3Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
ТехнологијаСпејс Икс одложи лансирање на вселенското летало на Месечината поради технички проблемиПланираното лансирање на вселенско летало на Месечината беше откажано на помалку од два часа пред полетувањето што требаше да се случи денеска, соопшти изведувачот на лансирањето, компанијата Спејс Икс.Спејс Икс, приватната ракетна и сателитска компанија на милијардерот Илон Маск, на платформата X соопшти дека тимот за лансирање „се откажал од обидот“ поради непостојаните температури на метанот пред леталото да се наполни со метан. Компанијата додаде дека следниот обид за лансирање на вселенско летало без екипаж е закажан за утре. Свемирското летало Одисеј, кое го изгради компанијата „Intuitive Machines“, се подготвува за мисија чија цел е да го изврши првото американско слетување на Месечината по последната мисија Аполо пред половина век. Лансирањето, исто така, ќе го означи првото патување до Месечината во рамките на програмата Артемис на НАСА, со оглед на тоа што САД имаат за цел наскоро повторно да испратат астронаути на природниот сателит на Земјата, пред Кина да го стори тоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - МенеменВо среда (14.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Изет Цури.Состојки за денешниот рецепт: 3 домати 3 пиперки 1 главица кромид 4 јајца масло сол, бибер и др.зачини по избор Прилог 2 парчиња сирење 3 парчиња потпечен леб Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сценаПретставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ. Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа. Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката. Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook