Спикерот на Порто со брутални навреди кон Роналдо и Јувентус - Канал 5

Спикерот на Порто со брутални навреди кон Роналдо и Јувентус

Скандалозно обраќање на спикерот на португалскиот фудбалски клуб Порто.

Спикерот на Порто со брутални навреди кон Роналдо и Јувентус

Саул спикерот на стадионот Драгао на кој игра португалскиот првак Порто на социјалните мрежи објавил навредлив пост за Јувентус и семејството на Кристијано Роналдо.

Во вторникот Порто го изненади италијанскиот гигант Јувентус и го елиминираше од четвртфиналето на Лигата на шампионите во продолженијата по вистинска драма во Торино.

Фернандо Саул, човекот кој работи како спикер на стадионот на Порто, Драгао јавно брутално ги навреди Роналдо и Јувентус.

-Им се одмаздивме на италијанските крадци за поразот во Базел во 1984(финале на Купот на победниците на куповите) . И се одмадивме и на таа св*ња Роналдо за се што направи на Драгао. Каква е тоа горда раса на Порто!!Чекам видео од Долорес(мајката на Кристијано) и од останатите беззаби членови на семејството, напиша Саул на Инстаграм.

Спикерот на Порто кратко по објавата го избришал својот пост и се извинил за истиот, но тоа следувало дури по бруталниот одговор од сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро.

-Ти си св*ња! Измиј си ја устата пред да почнеш да зборуваш за некого кого никогаш нема да го достигнеш, ниту во овој ниту во следните илјада животи.Ќе и дадеме малку внимание на очигледно неучената и пореметена личност. ФК Порто не е виновен за овие јадници кои на некој начин го преставуваат клубот, напишала Катја во одговорот на постот на Саул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како родителите да влијаат на изборот на кариера кај своите деца според психолозите

Веројатно, гледајќи го вашето дете, сте се запрашале што ќе прави кога ќе порасне. Додека децата се мали, можностите изгледаат бескрајни, но клучно е да сфатите и колку родителите имаат влијание врз нивните соништа, пишува Parents.com.

Како родителите да влијаат на изборот на кариера кај своите деца според психолозите

Голем дел од влијанието е несвесно

Неодамнешното истражување на Joblist покажа дека секој десетти член од генерацијата Z изјавил дека нивните родители почнале да влијаат на нивниот избор на кариера од петгодишна возраст. Дури 48% од испитаниците веруваат дека нивните родители имале силно влијание врз нивната кариера, а речиси 40% чувствувале притисок да ги следат советите на нивните родители.

Иако дел од ова влијание е намерно и директно, голем дел од нив е несвесно, објаснува Даниеле Кларк, психолог и основач на Superpower Kids, програма која ги подучува децата за животните вредности.

„Иако повеќето родители тврдат дека не се мешаат во изборот на кариера за нивните деца, истражувањата покажуваат дека децата на тоа гледаат поинаку и велат дека родителите имале значајна улога во нивните одлуки.

Факт е дека интересот на родителите, од училишниот успех до аспирациите на децата може да го обликува нивниот иден професионален пат.

Според Даниеле Кларк, постојат и негативни страни од влијанието на родителите во изборот на кариера за своето дете, а тоа е детето да не развие сопствено чувство за идентитет.

Како да ги усогласите сопствените желби со соништата на вашите деца?

Истражувањата покажаа дека речиси двајца од тројца родители се разочарани што нивното дете не ја избрало кариерата што му ја намениле.

Размислете за вашите сопствени очекувања

Пред да започнете разговор со вашето дете за избор на кариера, размислите за вашите сопствени очекувања, неисполнетите желби од детството и факторите што влијаеле на вашиот избор на кариера. Ова може да ви помогне да избегнете несвесно насочување на вашето дете во одредена насока.

Дозволете му на вашето дете да истражува

Доколку можете, изложете го вашето дете на различни активности уште од најрана возраст, така што ќе стекне различни искуства и ќе развие низа вештини. „Ако детето покаже интерес за некоја вештина и сака да продолжи да експериментира, клучно е да го поддржите бидејќи тоа би можело да се прерасне во кариера што ќе ја сака“, вели клиничкиот психолог Аура Присел.

Слушајте без осудување

Слушајте што ви кажува вашето дете за неговите интереси и работи што не ги сака без да го осудувате. Нормално е амбициите на децата да се менуваат со возраста, па затоа е важно да ги поддржите додека истражуваат нови интереси.

Кажете го вашето мислење без да го наметнувате

Родителите треба да разговараат со своите деца за можни кариери и слободно да ги изразат своите мислења, вели Присел. Проблемот, сепак, се јавува кога родителите почнуваат да ги наметнуваат своите ставови. „Ако детето избере кариера што не им се допаѓа на родителите, тие треба да ја почитуваат таа одлука. Тие можат да го изразат своето мислење, но така што нивната сугестија нема да ја претстават како единствена правилна опција“, објаснува Присел.

Направете го процесот забавен

Направете го целиот процес забавен, без да создавате притисок, и поттикнете ја љубопитноста кај децата.

„Тие мора да бидат среќни и мора да им одговара“, ми рече неодамна Клаус Ди Џована, винар од петта генерација, кога го прашаа дали неговите ќерки би го презеле семејниот бизнис. Тоа е цел кон која треба да се стреми секој родител кога станува збор за професионалниот пат на своите деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали салатата од домати и краставици предизвикува подуеност?

Салатата од домати и краставици за многумина е речиси задолжителен дел од летниот ручек.

 Дали салатата од домати и краставици предизвикува подуеност?

Сепак, преку некои портали се рашири тврдењето дека овие две намирници не треба да се јадат заедно бидејќи се варат со различна брзина, краставицата брзо поминува низ дигестивниот систем, додека доматите се задржуваат, па во комбинација наводно предизвикуваат ферментација, надуеност и болки во стомакот.

Звучи доволно убедливо да предизвика сомнеж, но добри научни докази за ваквата препорака нема. Здрава личност нема причина да ги одвојува доматите и краставиците ако нивната комбинација не ѝ предизвикува непријатност.

Желудникот не ја сортира храната според брзината на варење

За време на оброкот, храната во желудникот се меша со желудочната киселина и ензимите, и постепено преминува во тенкото црево. Брзината со која желудникот се празни не зависи само од еден прехранбен производ, туку и од целокупниот состав на оброкот, неговата количина, содржината на калории, масти, протеини, јаглехидрати и содржина на влакна, како и од здравјето на лицето.

Со други зборови, желудникот краставицата не ја испраќа на еден начин, а доматот на друг. Дигестивниот систем обработува мешани оброци секој ден, од сендвичи и супи до салати составени од повеќе состојки.

Според Американскиот националниот институт за дијабетес и дигестивни и бубрежни заболувања, мускулите на органите од дигестивниот тракт ја движат и мешаат содржината со дигестивните сокови, додека хранливите материи се разградуваат во делови што телото може да ги апсорбира. Никаде не се препорачува да се одделуваат зеленчуците според нивната наводна брзина на варење.

Дали доматите и краставиците во комбинација предизвикуваат ферментација?

Ферментацијата се случува главно во дебелото црево, каде бактериите разградуваат одредени јаглехидрати кои не се целосно сварени или апсорбирани во тенкото црево. За време на овој процес може да се појават гасови и надуеност, но тоа не значи дека секоја комбинација на храна за која се претпоставува дека се вари со различна брзина ќе предизвика ферментација.

Доматите и краставиците се богати со вода, имаат релативно малку калории и можат да бидат дел од разновидна исхрана. Универзитетот Монаш, чии експерти развија и лабораториски тестираа режим на исхрана ( FODMAP) за одредени луѓе со синдром на иритабилни црева со малку јаглехидрати, ги наведува и доматите и краставиците меѓу намирниците што може да се вклучат во соодветни порции. Во нивните предлози за оброци, двете намирници дури се појавуваат заедно во салата и сендвич.

Ова не докажува дека сите ќе ја толерираат оваа салата подеднакво добро, но јасно покажува дека нивната комбинација сама по себе не е препознаена како проблематична.

Па зошто некој има надуеност по летна салата?

Ако симптомите редовно се јавуваат по салата, тие не треба да се игнорираат. Сепак, причината не мора да биде комбинацијата од домати и краставици. Проблемот може да биде во големата количина храна, брзото јадење и голтањето воздух, но и во другите состојки на оброкот. На пример, кромидот и лукот можат да поттикнат проблеми кај луѓе со синдром на иритабилни црева поради одредени ферментирачки јаглехидрати.

Кај некои луѓе, доматите можат да ги влошат симптомите на рефлукс, додека некои индивидуално може полошо да толерираат суров зеленчук. Масните преливи, многу сирење, мајонез или многу масло, исто така, го менуваат составот на оброкот и можат да го забават празнењето на желудникот.

Надуеноста може да има многу причини, а препораките за исхрана варираат во зависност од симптомите и здравствената состојба. Затоа, не е добра идеја да се изоставуваат намирници само врз основа на правило пронајдено на Интернет.

Како да откриете што навистина ги предизвикува вашите симптоми

Доколку некое лице се сомнева во одредена храна, неколку дена може да води евиденција за тоа што јаде, колку и кога се појавиле симптомите. Доматите и краставиците можат да се пробаат поединечно, а потоа повторно заедно, без да се менуваат десет други состојки истовремено. Ова го олеснува откривањето на можната индивидуална осетливост.

Постојаната или силна подуеност, особено ако е придружена со силна болка, повраќање, крв во столицата, необјаснето губење на тежината или промени во празнењето на цревата, бара посета на лекар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер