Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски
2Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски
БалканСпроведена е истрага на местото на урнатиот мост на ГП ГрадишкаПолициски службеници од Полициската управа Градишка денес, во присуство на Републичкиот сообраќаен инспектор и градежен експерт, извршија истрага на лице место за уривањето на пешачката патека на мостот во Градишка.Во полициското соопштение се наведува дека уривањето на дел од мостовата конструкција се случило синоќа во 1 часот по полноќ. За инцидентот е известен дежурниот обвинител во Окружното јавно обвинителство на Бања Лука, кој изјави дека по завршувањето на случајот ќе биде доставен извештај за преземените мерки и дејствија. Сообраќајот на мостот е целосно прекинат за сите учесници, како и на улицата Обала Војводе Степе во близина на мостот и на улицата Видовданска, под мостот. „За безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Полициската управа Градишка апелира до сите возачи и пешаци да користат алтернативни патишта за време на траењето на прекинот“, се наведува во соопштението.Тагови: ГП Градишка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид е пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“Во Охрид денеска е пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.На отворањето присуствува премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Реконструкцијата опфати проширување на патничкиот терминал за 30 до 40 проценти, проширување на капацитетот на шалтерите за патници и багаж за 100 метри квадратни, проширување на зоната за безбедносна контрола на патници и багаж, проширување на административната зграда од 290 метри квадратни на 700 метри квадратни, нов ресторан-кафетерија за вработените, нови канцеларии за Граничната полиција, Царинската управа и паркинг за вработените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОрден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор ЧемерскиПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод празникот упати честитка до граѓаните во која порача дека независноста не е завршено минато, туку трајна обврска на секоја генерација да ја чува, гради и надградува државата.Претседателката и собраниска делегација утринава положија цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, на претседателот Борис Трајковски и на на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев. Сиљановска - Давкова им доделии орден „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДва бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)Рачни гранати беа фрлени денеска на две локации во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека нема повредени.Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната беше фрлена во продавница за здрава храна во Ахарнон, а наводно во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач со сириско потекло, објави „Прото тема“. 💥 Νύχτα τρόμου στο κέντρο της Αθήνας – Δύο εκρήξεις μέσα σε λίγα λεπτά Συναγερμός σήμανε τα ξημερώματα μετά από επιθέσεις σε δύο καταστήματα σε Ομόνοια και πλατεία Αμερικής. Στην πρώτη περίπτωση, άγνωστος έσπασε την τζαμαρία καφετέριας στην Αχαρνών και στη συνέχεια πέταξε… pic.twitter.com/COuvqV0efM — in.gr/news (@in_gr) September 8, 2026 Вториот напад се случил во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантелејмонас, кога непознат напаѓач фрлил експлозивна направа во наргиле бар во сопственост на Сириец. Μπαράζ επιθέσεων σε καταστήματα στο κέντρο της Αθήνας: «Γυαλιά καρφιά» έγινε η τζαμαρία καφέ - Άγνωστος την έσπασε με μεταλλικό φρεάτιο και μετά έριξε εκρηκτικό μηχανισμό Βίντεο: Γιάννης Κέμμος pic.twitter.com/rbqZNqHMvC — Flash.gr (@flashgrofficial) September 8, 2026 Полицијата е на местото на настанот. Снимки од продавницата и барот по експлозиите се појавија и на социјалните мрежи.Тагови: Атина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12