Споменик на Меси пред „Камп Ноу“ - Канал 5

Споменик на Меси пред „Камп Ноу“

 Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави синоќа дека клубот планира да постави статуа на Лионел Меси пред реновираниот стадион „Камп Ноу“ за да му оддаде почит на својот најдобар стрелец на сите времиња.

Споменик на Меси пред „Камп Ноу“

Триесетиосумгодишниот Меси, кој настапува за Интер Мајами, претходно оваа недела го посети стадионот на Барселона за прв пат по неговото заминување во 2021 година, а по тој повод испрати порака на социјалните мрежи дека се надева оти еден ден ќе се врати и тоа не само да се збогува како играч.

„Меси секогаш ќе биде поврзан со Барселона и знае дека вратата е отворена за него. Имаме целосна почит кон него и тој заслужува најголема почит. Тој треба да има своја статуа пред „Камп Ноу“, како Јохан Кројф и Ласло Кубала. Станува збор за икона и фудбалер кој остави свој белег на секој од нас. Разговаравме за тоа и неговото семејство мора да се согласи, и знам дека сите навивачи на Барса би го сакале тоа“, рече Лапорта.

Меси пристигна во Барселона како 13-годишно момче и помина 21 година во клубот. Аргентинецот со каталонскиот клуб освои десет шпански титули и четири во Лигата на шампиони, постигнувајќи 672 голови во 778 настапи.

Култниот стадион „Камп Ноу“ во Барселона е во реновирање речиси две и пол години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнува изградбата на ветерен парк во Штип

За три години треба да биде готов ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип.

Започнува изградбата на ветерен парк во Штип

Ќе содржи вкупно 54 ветерни електрани и ќе биде најголем во регионот. Според најавите ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства и ќе донесе околку 300 нови вработувања. Целата инвестиција за неговата изградба изнесува 500 милиони евра..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски

Нула денари од државниот буџет за големите музички спектакли за 35 годишнината од незваисноста ова лето – тврди премиерот Христијан Мицкоски.

Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски

Според него, сите настани, вклучително и вчерашниот настап на светскиот диџеј Дејвид Гета, биле организирани од општествено одговорни компании, без да се одвојуваат буџетски средства.

„Имам лоша вест за сите кои лиферуваа лажни информации. Тоа е дека буџетот овие настани го чинеа нула денари. Може да проверите. Сè е организирано од општествено одговорни компании. Секој денар буџетски пари се троши на транспарентен начин.“ – Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Кулминацијата на прославата на 8 септември беше синоќа на преполниот стадион „Тоше Проески“. Неколку десетии илјади луѓе два часа уживаа во импресивното шоу на Гета, кој допатува директно од Ибица. Спектаклот не беше само музички – Гета на сцената приреди вистинско аудиовизуелно шоу со ласери, пиротехника, светлосни и видеоефекти.

По шоуто со светските хитови на Гета, вечерта заврши со македонска музика и традиционални ора. Дел од публиката го продолжи славењето и пред стадионот каде ечеше „Бисер балкански“.

Од МВР информираа дека за време на концертот биле регистрирани две нарушувања на јавниот ред и мир, по што биле приведени пет лица. Сепак, од МВР оценуваат дека настанот поминал исклучително мирно од безбедносен аспект.

Со вчерашниот спектакл се заокружи прославата на 35 години независност. Претходно, караванот „Силно светнал ден“ помина низ повеќе градови, а на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно под просекот - ПИСА со аларм за македонските ученици

Екстремно лоши резултати и назадување на македонските ученици. Најновите податоци од  меѓународното оценување ПИСА 2025 повторно го вклучуваат алармот за состојбата во образованието.

Повторно под просекот - ПИСА со аларм за македонските ученици

Министерката Весна Јаневска причините ги лоцира во реформите и образовните политики од претходниот период. Посочи дека најдобри резултати македонските ученици постигнале во 2018 година, во периодот на „Кембриџ“ реформата, по што следувало назадување.

,, За жал резултатите повторно се многу лоши но сакам да потенцирам дека ова се резултати од реформите кои се претходно направени.,,

Но, реформите не се единствениот фактор. Според Јаневска, значајно влијание врз резултатите има и технологијата. Не може да се тврди дека вештачката интелигенција е главната причина, вели таа, посочувајќи дека можеби многу поголемо влијание имаат социјалните мрежи и неконтролираната употреба на мобилните телефони.

-Децата мора да се вратат и на основните навики – да се учат да читаат и пишуваат на традиционален начин. Но, технологијата не треба да се исклучи од образованието.

Истражувањето на ПИСА, покажа дека само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука, што е значително помалку во однос на развиените земји.

Наодите покажале дека само 26 отсто од учениците во Македонија го достигнуваат ниво 2 или повисоко по читање, а просекот во земјите на ОЕЦД изнесува 69 отсто. По математика, основното ниво го достигнуваат 32 отсто од учениците, наспроти 65 отсто просек во ОЕЦД, а по природни науки 36 отсто, во споредба со 74 отсто во ОЕЦД.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер