Спринтерките од Јамајка ги освоија сите три медали во трката на 100 метри - Канал 5

Спринтерките од Јамајка ги освоија сите три медали во трката на 100 метри

Атлетичарката од Јамајка, Елејн Томпсон-Херах (29) ја одбрани титулата олимписка победничка на трката на 100 метри на Олимписките игри во Токио, го истрча вториот најдобар резултат на сите времиња со 10,61 секунда.

Спринтерките од Јамајка ги освоија сите три медали во трката на 100 метри

Томпсон-Хера освои злато и на 100 и на 200 метри пред пет години во Рио де Жанеиро, а покажа дека во Токио дошла во уште подобра форма во првата дисциплина во која се натпреваруваше.

Во финалето, таа славеше со 13 стотинки подобро време од нејзината искусна сонародничка Шели-Ен Фрејзер-Прајс (34), која освои злато на 100 метри во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година, додека бронзениот медал и припадна на Јамајка благодарение на Шерики Џексон која во финалето истрча 10,76.

Времето на Томпсон-Хера е вториот најдобар резултат на сите времиња на 100 метри, само Американката Флоренс Грифит-Џојнер истрча побрзо, 10,49 во јули 1988 година, а Јамајканката исто така го сруши олимпискиот рекорд на Грифит-Џојнер поставен во 1988 година во Сеул со подобро време за стотината од секунда..

Доминацијата на јамајканските спринтерки во финалето го покажува и фактот дека четвртата Ајварија Мари-Хозе Та Лу заостанала 15 стотинки зад третата Џексон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај Ласкарци, несреќа во која загинаа 16 лица, изјави:

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

„Па видете, тоа се рецитиви и остатоци, мал дел од претходната Влада на СДСМ и ДУИ. И тоа е последниот обид за заштита на таа Влада и на луѓето коишто беа дел од таа Влада. Гледате како грчевито се борат, ги амнестираат, таков беше случајот со модуларната болница, така е и сега со Ласкарци. Имаме триесетина жртви, имаме многу луѓе коишто имаат траен инвалидитет, но за жал тоа не е доволна причина за овие малкумина судии и обвинители да застанат на страната на правдата. Сепак тие остануваат да бидат верни слуги на тие коишто во минатото ги поставиле. И тоа е уште едно разочарување, не само за мене, туку генерално и за граѓаните.

За жал овие малкумина судии ги контаминираат сити оние чесни судии и обвинители коишто се во нашиот правосуден систем. Но добро е, кога разговарам со моите колеги од Европската Унија, еве да ги следат овие примери и да видат кога зборуваме за правосудството, со кого ние имаме работа и со кого ние во суштина имаме предизвик да се бориме. Понекогаш имам и чувство дека со ветерници се бориме, како да е сето ова Донкихотовска битка. Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода, луѓе за коишто постои основано сомневање, односно правосилна судска пресуда. И како последица на нивното работење имаме повеќе десетици мртви, како ништо да не било. Тоа за нив ништо не значи, бидејќи од тој којшто ги назначил, нивниот стопан, нивниот газда добиле таква наредба. Тоа е едно големо разочарување. Но, тука не се откажуваме и нема да очајуваме. Ќе продолжиме да се бориме, правдата мора на крај да победи и ќе победи.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независноста

Уште еднаш се потврди, арамијата Мицкоски штом отвори уста - ги лаже граѓаните.

Кузеска: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независноста

Дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Тоа вчера сите го видоа.

Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски, за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари.

Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говорат од самиот почеток.

Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што.

Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски сега треба да излезе и јавно да објави каде завршија парите на граѓаните.

Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми?

Како била избрана Комисијата од 3 члена во АД Лотарија која требала да одлучува за избор на фирма за прославата?

Особено што претседателот таа комисија се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите на концертот.

Врз основа на кои критериуми се договарани фирми – ќерки да добијат милиони евра народни пари преку Државна лотарија?

Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти?

Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група.

Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови.

Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари.

Филипче: СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче, посочи дека на овој начин ќе се обезбеди работниците да имаат достоинствен живот и да ги покријат основните трошоци. Филипче истакна дека сегашната минимална плата од 26.000 денари е недоволна во услови на раст на трошоците за живот, особено на цените на храната и горивата и не обезбедува ниту приближно доволно средства за достоинствен живот, особено имајќи предвид дека огромен број работници живеат со примања меѓу минималната и просечната плата.

„Во овој момент минималната плата изнесува 26.000 денари.Сметаме дека во оваа ситуација, на криза, на огромна цена на горивата, практично над 100 денари за литар гориво, за 50% зголемена цената на горивата од почетокот на оваа година, што повлече спирала на поскапување на сите продукти, најмногу на прехранбените продукти, што ја зголеми вредноста на потрошувачката кошничка, оваа минимална плата е апсолутно недоволна за добар, квалитетен достоинствен живот, пред сè, би рекол, на работниците - огромен број на работници, над 70% од работниците кои што живеат со примања помеѓу минималната и просечната плата во земјата“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче посочи дека разликата меѓу минималната плата и реалните трошоци за живот е огромна, а минималната синдикална кошничка од месец во месец се зголемува.

„Во услови кога минималната синдикална кошничка изнесува близу 70.000 денари, ако на тоа се додадат пари за закуп на стан, кирија или кредит кој што се враќа за станот, сумата стигнува 90 па и над 90.000 денари, сегашната минимална плата практично покрива само 37, односно 31 % од вкупните трошоци. 37% ако се исклучи сумата на кирија или кредит за стан и 31% од вкупните трошоци ако семејството плаќа кирија или има кредит со кој што отплаќа стан. Ниту три минимални плати не се доволни за да едно семејство да преживее“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ по трет пат предлага минималната плата да биде 600 евра, откако власта двапати го одби предлогот.

„Од оваа Влада не видовме ништо како помош да се надмине кризата, ниту една категорија на граѓани кои што живеат на работна егзистенција, социјалните случаи, семејствата кои што живеат од социјална помош, семејствата со повеќе деца, семејствата кои што имаат низок степен на образование, членовите на семејството, за жал, никој ништо не виде, никаква иницијатива, ниту пак некаква помош, некаков пакет мерки, за да им се помогне на овие семејства“, рече Филипче.

На прес - конференцијата Филипче објасни и како да се обезбедат пари за реализација на зголемувањето на минималната плата, посочувајќи дека власта треба ги намали непродуктивните и луксузни трошоци.

„Има ставки во Буџетот во кои што стои јасно назначено дека тоа се ставки за луксуз, за мебел, за автомобили, за патни трошоци, за членовите на власт. Нека ги скратат тие трошоци и ете ги парите со кои што ќе се зголеми минималната плата“, рече Филипче.

Дополнително, Филипче посочи дека втората мерка што ја предлага СДСМ и коалицијата е државата да ги субвенционира придонесите за приватните компании што ќе ги зголемат минималните плати, со што зголемувањето нема да биде дополнителен товар за работодавачите.

„Втората мерка, а тоа е субвенција за придонесите за приватните компании кои што ќе ги зголемат минималните плати и разликата во придонесот да не биде дополнителен терет на приватните компании. Значи и приватните компании да излезат во пресрет, да ги зголемат минималните плати, а разликата во придонесите која што ќе произлезе од зголемувањето на минималната плата со помош, пакет мерки, да го преземе на свој терет власта“, рече Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер