Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
2Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
БалканСрбија: 89 новозаболени, 7 починатиВо последните 24 часа во Србија се направени 8327 ковид теста, од нив позитивни биле 89. Од последици предизвикани од коронавирусот во последното деноноќие во Србија починале 7 лица. Низ болниците во Србија во моментов на респиратор се вклучени 15 пациенти. Во Белград се регистрирани 18 новозаболени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаосот продолжува – Жезус „не стигнал“ да го прочита соопштението на Роналдо Ситуацијата околу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија, Жорже Жезус, не се смирува ниту еден ден откако капитенот на репрезентацијата излезе со остра изјава.Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња изјави дека Жезус во два наврати го прекршил договорот, а особено го погодило тоа што селекторот за време на прес-конференцијата не спомнал ниту една од осумте точки од документот што, според Роналдо, тој лично ги одобрил. Португалските медиуми пренесоа дека Роналдо ја следел прес-конференцијата на Жезус и очекувал тренерот јавно да се извини. Бидејќи тоа не се случило, уследила одлуката да го напушти репрезентативниот камп. Поради сето ова, се очекуваше реакција од Жорж Жезус, кој е познат по својот темпераментен карактер и бројните конфликти со играчите и раководството на клубовите во текот на кариерата. Сепак, искусниот стручњак овојпат не се впушти во полемика. „Бев во Леирија и го гледав натпреварот на португалската репрезентација до 21 година. Сега ќе го прочитам соопштението. Немам што да кажам“, кратко изјави Жезус. Инаку, конфликтот започна по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка. Според претходниот договор меѓу селекторите и Роналдо, капитенот на репрезентацијата требаше да има внимателно дозирана минутажа за време на овој репрезентативен собир. Првичниот план бил Роналдо да не игра против Норвешка, со оглед на тоа што само неколку дена претходно одигра 67 минути против Велс. Сепак, Жезус процени дека напаѓачот на Ал Наср е доволно подготвен повторно да настапи. Роналдо беше испратен на загревање, но на крајот не влезе во игра. Токму тој момент беше вовед во нова тензија, која потоа кулминираше со неговото напуштање на репрезентативниот камп. По јавното истапување на Роналдо, Жезус одлучи дополнително да не ја поттикнува полемиката. Неговата кратка реакција, со оглед на темпераментот што го следеше низ целата тренерска кариера, дополнително го привлече вниманието на португалската јавност.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
МакедонијаЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијаниеОсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола со цел обезбедување дополнителни докази. Надлежниот јавен обвинител продолжува да го испитува случајот, а до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место, стои во соопштението од јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФантастичниот Хари Кејн руши сè пред себе, Шпанија го натажи полниот „Пољуд“ во Сплит со пресврт!Фудбалерите на Англија ја надиграа Чешка во 4. коло од Лигата на нации со резултат 3:0. На овој натпревар, капитенот на „Гордиот Албион“, Хари Кејн, се израмни со славниот голман Питер Шилтон по бројот на настапи во дресот на Англија – и двајцата имаат по 125. Тоа значи дека на напаѓачот на Баерн му преостанува уште само еден натпревар за да стане играчот со најмногу настапи во историјата на „Трите лава“. Што се однесува до самиот натпревар, Кејн учествуваше во сите три гола на домашниот тим. Најпрво упати топка од страна која Владимир Цоуфал ја спроведе во сопствената мрежа, а потоа, во 40. минута, ја круниса одличната акција на Англија со гол за 2:0. Кејн постигна уште еден гол во 57. минута, овојпат со глава по корнер, и го постави конечниот резултат од 3:0. Во вториот натпревар од оваа група, во големото дерби на Пољуд во Сплит, по пресврт, Шпанија ја совлада Хрватска со резултат 2:1. „Коцкестите“ беа многу подобар противник во првото полувреме и во 17. минута поведоа со голот на Иван Перишиќ. Сепак, сè се промени во продолжението од натпреварот. Микел Мерино влезе во игра на почетокот на второто полувреме и подоцна им ја донесе победата на европските и светските шампиони. Тој беше стрелец во 61-вата и 88-мата минута, со што Шпанија победи со 2:1. Шпанија е прва во групата со 12 бода, Англија има девет, Хрватска е трета со три бода, додека Чешка е на дното без ниту еден освоен бод. Преостанатите две кола од групната фаза на Лигата на нации ќе се одиграат во ноември.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter