Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
БалканСрбија е единствената земја која не ја потпиша „Киевската декларација“ со осуда за РусијаСрбија е единствената што денеска не ја потпиша Киевската декларација, која, меѓу другото, ја обвинува Русија за агресија врз Украина и повикува на итен прекин на војната, објави Српската радиотелевизија (РТС).На самитот Украина-Југоисточна Европа, што се одржа во Киев, учесниците ја усвоија заедничката Киевска декларација, во која се обврзаа да продолжат со политичката, воената, финансиската и безбедносната поддршка на Украина, да го зголемат притисокот врз Русија и да соработуваат во обновата на земјата погодена од војната. Според РТС, документот го потпишаа претседателот на Украина Володимир Зеленски и претставници на Албанија, Грција, Молдавија, Романија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Бугарија. Србија, претставена на самитот од претседателот Александар Вучиќ, според извештајот на РТС од Киев, беше единствената што не ја потпиша декларацијата. Во тој документ, според РТС, Русија е обвинета за нелегална, неиспровоцирана и неоправдана агресија и повикува на итен прекин на војната и целосно, безусловно и проверливо повлекување на армијата и воената опрема од целата територија на Украина. „Секогаш ги слушам сите можни приговори што доаѓаат од целиот свет. Така функционира демократијата“ Кога го прашаа каква реакција очекува во Србија и Русија, со оглед на тоа што неговата посета на Киев стана главна тема на разговор меѓу многу функционери во Москва и во Србија, Вучиќ истакна дека секогаш ги слуша сите забелешки. „Исклучително е важно за мене и за сите други да разговараме тука за ова и за тоа какви се нашите политички ставови, а јас го правам ова за да ги заштитам српските национални интереси. Секако, секогаш ги слушам сите можни забелешки што доаѓаат од целиот свет. Така функционира демократијата“, ја цитира РТС изјавата на Вучиќ. Тој разговараше со Зеленски за коридорите кон Ерменија, Азербејџан и Турција На самитот во Киев, Вучиќ истакна пет важни работи за Србија поврзани со руско-украинскиот конфликт, а особено принципот на почитување на Повелбата на ООН и резолуциите на ООН во врска со поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Тој, исто така, ја нагласи важноста на хуманитарната помош, обновата на украинските градови и поддршката за Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија. Вучиќ, исто така, рече дека со Зеленски разговарал за коридорите кон Ерменија, Азербејџан и Турција, оценувајќи дека ова би било „многу важно“ и дека може да се постигне напредок во оваа област за подобра поврзаност на овие земји. „Ова бара многу инвестиции од Србија, Романија, Молдавија, Украина, но верувам дека можеме да сметаме на тоа во иднина“, заклучи Вучиќ.Тагови: русија србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските силиИран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата. „Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму. Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.Тагови: Илон Маск Старлинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМаркез заврши во болница, ја пропушта последната трка во сезонатаАлекс Маркез нема да учествува на последната трка од овогодинешното Мото ГП првенство во Валенсија откако беше хоспитализиран преку ноќ поради бронхоспазам, објави неговиот тим Гресини Дукати.Помладиот од браќата Маркез исто така ќе ја пропушти трката што ќе биде последна за неговиот брат Марко во Мото ГП првенството. Алекс требаше да се збогува со Гресини на патеката „Рикардо Тормо“, пред да се пресели во фабричкиот тим на КТМ за сезоната 2027. Неговиот настап на официјалниот тест, закажан за вторник во Валенсија, е исто така под знак прашалник. Шпанецот требаше да стартува од четвртата позиција, но по неговото повлекување, сите возачи зад него ќе се искачат за едно место. Со ова, вкупниот број на возачи што учествуваат во трката ќе достигне 21.Тагови: Алекс Маркез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook