МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата
2МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
АвтомобилизамСпортски автомобил вози на струја, а се полни за само шест минути (ВИДЕО)Сличноста со спортскиот Lotus е намерна, но приказната не застанува само на дизајнот.Зад дизајнот на овој атрактивен електричен автомобил стои Џулијан Томсом, автор кој во својот опус го има Lotus Elises. Сосема доволно за автомобил чија основна цел е да промовира нова технологија. А зад технологијата претставена од Nyobolt, акцент е ставен на елиминирање на еден од најголемите недостатоци, а тоа е долготрајното полнење на батеријата. Батеријата има капацитет од скромни 35 kWh, но тоа е доволно за опсег до 250 km. Сепак, најдоброто нешто е што батеријата се полни за точно 6 минути. И така 2000 пати без забележливо намалување на капацитетот, велат од Најболт. Со цел да ја направат новата технологија интересна, тие го ангажираа Томсон, кој го дизајнираше Elise уште во 1994 година. Сега тој ја спакува новата технологија во сличен дизајн. Nybolt EV е далеку од реплика, па освен што е направен од карбон, овој автомобил е 100 mm поширок и 150 mm подолг од оригиналот. И монтиран е на бандажи од 19 инчи. Дополнителна атрактивност е можноста за отстранување на покривните панели, а автомобилот доби камери и тип 2 конектор за полнење скриен во полначот Б. Масата на автомобилот наводно не надминува 1000 кг. „Технологијата на Nyobolt му овозможува на овој автомобил да ги оправда сите епитети што го направија оригиналниот Elise толку посакуван автомобил за возач со лојални следбеници, но тој е електричен. Овие две работи обично не одат рака под рака поради ограничувањата на тежината и батериите.“ вели Алек Џонс од Калум. Интересно, ова не е прв пат Lotus да се користи како основа за промовирање на напредни електрични погони. Сега малку заборавениот прв модел на Tesla, оригиналниот Roadster, ја користеше основата на Lotus. Саи Шиварди, извршен директор на Nyobolt, рече: „Отклучувањето на предизвиците со кои се соочуваат дизајнерите на електрични возила беше клучно за развојот на нашите револуционерни батерии за брзо полнење. Овозможувањето на лесно возило со брзо полнење не беше можно без да се загрози неговиот животен век, така што се потпиравме на скапи и големи батерии во возилото. Со нашата уникатна технологија, постигнавме автомобил кој се полни за шест минути и развивме помали батерии кои можат да испорачаат повеќе енергија и полнење за помалку време.“ Од компанијата велат дека технологијата е готова и ќе биде во производство следната година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаОпштина Битола: Нов паркинг простор во центарот на градотИзградбата на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“ влегуваат во завршна фаза. Денес се асфалтираше и на оваа локација, а станува збор за површина од 1100 м2. Новиот паркинг простор ќе обезбеди 25 паркинг места, согласно проектот ќе има и улично осветлување, а изведена беше и атмосферска канализација. Со ова Битола добива уште еден паркинг простор во центарот на градот. Вкупната сума на средства кои што ги обезбеди општината од својот буџет изнесува 2.752.772 денари. И на неколку други локации се работи на новите паркинг места во градот, што е заложба на општината за подобрување на состојбата со сообраќајот во централното градско подрачје. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијатаДенеска (06.08.2026) во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност и Министерството за финансии – Биро за јавни набавки.Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска. Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната институционална соработка, со цел зголемување на ефикасноста во размената на податоци по електронски пат, организирање континуирани обуки, како и развивање други форми на соработка од делокругот на работењето на Бирото за јавна безбедност и Бирото за јавни набавки. Меморандумот ги уредува и начините на остварување координација и меѓусебна соработка во областа на спречувањето и сузбивањето на корупцијата и криминалот поврзани со јавните набавки, преку поефикасна размена на информации и заеднички активности во рамките на законските надлежности на двете институции. Со оваа соработка двете институции ја потврдуваат својата заедничка заложба за зајакнување на институционалните капацитети, транспарентноста и интегритетот во системот на јавните набавки, како и за поефикасна борба против корупцијата и криминалот во оваа област.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФерати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот патМинистерот Агон Ферати денеска ја прими германската амбасадорка во Северна Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер. На средбата беа разгледани заедничките приоритети за унапредување на процесите што поттикнуваат инклузивност, еднакви можности, меѓусебна доверба и изградба на поинклузивно и поодржливо општество. Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформите и политичката посветеност како клучни фактори на патот кон интеграцијата на земјата во Европската Унија. Министерот ја информираше амбасадорката за годишната програма на Министерството за односи меѓу заедниците и за планираните активности кои имаат цел директно да придонесат за зајакнување на општествената кохезија, промовирање на дијалогот и јакнење на довербата меѓу етничките заедници. Во таа насока беше нагласена потребата од продолжување на заедничките институционални напори за создавање стабилна клима на соработка и меѓусебно разбирање. На средбата се разговараше и за идните проекти и можностите за реализација на нови иницијативи од заеднички интерес. Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во консултативните процеси при изработката на стратегиите, како и при спроведувањето на различните активности на Министерството, со цел нивниот глас и перспектива да бидат составен дел од идните политики и проекти што придонесуваат за развојот на општеството и приближувањето кон Европската Унија. Прес служба на кабинетот на министерот за односи меѓу заедницитеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook