Србија и Црна Гора се отстранети од пописот на безбедни земји на ЕУ

Земјите-членки на ЕУ решија да ги отстранат Црна Гора и Србија од списокот на трети земји од кои можат да патуваат во ЕУ без ограничувања, заради зголемениот број на заразени со коронавирус, тврдат дипломатски извори.

По исклучувањето на Србија и Црна Гора, нема повеќе европски земји на списокот од кои може да се влезе во ЕУ без ограничувања, освен можеби Грузија, земја на границата меѓу Источна Европа и Западна Азија.

На списокот се наоѓаат 13 држави: Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Кина, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Тајланд, Тунис и Уругвај.

На состанокот Корепер (Комитетот на постојани претставници на државите членки на ЕУ), имаше предлози да се отстранат и Алжир и Мароко од списокот, но ова не наиде на поддршка.

Земјите-членки на ЕУ решија да ги укинат ограничувањата за влез на нивната територија од трети земји кои имаат слична или подобра епидемиолошка состојба во однос на коронавирусот од 1 јули.

Кон крајот на минатиот месец, земјите-членки усвоија препораки во кои се наведени 15 земји од кои ќе можат граѓаните да влезат во ЕУ од 1 јули. Тоа беа Алжир, Австралија, Црна Гора, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај. Кинеските граѓани исто така ќе можат да влезат, но под услов Пекинг да ги укине ограничувањата за влез на граѓаните на ЕУ.

Списокот се ревидира и ажурира на секои две недели според развојот на епидемиолошката состојба. Патните ограничувања може да бидат укинати целосно или делумно или повторно да се воведат за наведените земји во согласност со промените на епидемиолошката состојба.

Главниот критериум за влез на државјани од трети земји на територијата на Европската унија е бројот на ново заразени на сто илјади жители во тие земји, што мора да биде „близу или под просекот на ЕУ“ во претходните 14 дена.

Исто така, се бара стабилен или опаѓачки тренд на нови заразени. Ќе бидат земени предвид и веродостојноста и достапноста на податоците во трети земји, како и мерките што овие земји ги воведоа за граѓаните на земјите од Европската унија.

За оние земји кои не се на списокот, т.е. за кои ограничувањата за влез во ЕУ сè уште се применуваат, одредени категории сепак ќе можат да влезат во ЕУ, како што се граѓани на ЕУ и нивните семејства, долгогодишни жители на ЕУ и членовите на нивните семејства, потоа здравствените работници, оние кои работат во пограничните области, оние што се вработени во транспортот на стоки и сл.

Препораките не се правно обврзувачки затоа што управувањето со границите е одговорност на земјите-членки, но тие се важни затоа што земјите-членки треба да дејствуваат на координиран начин.

Земја-членка на ЕУ не треба да ги укинува ограничувањата на оние кои не се на списокот пред да се донесе одлука на координиран начин.

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп

Пет клучни донатори инвестирале повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Доналд Трамп.

Тимоти Мелон, наследник на банкарското семејство Мелон, од 2022 година инвестираше најмалку 16,5 милиони долари во организацијата „Мага“ блиска до Трамп. Тој исто така има инвестирано најмалку 20 милиони долари во организацијата за време на претседателските избори во САД во 2020 година.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

Брачниот пар Исак и Лара Перлмутер во актуелната кампања на Трамп инвестирале повеќе од 10 милиони долари, а во 2020 година во неговата кандидатура вложиле 21 милион долари.

Трета на листата е претприемачката Линда Мекмахон, која донираше повеќе од 10 милиони долари на Трамп овој изборен циклус, а во 2019 и 2020 година инвестираше повеќе од 15 милиони долари.

Успешниот хотелиер Роберт Бигелоу во овој изборен циклус вложил девет милиони долари во организацијата „Мага“, а вети дека ќе вложи вкупно 20 милиони долари.

Додека Патриша Дуган во сегашната кандидатура на Трамп инвестираше повеќе од пет милиони долари, а претходно таа и нејзиниот поранешен сопруг Роберт веќе инвестираа во кампањата на Трамп во 2020 година. /МИА

Анализа: Вештачката интелигенција силно ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија

Вештачката интелигенција (ВИ) во голема мера ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија, според проценката на една од најголемите банки во земјата, објавена во локалните медиуми. 

Во текстот се наведува дека денес 3,3 милиони белгиски вработени работат во области директно поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Секој трет работник во Белгија има позитивни очекувања од распространувањето на вештачката интелигенција за подобрување на економијата во следните пет години, но 42 отсто стравуваат дека тоа ќе доведе до губење на работни места. Проценката покажува дека во една третина од работните места (1,6 милиони) денес, имплементацијата на вештачката интелигенција ќе помогне да се зголеми продуктивноста, но во 34 проценти (1,7 милиони) може да биде потребна целосна автоматизација.

Најпогодени се очекува да бидат вработени во администрацијата, каде најверојатно ќе има отпуштања, додека вештачката интелигенција ќе може да им помогне на директорите на компаниите, хирурзите и судиите без да ги смени. Досега, само 3 отсто од работниците во Белгија стравуваат дека ќе бидат погодени поради вештачката интелигенција во следните пет години, а најрелаксирани се хонорарците, покажуваат податоците. Според проценките, може да се очекува дека воведувањето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми економијата за 0,1-0,5 отсто годишно.

Цитираните експерти прецизираат дека европското законодавство за вештачка интелигенција не и дава предност на ЕУ во однос на САД. Според нив, промените на европскиот пазар на труд ќе бидат постепени и може да се очекува појава на нови професии. /МИА

притисни ентер