Спортско срце со преден погон, дебитираше новото „BMW 128ti“ - Канал 5

Спортско срце со преден погон, дебитираше новото „BMW 128ti“

Баварците го претставија новиот „хот хеч“ во рангот на Голф „GTI“.

Спортско срце со преден погон, дебитираше новото „BMW 128ti“

„BMW 128ti “ во гамата на новата Серија 1 ќе ја заземе позицијата под моделот „M135i xDrive“.

За разлика од „M135i xDrive“,„128ti“ има околу 40 коњски сили помалку, но погонот е само на предните тркала,што не им се допаѓа на тврдокорните љубители на „BMW“.

Под хаубата се наоѓа 4 цилиндарски 2.0 литарски турбо-бенински мотор кој произведува 265 коњски сили. Поврзан е со 8 степен автоматски менувал, кој на овој автомобил му овозможува да развие од 0 до 100 км/ч за вкупно 5,1 секунди.

„BMW128ti“ има и други спортски адути, вклучувајќи и „M Sport“ суспензија, нема „xDrive“ погон и е за 80 килограми полесен од „M135i“.

Тука се и „M Sport“ сопирачки и стандардните алуминиумски бандажи од 18 инчи со спортски Мишелин гуми.

„BMW128ti“ од регуларната верзија на Серија 1 се разликува по специјалните стилски додатоци на каросеријата и црвените детали кои го комплетираат спортскиот имиџ на овој автомобил, а сличен рецепт е применет и во внатрешноста на возилото.

Овој автомобил во продажните салони ќе пристигне во ноември, а во Германија ќе чини од 41.574 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФЗОМ: Од утре 26 август, myfortic без доплата – завршени сите постапки за пациентите со трансплантирани органи

Пациентите со трансплантирани органи од утре, 26 август 2026 година,  ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 mg и 360 mg без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување.

ФЗОМ: Од утре 26 август, myfortic без доплата – завршени сите постапки за пациентите со трансплантирани органи

Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени се измените во Шифрарникот на лекови, а договорните аптеки се известени за новиот начин на издавање.

Со тоа, од утре пациентите повеќе нема да доплаќаат 615 денари за Myfortic од 180 mg и 1.439 денари за Myfortic од 360 mg.

Станува збор за терапија од особено значење за пациентите со трансплантирани органи, која се користи долгорочно и за која континуираната достапност е од исклучителна важност.

Фондот реагираше откако беше известен дека алтернативните лекови без доплата во моментот не се достапни на домашниот пазар поради производно-технички причини. Наместо финансискиот товар од таквата состојба да падне врз пациентите, беше обезбедено решение со кое достапниот оригинаторен лек Myfortic се обезбедува без доплата.

По иницијатива на директорот на Фондот, м-р Златко Перински, ова прашање беше поставено меѓу приоритетите, а во координација со Министерството за здравство и стручните служби на Фондот, решението е спроведено во целост и веќе може да се применува во аптеките.

Придобивката е двојна – пациентите добиваат континуирана терапија без дополнителен трошок, а истовремено се зачувува ефектот од претходно постигнатото намалување на цената на лекот.

Цената на Myfortic од 180 mg е намалена за 291 денар, а на Myfortic од 360 mg за 2.012 денари. Благодарение на намалените цени, проектираната заштеда за Фондот само за втората половина од 2026 година изнесува околу еден милион денари.

Ова е конкретен пример како рационалното управување со средствата од здравствениот буџет може истовремено да донесе поголема заштита за пациентите: терапија без доплата за осигурениците и понизок трошок за Фондот.

Фондот за здравствено осигурување ќе продолжи да ги следи состојбите на пазарот и да реагира таму каде што е потребно, со цел придобивките од Позитивната листа и конкуренцијата меѓу лековите да стигнат таму каде што се најважни – директно до пациентите.

Со почит,

ФЗОМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: Целна експертиза и институционална одговорност за побрзо спроведување на реформите

Министерот Сали нагласи дека надворешната експертиза не претставува замена за институционалната одговорност.

Сали: Целна експертиза и институционална одговорност за побрзо спроведување на реформите

Денеска, во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања, се одржа презентација на Strategic Priorities Expertise Facility (PREF), механизам предложен од Обединетите нации за обезбедување брза и целна експертска поддршка на институциите одговорни за спроведување на реформите.

На отворањето на настанот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, изрази благодарност до Обединетите нации за континуираното партнерство и ја нагласи важноста на овој механизам во период кога институциите паралелно работат на спроведување и планирање на реформите кои треба да дадат конкретни и мерливи резултати.

„Спроведувањето на обврските од Реформската агенда ќе го определи не само темпото на нашиот напредок во рамки на Инструментот за реформи и раст, туку и квалитетот и кредибилитетот на поширокиот процес на европска интеграција. Затоа, кон секој реформски чекор мора да пристапиме сериозно, со професионална одговорност и силен фокус на резултатите“, истакна Сали.

PREF има за цел да им овозможи на институциите брз и структуриран пристап до претходно проверени домашни и меѓународни експерти. Соодветната експертиза може да биде идентификувана во рок од десет работни дена по одобрувањето на барањето, со што институциите ќе можат навремено да добијат целна поддршка за подготовка на сложено законодавство, проценки на влијание, патокази и стратегии, како и за зајакнување на институционалните капацитети.

Министерот Сали нагласи дека надворешната експертиза не претставува замена за институционалната одговорност.

„Надворешните експерти можат да обезбедат знаење, анализи и технички решенија, но приоритетите мора да ги дефинираме ние, процесот мора да го водиме ние, а конечните резултати мора да бидат наша сопственост и наша одговорност за нивното спроведување.“

Институциите беа повикани внимателно да ги разгледаат чекорите од Реформската агенда за кои се надлежни и да ги идентификуваат областите каде специјализираната експертска поддршка може директно да го забрза спроведувањето, да помогне во надминување на техничките пречки и во исполнување на договорените рокови.

Министерството за европски прашања ќе продолжи да им дава поддршка на институциите во текот на процесот и да ја обезбедува потребната координација со Обединетите нации.

„Успехот на Реформската агенда нема да се мери според бројот на планови што ќе ги усвоиме или состаноци што ќе ги организираме, туку според тоа дали реформите се завршуваат навреме, дали институциите функционираат подобро, дали граѓаните и бизнисите гледаат конкретни подобрувања и дали нашата земја се приближува кон полноправно членство во Европската Унија“, порача Сали.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа.

Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите.

Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче.

Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка.

Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал.

Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер