓу противниците на предлогот, наречен „Предлог 40“ (Proposition 40), е и ко-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, кој донирал повеќе од 205 милиони долари за кампањата против него. Во телевизиските реклами, противниците постојано предупредуваат дека привремениот данок би можел да стане траен, што би ги натерало најбогатите жители да ја напуштат Калифорнија и би довело до намалување на даночните приходи на сојузната држава. Покрај милијардерите, и други влијателни личности се спротивставуваат на предлогот, вклучително и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. По повеќе од седум години на чело на сојузната држава, овој демократ – кој има претседателски амбиции за 2028 година – официјално ги повикува гласачите да гласаат против оваа мерка. Моќниот синдикат „Обединети домашни работници“ (United Domestic Workers), кој застапува 250.000 лица што работат како негуватели во домовите или се грижат за деца, исто така ги повика своите членови да гласаат против предлогот. Од синдикатот тврдат дека еднократниот данок, наменет за здравствениот систем, долгорочно нема да го покрие дефицитот од повеќе милијарди долари во буџетот на Калифорнија. Сепак, оваа идеја не е нова. Во текот на изминатите 15 години, Калифорнија во три наврати се обиде да ги зголеми даноците за најбогатите жители преку референдуми, но сите такви предлози беа одбиени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаОсум морнари исчезнати по пожар на брод во Црното море – се истражува дали бил погоден од дронБрод закотвен во романските територијални води се запалил, а целиот екипаж е евакуиран, соопштија романските власти. Засега не е познато дали пожарот избувнал по напад со дрон, а романскиот министер за одбрана Раду Мируца најави истрага за инцидентот. Според првичните информации на бродот имало 12 морнари, од кои осуммина во моментов се водат како исчезнати. Романските спасувачки тимови спроведуваат операција во која се вклучени и пловен објект и хеликоптер. Инцидентот се случува во време кога расте загриженоста поради сè почестите напади во Црното море и сомнежите за вмешаност на Русија. Пред неколку денови два брода беа погодени со дронови во близина на бугарскиот брег на Црното море при што еден од нив потона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11