Србија ќе ги казнува оние кои нема да жалат по патријархот Иринеј - Канал 5

Србија ќе ги казнува оние кои нема да жалат по патријархот Иринеј

Поради смртта на патријархот Иринеј, српската влада ќе прогласи тридневна жалост - денес, утре и задутре, а патријархот ќе биде погребан во недела.

Србија ќе ги казнува оние кои нема да жалат по патријархот Иринеј

Денот на жалост се одбележува со спуштање на знамињата на половина копје (со соодветно осветлување навечер), минута молчење, како и информации во медиумите.

Според медиумите, предвидени се казни за непочитување на одлуката во деновите на жалост.

„Казните изречени за непочитување на овие мерки можат да достигнат од 50.000 до 200.000 динари доколку правното лице не го истакне знамето на Република Србија на половина копје на денот на жалоста, со соодветно осветлување навечер“, пишува Мондо.

Истата казна го чека и оној правен субјект што нема да им дозволи на вработените едноминутно молчење.

Исто така, медиумите што нема да известуваат за денот на жалост и собирите исто така може да бидат казнети.

Прекршочна казна ги чека и сопствениците на кафулињата кои ќе пуштаат музика во текот на деновите на жалост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

И третиот ден од протестите во Тирана беше проследен со насилство и судири со полицијата.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

Маскирани демонстранти фрлаа камења, тврди предмети и огномет врз институциите.

Во инцидентите беа повредени 26 лица, а двајца полицајци се хоспитализирани. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Нападнати беа кабинетот на премиерот, Парламентот и повеќе министерства.Оштетени беа најмалку четири банки, продавници, киосци и други деловни објекти.за време на протестите беа запалени неколку киосци и две стражарници.

Меѓу нападнатите објекти беше и стражарницата на Амбасадата на САД во Тирана.

Најжестоки судири се случија пред кабинетот на премиерот Еди Рама.

Рама ја отфрли можноста за оставка, нагласувајќи дека владите се менуваат преку избори.тој изрази подготвеност за дијалог со студентите и за разгледување на нивните барања.

Протестите продолжија и во вечерните часови, оставајќи значителна материјална штета во главниот град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска, кога украинскиот лидер ќе се придружи на вториот ден од самитот на ЕУ.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта,и го обвини за покачените цени на горивата.

Зеленски возврати, велејќи дека всушност војната на Трамп против Иран е одговорна за прекинот на испорака на горивата.

Зеленски вели дека се чувствува предаден од договорот за снабдување со дизел што Трамп ја склучи минатиот петок со Путин, иако Русија е под санкции.

Оттогаш, односите меѓу Зеленски и Трамп брзо се влошија. Трамп повика на нови избори во Украина, кои се забранети во воено време, додека Зеленски инсистира дека нападите врз руските рафинерии за нафта, кои Трамп го замоли да ги запре, ќе продолжат.

Се очекува лидерите на ЕУ, од кои многумина ги сметаат нападите со долг дострел како главна предност на Киев врз Москва, да ги зближат редовите зад украинскиот лидер за да прикажат заеднички фронт додека трансатлантската алијанса поминува низ уште една криза на единство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет

 Замената на консензусот со квалификуваното мнозинство  на прв на тест пред Европскиот совет. 

Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет

Наспроти ставот на Каја Калас да не се билатерализира процесот на проширување, дел од членките повторно проблематизираат..

Нејасно е засега дали европските лидери ќе постигнат барем приближување на ставовите, но хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во случајот со Црна Гора на која и испорача список со осум услови се осврна на блокадите кон Македонија, од страна на Грција и Бугарија кои како што изјави на Македонија и одземаа 21 година

Унгарскиот премиер Петар Маѓар пак се изјасни дека Украина не може да пројде на брза лента во ЕУ и до нејзиното членство како што изјави можни се 10 до 15 години

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер