Срамен потег на познатиот милијардер - ова не смеел да си го дозволи (фото/видео) - Канал 5

Срамен потег на познатиот милијардер - ова не смеел да си го дозволи (фото/видео)

Жари и пали на социјалните мрежи...

Срамен потег на познатиот милијардер - ова не смеел да си го дозволи (фото/видео)

Боговите отсекогаш биле фасцинирале со својата моќ, особено во грчката митологија, а нивните имиња на некои очигледно им послужиле да се прикажат себеси како богови на земјата. Еден од нив е францускиот инфлуенсер Илан Тобијан, кој себеси се нарекува Зевс.

Едно од неговите последни видеа со опис: „Држи ги нозете цврсто на земја, и главата меѓу облаците“, „крена прашина“ на социјалните мрежи. Она што многумина ги изненади, а некои и ги изнервира е тоа што откако излезе од автомобилот, тој на земјата спушти апостолки, а потоа ги облече. Сè уште не е познато каква идеја имал со ова видео, но се претпоставува дека Илан сакал да покаже дека славата и богатството не го промениле, па може да шета и со апостолки.

Неговата објава им се допаднала на речиси три милиони корисници, а била споделена од милион корисници на Тикток. Но, главниот заклучок на корисниците на оваа мрежа била дека ништо не е важно доколку поседувате Ферари.

@zeus.officiel_ Sacred Heart ⚡️ #lamborghini #zeusinparis #luxurycarsauto #parislife #carlover ♬ Show Me Your Back - FindMyName

- Знаеш дека си маж кога ќе излезеш од суперавтомобил и ќе облечеш пижами.

- Имам апостолки како неговите, но не и Ферари-

- Се занесе фраерот -

- Животот нема рамнотежа -

- Поентата е да се биде богат, а не да изгледате така -

- Зошто не возеше со тие апостолки, упс! Не се достојни за овој скап автомобил. Срамота! – гласеа дел од коментарите.

Илан Тобиан е адвокат за недвижности од Париз. На неговиот деловен профил на „Linkedin“ пишува дека веќе 23 години работи во престижна париска компанија, што значи дека може да си го дозволи луксузниот живот што го прикажува на социјалните мрежи и што никого не остава рамнодушен. Неговата реална материјална состојба е малку позната, но познато е дека има син.

@zeus.officiel_ Keep your feet on the ground and your head in the clouds 🌩️ #luxury #luxurylife #thankyou #blessed #fyp #fypシ #viral #tiktok #millionnaire #billionaire #car #aventador #cannes #festivaldecannes #trending #trend #lamborghini ♬ son original - ZEUS.officiel

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“

Европската фудбалска асоцијација УЕФА официјално објави дека куќата на светскиот фудбал, ФИФА официјално одлучила да се откаже од планот за продажба на дел од сопственоста на Светското првенство на странски инвеститори. 

Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“

Европската фудбалска организација сега издаде соопштение во кое ја поздравува таквата одлука. УЕФА беше таа што го покрена отпорот против овие планови на Џани Инфантино.

Сите 55 членки на УЕФА изјавија дека нема да учествуваат во тој проект и дека воопшто не размислуваат за настап на Светското првенство.

Ова ја поттикна КОНКАКАФ да го стори истото, па така проектот за продажба на Светското првенство сега е стопиран.

Во соопштението, кое го пренесуваме во целост, УЕФА упати остри критики кон ФИФА и, пред сè, кон Џани Инфантино, кој е директно спомнат, критикуван и повикан на одговорност.

Соопштението на УЕФА:

„УЕФА ја поздравува одлуката на ФИФА да се повлече од планот за продажба на удел во своите натпреварувања, вклучително и Светското првенство, на приватни субјекти. Предлогот беше едногласно отфрлен од фудбалските асоцијации членки на УЕФА, како и од многу други асоцијации и федерации ширум светот чија задача е да го штитат фудбалот.

УЕФА им се заблагодарува на навивачите, лигите, клубовите, играчите, истакнатите личности, асоцијациите и федерациите кои се спротивставија на ова, како и на премиерите и шефовите на држави кои му покажаа на претседателот на ФИФА дека фудбалот не е на продажба. Не можеме да продолжиме со вакви тајни договори, подготвувани од анонимни поединци и туркани насила, кои не носат никаква непосредна корист. Треба да ги идентификуваме одговорните и да ги повикаме на одговорност.

Правилно е УЕФА во наредните денови и недели тесно да соработува со своите асоцијации и со другите федерации за да разбере како дошло до ова и да изготви план за да се спречи тоа да се повтори. Анализата на ситуацијата мора да биде сеопфатна и не смее да се отфрли ниту едно можно решение. Актуелното раководство на ФИФА не само што ја изгуби довербата на УЕФА и на многу други...

Кога Џани Инфантино побара доверба за да биде избран за претседател во 2016 година, тој рече: „Се разбира дека ќе бидеме транспарентни. Поминав 15 години во УЕФА и човек мора секојдневно да биде дел од животот на ФИФА. Парите на ФИФА се ваши пари, а не пари на претседателот на ФИФА. Националните сојузи и вие мора да ги користите парите на ФИФА за развој на фудбалот, и за ништо друго“. Тој не исполни ниту едно од тие ветувања. Нетранспарентните договори зад затворени врати, како и чудните зделки што ги склучуваше и се обидуваше да ги наметне, беа сè друго освен транспарентни. И покрај резервите од 5 милијарди долари, тој не ги искористи средствата за да придонесе кон развојот на фудбалот. УЕФА веднаш ќе започне соработка со партнери ширум светот за да предложи нов начин на трошење на ресурсите. Мораме да почнеме да ги користиме парите од сметката на ФИФА за соодветни инвестиции во 211-те земји-членки на ФИФА. Не мораме да го распродаваме семејното сребро за да го платиме тоа. Ова е победа за целиот спорт. Но, приказната не смее да запре тука. Предлогот беше отфрлен, но трансформацијата на ФИФА штотуку започна“, се наведува во опширното соопштение на УЕФА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фан Шоп на ФК „Пелистер“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски го посети новоотворениот Фан Шоп на ФК „Пелистер“.

Фан Шоп на ФК „Пелистер“

„Вчера со голема љубопитност и задоволство го посетив официјалниот Фан Шоп на ФК „Пелистер“ сместен во стадионот „Петар Милошевски“.

Бев речиси меѓу првите кој си купи дрес и заедно со останатите фанови кои го посетија испишавме историја.

За првпат во 81 година постоење, ФК „Пелистер“ го отвори својот официјален Фан Шоп.

Од управата на клубот рекоа дека ова е само почеток на една нова приказна која ќе ја градиме заедно“, вели градоначалникот на Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар

Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата, објави на својот профил на Фејсбук, вицепремиерот Александар Николовски. 

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар

Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија

Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина.

Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца.

Драго ми е што оваа политика продолжува и што денеска во Дебар можеме да видиме семејства кои ќе започнат ново животно поглавје во сопствен дом

Во Општина Дебар се реализираат 22 инфраструктурни проекти, кои значително ќе придонесат за подобар квалитет на живот и локален развој. Еден од нив е и булеварот кој ќе ја поврзе оваа станбена зграда. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и да инвестираме во проекти што носат подобри услови за живот за сите граѓани, стои во објавата на Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер