Според познавачите загрижува оценката за немање напредок во правосудството во последниот извештај на ЕК - Канал 5

Според познавачите загрижува оценката за немање напредок во правосудството во последниот извештај на ЕК

Без значителен напредок, но со сериозна загриженост поради оценката дека нема резултати во делот на правосудството и борбата против корупцијата –- вака дел од познавачите го оценуваат најновиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија. 

Според познавачите загрижува оценката за немање напредок во правосудството во последниот извештај на ЕК

Според Симонида Кацарска, извештајот не се разликува премногу од претходните особено што законите за правосудството кои се дел од реформската агенда се уште не се донесени. Усогласеноста на земјава со европското законодавство пак, вели не е изненадување бидејќи Македонија низ годините има добро досие на тоа поле. На иста линија и државниот советник за европски политики Драган Тилев кој вели дека извештајот не отскокнува во однос на претходните години.

-Има повторување на забелешките, генерално извештајот не е нешто многу поразличен од изминатите години, па и подолго. / Загрижува оценката дека нема напредок во правосудството, тоа не треба да не изненади со оглед на тоа што повеќе од година дена говориме за пакетот закони кои се дел од реформската агенда, а кои се уште не се донесени. И доста слабо е оценета борбата против корупцијата. - Симонида Кацарска – ЕПИ.

-Не можам да кажам дека овој извештај нешто отскокнува во плус или во минус од претходните извештаи, особено во претходните неколку години. / Очигледно е дека се издвојуваат Црна Гора и Албанија би рекол технички кореткно, но се издвојуваат од ЕУ и Украина и Молдавија би рекол повеќе политички. Ние сме би рекол со групата со Србија. - Драган Тилев – Државен советник за европски политики.

Според Тилев пораката од Брисел и еврокомесарката Кос која земјава ја смести во групата со Србија, БиХ и Косово е политичка. Сличен став има и Кацарска која оценува дека иако пораката е насочена за уставните измени, сепак треба да предизвика загриженост, особено имајќи ги предвид чекорите што Албанија и Црна Гора ги прават на патот кон полноправно членство.

-Апсолутно пораката беше дека без уставните измени не сте во таа прва група, но мислам дека покрај таа порака која е политичка, овој извештај треба да не загрижи и на техничко ниво, не само поради групирањето, но има држави како Црна Гора и Албанија кои имаат направено и технички исчекори кои кај нас ги нема. - Симонида Кацарска – ЕПИ.

-Пораката е политичка, политичка порака. Значи оние држави кои ја следат политичката агенда која се трасира од ЕУ, а тоа евидентно го правеше Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија се со позитивни политички пораки. Кај нас повеќе пати е наведено дека земјата треба да направи дополнителен напор за да го преброди или да го премости оној политички проблем кој го имаме а кој на сите ни е добро познат,- - Драган Тилев – Државен советник за европски политики.

Македонија при презентацијата на извештајот од еврокомесарката Кос доби пофалби за усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на Унијата, но и потстеување на незавршените обврски во однос на уставните измени. Дополнително, беше нотирана потребата од натамошен напредок во сферата на судството и борбата против корупцијата каде беше оценето дека нема напредок. Токму во контекст на корупцијата беше наведена и трагедијата во Кочани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби

Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.

Петмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски.

Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс.

Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи.

Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром: 400 тони отпад транспортирани во „Дрисла“ за само два месеца

Општина Аеродром во текот на септември и октомври отстрани и дистрибуираше до депонијата „Дрисла“ 400 тони мешан отпад.

Општина Аеродром: 400 тони отпад транспортирани во „Дрисла“ за само два месеца

Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен, отстранувајќи кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини.

На располагање на граѓаните е услугата на Јaвното претпријатие на Општина Аеродром, за подигање отпад директно од нивните домови и негов правилен и безбеден транспорт до „Дрисла“ за симболичен надоместок.

Работиме за почист Аеродром, но чистата животна средина е заедничка одговорност. Да не создаваме диви депонии, да ги користиме достапните услуги и да го чуваме местото во кое живееме.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снимка на Вучиќ ги запали мрежите- пијан пее и се забавува, па наеднаш се смрачува (ВИДЕО)

Александар Вучиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со видеа од ноќно излегување во еден белградски ресторан. 

Снимка на Вучиќ ги запали мрежите- пијан пее и се забавува, па наеднаш се смрачува (ВИДЕО)

Иако во текот на вечерта пееше и се забавуваше со толпата, на социјалните мрежи особено се прошири видео во кое неговото расположение, барем очигледно, наеднаш се промени, објави Индекс.

Вучиќ вечерта ја помина во белградскиот ресторан Саванова, познат и како „Ќаци бар“, каде беше организирано неформално дружење на кое, меѓу другите, се собраа и главниот уредник на Информер Драган Ј.Вучиќевиќ и Ана Брнабиќ.

Пее песна на Оливер Драгојевиќ

Вучиќ на социјалните мрежи објави видеа од собирот, а на нив може да се види како пее, разговара со публиката и ужива во весела атмосфера. Во текот на вечерта беше испеана и песната на Оливер Драгојевиќ „A sad adio“.

Но, додека некои го коментираа неговиот настап и доброто расположение, други се прашуваа дали тој испил уште неколку пијачки во текот на вечерта. „Дали е пијан? праша еден корисник на социјалните мрежи.

„Пијан како кафеана пее „Тажно адио“, усните му се поцрнети од виното. Катастрофа што личи на човек кој ја водел оваа земја 14 години“, напишал друг корисник.

Од песна и радост до празни погледи

Посебно внимание привлече видеото што го сподели новинската агенција NEXTA. На него се гледа како Вучиќ по учеството на веселбите во еден момент молчи и замислено гледа пред него.

Ненадејната промена на изразот на лицето не остана незабележана од корисниците на социјалните мрежи, кои набрзо почнаа да го споделуваат видеото со бројни хумористични коментари. NEXTA се пошегува дека поранешниот српски претседател изгледа како само да се сетил на изборните резултати.

„Филмот на Кустурица“, „Мамо, дојди земи ме“...

Видеото набрзо стана повод за низа шеги и споредби, а многумина конкретно се осврнаа на замислениот израз на лицето на Вучиќ во разиграната атмосфера.

„Филмот на Кустурица“, кратко коментираше еден корисник, а друг напиша: „Кога ќе ми кажат да појадувам попара во градинка“.

Некои ја споредија сцената со текстот на песната: „Насекаде околу мене, луѓе, жени... и јас сум како пуст остров“, додека еден корисник едноставно рече: „Мамо, дојди земи ме“.

Споредбата со личност која се обидува да покаже колку се забавува на социјалните мрежи по раскинувањето стана особено широко распространета.

„Овој човек како лик кој објавува приказни по раскинувањето покажувајќи дека сето тоа одлично го сфатил и дека, иако заедничките пријатели се на нејзина страна, тој има и тим со кој може да поминува време во градот“, стои во еден од коментарите.

Меѓу реакциите имаше и кратка порака: „Еден човек никогаш немал среќа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер