3Филипче: Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од ЕУ – тоа е изговор на Мицкоски и бандата
БалканСрбија има вишок пченица, пченка и сончоглед, извозот е отежнат поради проблеми со логистикатаСрбија годинава по жетвата на пченката ќе има вишок од околу 2,5 милиони тони, исто толку пченица и околу 100 илјади тони сончоглед.Извозот сега е значително отежнат поради логистичките проблеми, недостигот на транспортни средства и неговите трошоци, јави дописникот на МИА од Белград. Директорката на Здружението за подобрување на производството и извозот на жита и маслодајни култури „Жито Србија“ Сунчица Савовиќ изјави за Бета дека домашниот пазар на земјоделски производи ја дели судбината на регионалниот и светскиот пазар на жита и маслодајни семиња, кој е преплавен со тие производи од Украина и други земји, па конкуренцијата е голема, а цените ниски. -Од минатата година во Србија останаа големи залихи од 1,2 милиони тони пченица, 350 илјади тони најлош квалитет на пченка и 55 илјади тони сончоглед. Во текот на минатата година, поради политичката нестабилност и поскапувањето на пченката и пченицата на домашниот пазар, во еден момент на повеќе од 40 динари за килограм, производителите очекуваа дека тоа ќе продолжи со ист тренд, па не брзаа со продажбата, рече Савовиќ. Таа додаде дека од март до април минатата година бил забранет извозот, а потоа, до крајот на јули, поради воведените квоти извозот бил отежнат, што ја намалило ликвидноста во житниот сектор во Србија. Последиците од тоа, како што рече, ги чувствуваат сите во синџирот, од производители до извозници. Пченицата, дури и кога ќе се најде пазар, не може да се извезува, според Савовиќ, поради логистичките пречки, транспортот и неговата висока цена или недостатокот на финансиски средства на извозниците да изнајмат по 10-20 баржи за прекуокеански брод за Африка или Југоисточна Азија. Савовиќ рече дека е тешко да се прогнозира дали цените на овие стоки ќе пораснат, освен во случај на голема ескалација на конфликтот меѓу Украина и Русија, бидејќи дури и неодамнешниот напад со беспилотни летала врз украинските силоси во пристаништето на Дунав, Измаил, не ги поттикна да се порастат на долг рок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули анВо рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026.Во рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026, најзначајната и најстара независна награда во земјава за млад/а визуелен/а уметник/чка до 35 години. Изложбата на финалистите: Јован Јосифовски, Сергеј Каленикoв и Ана Трајковска и свеченото доделување започнуваат во 20 часот, по што следи DJ сет на Мартина Пенева. Наградата ДЕНЕС, во нов колаборативен формат, годинава носи двомесечен престој во Residency Unlimited (Њујорк) за добитникот/чката, и по едномесечен престој во Галерија „Простор" (Хартефакт, Сплит) и самостојни изложби во Скопје и Сплит (2027) за другите двајца финалисти. Жирито го сочинуваат Натали Онгле (Residency Unlimited, Њујорк), Јелена Мијиќ (мултимедијална уметничка, Белград, добитничка на наградата „Димитрије Башичевиќ Мангелос") и Илија Прокопиев (визуелен уметник, добитник на ДЕНЕС 2011, уметнички директор на галеријата Шкуц, Љубљана). Во првиот круг на жирирање членка беше и Хиба Абид, кураторка во Њујоршката јавна библиотека и членка на комитетот за уметност и култура на градоначалникот на Њујорк. Наградата ДЕНЕС е основана во 2002 од Центарот за современи уметности - Скопје, а од 2015 година ја организира Фaкултет за работи што не се учат во рамки на АКТО, во соработка со мрежата YVAA, Residency Unlimited и Trust for Mutual Understanding (Њујорк).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
ФудбалСуспендирани 448 турски фудбалски функционериТурската фудбалска федерација привремено суспендираше 448 сегашни и поранешни клупски функционери, вклучувајќи ги претседателот на „Трабзонспор“, Ертугрул Доган, и потпретседателот на „Бешикташ“, Хакан Далтабан. Овој потег е преземен како дел од истрагата за спортско обложување во турскиот фудбал. Од Федерацијата официјално соопштија дека сите суспендирани функционери се обложувале во текот на изминатите пет години додека извршувале функции во клубови од првата и втората лига во земјата. Сите тие се пријавени до дисциплинската комисија на Федерацијата. Турските медиуми известуваат дека, од 448-те суспендирани функционери, 171 биле или моментално се поврзани со клубови од највисокиот ранг на турскиот фудбал. Турската фудбалска федерација го засили надзорот врз спортското обложување откако минатата година земјата беше потресена од голем скандал поврзан со обложување. Како дел од таа истрага, Федерацијата суспендираше 149 судии и 1.024 фудбалери на различни временски периоди. Во посебна истрага спроведена претходно оваа недела, еден функционер и шест члена на главната судиска комисија беа приведени под обвинение за мешање во судиските процедури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаЕфес се огласи-Мајк Џејмс ја повреди Ахиловата тетиваТурскиот кошаркарски великан Анадолу Ефес се огласи – црните претчувства се потврдија турскиот евролигаш ја објави и потврди повредата на Ахиловата тетива на Мајк ЏејмсПоразот на Ефес од Црвена Ѕвезда во Белград во рамките на Евролигата падна во втор план за Анадолу Ефес во моментот кога Мајк Џејмс, на носилки, го напушти теренот во „Белградска арена“. Американскиот бек ја повреди Ахиловата тетива за време на дуелот со Црвена ѕвезда, а првичниот впечаток дека станува збор за сериозен проблем набрзо беше потврден и од самиот клуб. По натпреварот, Ефес соопшти дека Џејмс ќе мора да направи дополнителни прегледи за да се утврди сериозноста на повредата и да се одредат понатамошните чекори. „Следат детални прегледи за Мајк Џејмс поради повреда на Ахиловата тетива, по што ќе се утврди прецизен план за лекување и закрепнување“, се наведува во соопштението на турскиот клуб. Ефес беше поразен од Црвена ѕвезда во „Белградска арена“ со резултат 77:72 во натпреварот од 3. коло на Евролигата, но исходот на мечот беше засетен од загрижувачка сцена. За тимот од Истанбул е особено важно што се повреди играчот кој е најдобар стрелец во историјата на Евролигата. Засега нема официјални информации за сериозноста на повредата, ниту за тоа колку долго Џејмс би можел да отсуствува. Повеќе детали се очекуваат по дополнителните медицински прегледи.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook