Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
2Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
МакедонијаСпречени обиди за криумчарење облека, парфеми и суплементи за миленициВо текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока. Спречени обиди за криумчарење облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици.- 636 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки се откриени од мобилен царински тим, при контрола на камион со македонски регистарски таблички натоварен со стока со потекло од Турција. Случајот е откриен при длабинска контрола на товарно моторно возило извршена во царинскиот терминал Скопје 4. - 4,32 килограми и 1.17 литри (75 пакувања) разни суплементи за домашни миленици (Multivit, Ascoraid, Petimmun Plus, Dentalcare, O2 Care Plus, Milk Thistle, Retino – A Plus, Derma Zn, Bladdercontrol и други), се откриени од мобилен царински тим при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничен премин Блаце. 20 инјекции за домашни животни ENZAPROSТ T од 50ml, се откриени од страна на Службата за мобилни скенери, при контрола на камион на влез во државата на граничен премин Табановце. Инјекциите се пронајдени на креветот во кабината на камионот. - 16 парфеми Versace, Paco Rabanne, Cacharel, Calvin Klein и други, се откриени од царински службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патни торби на турски државјанин кој допатувал со лет од Турција. Во пет случаи запленети се делови за автомобили во вкупна вредност од над 200 илјади денари откриени од царински мобилни тимови и царински службеници, од кои во два случаи во соработка со МВР. - Три комплети глава за мотор со вентили и работилка и две коленести вратила за патнички возила се откриени од страна на царински мобилен тим при контрола на автобус управуван од македонски државјанин на граничен премин Табановце. - Во два случаи мобилни тимови запленија 20 комплети употребувани алуминиумски и челични бандажи со гуми. Случаите се откриени во соработка со Министерството за внатрешни работи, по извршена контрола на камиони на патниот правец Табановце – Куманово. - Царински службеници во царинска испостава Ново Село при контрола на товарно возило и приколка пријавени за увозно царинење открија бандажи и гуми за патнички возила, кои не биле опфатени со царинските документи. - Во друг случај царинските службеници на влез на граничен премин Ново Село спречија криумчарење на 164 парчиња разна стока меѓу којашто и автоделови, облека, алати, козметика, средства за лична хигиена и друго. Непријавените производи се пронајдени во просторот за палети на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Мобилен царински тим заплени 39 комплети машки тренерки откако истите се пронајдени во патните торби на македонски државјанин, при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Богородица. Царинска управаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
ТехнологијаТелефонот наскоро би можело да ве предупреди, доколку некој ве снима со паметни очила Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB) предложи воведување технологија што ќе му овозможи на вашиот телефон да добие предупредување кога некој снима со паметни очила во близина. Предлогот е дел од поширока иницијатива на европските регулатори за спречување на тајно снимање на луѓе без нивна согласност. За разлика од мобилните телефони, паметните очила често се тешки за забележување кога камерата е вклучена. Регулаторите затоа предлагаат воведување на Bluetooth сигнали, посилни светлосни индикатори и звучни предупредувања при снимање. Некои европски земји веќе подготвуваат многу построги мерки. Норвешка планира привремено да ја забрани употребата на паметни очила на одредени јавни места, вклучувајќи паркови, плажи, музеи, трговски центри и училишта. Холандската агенција за заштита на податоци отиде дотаму што на 19 ноември препорача граѓаните да не ги купуваат уредите, наведувајќи ризици за приватноста и безбедноста на корисниците и минувачите. Мета, која учествува со 84 проценти од глобалните пратки на паметни очила, веќе го измени софтверот на своите модели Ray-Ban од втора генерација. Камерата автоматски се деактивира ако корисникот го покрие или измени индикаторот за снимање, додека физичкото отстранување трајно ја оневозможува камерата, објавува IEEE Spectrum. Европските регулатори, исто така, сакаат автоматско замаглување на лицата на минувачите, ограничувања за континуирано снимање и пренос во живо, како и обработка на чувствителни податоци директно на очилата наместо на далечински сервери. Во Германија, HateAid поднесе кривични пријави против Meta, Ray-Ban, Oakley и неколку трговци на мало, повикувајќи се на закон што забранува продажба на уреди дизајнирани за тајно снимање.Тагови: паметни очила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
СветВојската на Мјанмар нападнала училиште и свадба- загинаа десетици цивили Десетици луѓе, вклучувајќи цивили на свадба и ученици во училиште, се убиени во серија воздушни напади извршени од војската на Мјанмар низ целата земја во последните денови.Спасувачите потврдија дека најмалку 21 лице е убиено во напад врз свадбена церемонија во селото Мое Баје во јужната држава Шан денес попладне. Уште 35 лица се ранети, пишува Би-Би-Си.. Порано, завчера, најмалку 20 цивили беа убиени во напад врз селото Ин Јон во централниот регион Магвај. Владата во егзил на Мјанмар (NUG) објави дека меѓу жртвите се студенти, млади монаси и наставници. Тоа е областа каде што дејствуваат силите на отпорот. Цел на нападот вечерва беше и градот Мраук-У во западната држава Ракхине, каде што беше бомбардиран станбен кварт. Според првите информации, повеќе од 10 лица загинаа, а околу дваесет се ранети. Областа е контролирана од Армијата на Аракан (AA), една од најмоќните етнички групи што се борат против воениот режим. Воената влада на Мјанмар сè уште не ги коментирала нападите. Меѓународниот суд на правдата го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот Воздушните напади станаа почести по воениот удар во 2021 година, со кој беше соборена избраната цивилна влада предводена од Аунг Сан Су Ќи. Тој настан предизвика долготрајна граѓанска војна во земјата. Армијата редовно спроведува копнени офанзиви и ги пали селата во областите што не се под нејзина контрола, а кои ги држат владата во егзил и вооружените етнички групи. Новите напади дојдоа една недела откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот врз малцинството Рохинџа. Пресудата се однесува на воена операција од 2017 година, за време на која беа убиени илјадници луѓе, а повеќе од 700.000 беа протерани од земјата. Властите во Мјанмар потоа ги отфрлија обвинувањата за геноцид, тврдејќи дека армијата реагирала на напади од вооружени групи. Ова беше прва пресуда во историјата од меѓународен суд што ја прогласи државата за одговорна за извршување геноцид.Тагови: Мјанмар цивили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометПочина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина. Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар. Потоа натпреварот беше прекинат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter