Spice Girls најавија враќање на филм, но без една девојка

Пред две години Спајс Грлс се вратија на сцената, а сега размислуваат да се вратат и на филмските екрани.

"Девојките размислуваа за одбележување на 25-годишнината од Спајс Ворлд во 1997 година, па дојдоа до идеја да снимат продолжение. Тие разговараа со сценарист кој сега размислува за целиот проект, што значи дека го сфатија сериозно", изјави извор од филмската индустрија, пишува The Sun.

Покрај Мел Б, Мел Си, Ема Бантон, Гери Хорнер и Викторија Бекам, во оригиналниот филм играа и sвезди како Елтон Џон, Ричард Е. Грант, Мит Лоф и други, па сигурно се планираат големи имиња и за продолжението. Филмот заработи над 100 милиони долари, и покрај слабите критики.

Патем, во 2019 година, Спајс Грлс се обединија за да одржат 13 концерти на стадиони во Велика Британија и Ирска, но Пош Спајс не можеа да ја убедат.

„Повеќе сакам да се фокусирам на моето семејство и компанија“, рече тогаш таа, не приклучувајќи и се на четворката на турнејата и нејзиниот интерес за новиот филм за кој сонуваат другите четири членки на групата, е сосема неизвесен.

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

 Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден случај за обљуба врз малолетничка. Четиресет и пет годишен жител на Радовиш се сомничи дека во периодот од јануари до април во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

притисни ентер