ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
1ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
БалканСпоред Фон дер Лајен, Србија и Косово треба да го прифатат европскиот план за нормализација Србија и Косово треба да го прифатат планот на ЕУ за нормализација на односите, кој е клучен за стабилноста на целиот регион, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.- Постои план на Европската унија за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Мислам дека тоа е можност за двете страни да го искористат моментот бидејќи нормализацијата е клучна за безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот“, рече Фон дер Лајен во разговор со дописниците од новинските агенции кои учествуваат во заедничката европска редакција (ENR). Последна средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ се одржa на 27 февруари. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, во средата изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти го прифатиле предложениот договор и дека следат преговори за негова имплементација.Во текстот на Спогодбата се наведува дека двете страни ќе развиваат „нормални, добрососедски односи засновани на еднакви права“, дека „меѓусебно ќе ги признаат документите и националните симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински печати“. Следната средба меѓу Вучиќ и Курти ќе се одржи на 18 март во Охрид, во присуство на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и специјалниот пратеник за Западен Балкан Мирослав Лајчак. Европската страна очекува договор за планот за спроведување на основната Спогодба за нормализација или барем значителен напредок. - Се надевам дека двете страни ќе бидат многу конструктивни во претстојните разговори, рече Фон дер Лајен. На прашањето дали ќе има последици доколку преговорите во Охрид не бидат успешни, Фон дер Лајен рече дека „прво треба да се преговара, па дури потоа да се погледне резултатот“. Таа рече дека рускиот напад врз Украина ја истакна новата стратешка важност на процесот на проширување на Европската Унија. - Војната во Украина ја истакна новата стратешка важност на проширувањето. Сакаме да ги приближиме нашите партнери од Западен Балкан што е можно побрзо до Европската Унија, истакна претседателката на Еврокомисијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банкаСДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции? Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство. Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија. Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси. И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси. Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари. Има голема разлика, не сме сите исти. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter