Спречен обид за илегално преминување на државната граница - Канал 5

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Денеска (30.08.2026) околу 00:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица спречиле обид за илегално преминување на државната граница.

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

При преземање мерки и активности, од слобода е лишен М.А.(42) од Република Албанија, за кого постои сомнение дека бил водич на група од десет турски државјани, на возраст од 15 до 61 година, кои имале намера илегално да ја преминат државната граница.

М.А. е задржан во Полициската станица од општа надлежност Гевгелија, додека турските државјани се задржани во Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица и истите ќе бидат изведени пред надлежен суд, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филмски грабеж на автопат- крадат пилешко од ладилник во полна брзина (ВИДЕО)

Група од шест криминалци извршиле филмски грабеж на автопат во Египет, кога стигнале до камион што носел замрзнато пилешко и го префрлаат во зелен пикап додека возат со полна брзина.

Филмски грабеж на автопат- крадат пилешко од ладилник во полна брзина (ВИДЕО)

Грабежот го снимил мотоциклист, а снимката се појавила на интернет и привлекла внимание низ целиот свет.

Медиумите известуваат дека грабежот се случил на 25 август на пустински пат помеѓу Каиро и Исмаилија.

Според информациите од египетското Министерство за внатрешни работи, објавени од „Араб тајмс онлајн“, осомничените следеле камион-ладилник што носел замрзната храна.

Тие успеале да се приближат со полна брзина, а потоа извршиле опасен маневар - ја отвориле задната врата на камионот од хаубата на пикапот и почнале да ги вадат кутиите! Сцената им потсетила на многу гледачи на сцени од акциони филмови.

Потоа избегале, но полицијата ги идентификувала и ги лоцирала во скривалишта во Каиро и покраината Каљубија.

Кога безбедносните сили започнале операција за апсење, осомничените наводно отвориле оган. Следела престрелка во која тројца биле убиени, а тројца биле уапсени, објави „Араб тајмс онлајн“. Полицијата подоцна наводно пронашла зелен пикап, како и две автоматски пушки, пушка и украдено пилешко.

Тројцата уапсени биле предадени на јавното обвинителство и обвинети за вооружен грабеж, нелегално поседување оружје и пукање кон безбедносните сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И утре многу топло време со температура до 38 степени, наместа ќе има пороен дожд

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

И утре многу топло време со температура до 38 степени, наместа ќе има пороен дожд

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

23 Попова Шапка, 28 Крушево, 30 Маврови Анови, 31 Берово, Крива Паланка, 32 Прилеп, 34 Виница, Претор, 35 Струмица, Охрид, Битола, Штип, Тетово, 37 Скопје Петровец, Гевгелија, 38 Демир Капија, Кавадарци, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во источните делови наместа беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До крајот на денот ќе има услови за локална нестабиност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност

Жителите на штип останаа без вода поради прекин на преработката на сирова вода од хидросистемот „Злетовица“.

Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност

Од јавното претпријатие „Исар“ информираат дека филтер-станицата во Штип ја прекинала преработката на сировата вода поради екстремно зголемена матност.

Како што посочуваат од претпријатието, причина за прекинот е синоќешното невреме, поради што дошло до влошување на состојбата со сировата вода.

„Елементарната непогода во пробиштипскиот реон е единствена причина за прекинот на водоснабдувањето што ќе се случи“, наведуваат од ЈП „Исар“.

Од претпријатието апелираат до граѓаните за разбирање до стабилизирање на водоснабдувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер