Спотифај во загуба- стриминг платформата има зголемен број претплатници, но попусто - Канал 5

Спотифај во загуба- стриминг платформата има зголемен број претплатници, но попусто

Шведската компанија за стриминг Spotify објави нето загуба во вториот квартал од 2025 година и покрај растот на претплатниците што ги надмина очекувањата, додека приходите се зголемија за 10 проценти на годишно ниво на 4,19 милијарди евра.

Спотифај во загуба- стриминг платформата има зголемен број претплатници, но попусто

Ова е сигнал дека трошоците и структурата на приходите продолжуваат да го оптоваруваат билансот на состојба на компанијата, објавува Bloomberg.

Загубата на Spotify по акција за вториот квартал е 0,42 евра, што е значително под очекувањата на аналитичарите, кои предвидоа профит од 1,97 евра.

Компанијата ги наведе непланираните трошоци за даноци на плати и бенефиции како главна причина, кои ги надминаа проценките за 98 милиони евра во кварталот поради порастот на цената на акциите.

Spotify соопшти дека имала 276 милиони претплатници во вториот квартал, повеќе од очекуваните 273,2 милиони, додека бројот на месечно активни корисници достигна 696 милиони.

Во следниот квартал, компанијата очекува 281 милион премиум корисници и 710 милиони вкупно корисници.

Spotify, исто така, прогнозира дека во третиот квартал од 2025 година неговите приходи ќе се зголемат на 4,2 милијарди евра со оперативен профит од 485 милиони евра.

Оваа проекција е под пазарните очекувања - аналитичарите предвидуваат приходи од 4,48 милијарди и оперативен профит од 569,5 милиони евра.

Spotify ги зголеми инвестициите во последните месеци со желба да се натпреварува со YouTube, додава њујоршката агенција.

Покрај музичката содржина, шведската платформа сега нуди видео подкасти, музички видеа и снимки од концерти, а користи и генеративна вештачка интелигенција за креирање аудио реклами.

И покрај денешниот пад од 6,9 проценти, акциите на Spotify се во минус од почетокот на годината - со вкупен раст од 57 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Шест активни пожари, горат шуми кај Сарај, Штип и во струшко

Продолжува борбата со пожарите низ државата.

Ангелов: Шест активни пожари, горат шуми кај Сарај, Штип и во струшко

Гори на неколку локации, а најкритично е во штипско и во струшкиот регион.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Излезот за превозниците е на повидок - билатерални договори за долг престој на превозниците

Решението за македонските превозници е веќе на повидок.

Николоски: Излезот за превозниците е на повидок - билатерални договори за долг престој на превозниците

Решението за македонските превозници е веќе на повидок а тоа се билатералните договори со земји членки на Европската унија кои ќе им издаваат долгорочни визи, вели министерот за транспорт Александар Николоски за проблемот со престојот на професионалните возачи на кои им се потребни повеќе од 90 дена во 180 дневен период во Шенген зоната. Според Николоски, состанокот кој вчера се оддржа во Брисел меѓу Комисијата и претставниците на превозниците од Западен Балкан, го потврдил ова решение како единствено.

-Решението на ова прашање е во две насоки – Европската унија во својата нова визна стратегија ги препозна превозниците како професионалци, и второ дека единственото решение се билатерални договори за долгорочни работни визи кои што ние веќе ги имаме склучено и ги склучуваме и тоа е единственото можно решение. // Решението веќе го имаме на повидок имајќи в предвид дека со неколку држави вакви долгорочни визи веќе се издаваат и ги користат нашите превозници. - Александар Николовски, вицепремиер и министер за транспорт

Иако остануваме отворени за разговор за тоа што може да се направи во рамките на нашите правила, мора да биде јасно дека правилата на Шенген и понатаму ќе се применуваат – изјави вчера портпаролот на Европската комисија во врска со состанокот со превозниците.

-Тука се применуваат и национални правила и постоечки билатерални договори, па затоа постојат можности за изнаоѓање прагматични решенија во рамките на тековните правила на Шенген, на пример, преку поднесување барања за долгорочни визи и дозволи за престој, или, во одредени ограничени случаи, преку третирање на возачите како прекугранични работници. Сепак, истовремено е важно да се нагласи дека системот за влез/излез не воведува никакви нови правила, ниту нови барања во однос на времетраењето на краткорочните престои во Шенген-зоната. Тоа останува непроменето.- Маркус Ламерт, портпарол на Европска комисија

Со предупредувачки протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје овој понеделник, превозниците најавија и можна блокада на границите доколку нивниот проблем, како што велат, не се реши во целост, а клучното во нивното барање е наместо во денови престојот да им се брои во часови. Од Макамтранс денеска не беа достапни за коментар, дали планираат да ги блокираат границите и по оддржаниот состанок во Брисел.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Може ли и како да се спречи негативниот демографиски тренд во државата?

Има ли начин да се спречи негативниот тренд на наталитетот во Македонија?

Може ли и како да се спречи негативниот демографиски тренд во државата?

Националниот координатор за демографија, Влатко Ѓорчев, за Канал 5 вели дека од програмата за четиригодишниот мандат до 2028ма веќе има мерки кои во сила, како бесплатните ин-витро оплодувања и еднократна финансиска помош за новороденчиња, а уверува дека работат и на мерки за помош на мајките и за младите брачни парови при купување нов дом. Според Ѓорчев во падот на наталитетот имаат улога повеќе фактори, и според него за проширување на семејството клучна е желбата, бидејќи статистиката покажала и најразвиените држави се соочуваат со истиот проблем.

„ Сакаме во наредниот период да помогнеме особено во делот на домувањето, затоа што навистина во делот на станбеното прашање треба да се направи повеќе и воедно други програми коишто ќе значат поддршка за мајките и семејствата. / Финаска има 20, 30% помал наталитет од Македонија , Германија 20%, Канада 30% помал наталитет од Македонија, Сингапур и Јапонија имаат 40, 50% помал наталитет, а имаат бдп и плати многу поголеми одошто ние. Значи се работи за комбинација од фактори, но она што е важно и клучно желбата да се има дете, желбата да се има семејство. “-Влатко Ѓорчев – национален координатор за демографија

Според дел од социолозите, еден од главните фактори се финансиите и несигурноста кај младите дека можат да им обезбедат стабилна иднина на своите деца, па затоа многу често се одлучуваат да имаат само едно дете. Универзитетскиот професор Иван Анастасовски смета дека фокусот не треба да е само на еднократната помош, туку државата да ги лоцира причинителите и да изгради силна стратегија која нема да ги оттурнува младите да бараат подобар живот надвор од Македонија.

„ Финансиите се првиот фактор кој влијае за вие да одгледате едно детенце, да го донесете на свет и да го подигнете. Многу е коректно и одговорно секоја држава да има политика која ќе го стимулира на некој начин наталитетот, но знаете како, не е само да ви дадам еднократно парични средства. Еднократните или месечните од 10 илјади денари, 15 илјади денари, нема да ви го покријат стравот кој го имате кај себе како родители дека вашите деца ќе имаат овде сигурна иднина. Ако системот се обиде да ја преземе понатаму грижата за младите луѓе да ги растерети родителите од тој момент да бидат психички постабилни дека нивните деца ќе имаат иднина овде во државата, може да очекуваме дека ќе се подобрува состојбата со наталитетот.“- Иван Анастасовски – универзитетски професор

Според податоците од статистика, има 32,8 отсто пад на бројката на родени деца споредбено со пред 11 години. Во 2014 имало 23.596 новороденчиња, а во 2025 борјот пданл на 15.850.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер