Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила
1Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила
3Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи
БалканСпецијалниот суд ја суспендира албанската вицепремиерка Балуку од должност и ѝ забрани напуштање на земјата Специјалниот суд против корупција и организиран криминал (ЃККО), денеска ѝ изрече две безбедносни мерки на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку: „суспензија од вршење на должност и функцијата“. Специјалниот суд против корупција и организиран криминал (ЃККО), денеска ѝ изрече две безбедносни мерки на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку: „суспензија од вршење на должност и функцијата“ и „забрана за напуштање на земјата“ како дел од истрагите за прекршување на еднаквоста на тендерите. -Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) на 31 октомври поднело обвинение против Балуку, за кривично дело „Повреда на рамноправноста на учесниците во јавни тендери или аукции“. Обвиненијата се однесуваат на дејствијата на министерката Балуку во врска со постапката за набавки за „Изградба на тунелот Љогара“, дел од патната делница Орикум-Химара, на автопатот Валона-Саранда, објавија медиумите. Според СПАК, предметниот тендер бил одржан на 11 декември 2020 година, додека по неговото откажување, постапката била повторно отворена на 22 јуни 2021 година, со лимитиран фонд од 18.967.810.952 леки (околу 190 милиони евра) без ДДВ. По обвиненијата на опозицијата на вчерашната пленарна седница на албанскиот Парламент, Балуку изјави дека е „отворена за истрага и дека нема да има никаква реакција додека не се разгледа случајот“. Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правилаДома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија.Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија. Овие лица кои постојано повторуваат треба да одиме во ЕУ, треба да се интегрираме во Унијата очигледно само тоа го знаат – да кажуваат зборови во празно и да слугуваат. Истите тие не можеме никако да ги слушнеме да кажат нешто паметно, освен како што кажав, повторување на празни зборови. Зошто празни зборови? Па, Филипче знае само да зборува во празно и да слугува на Бугарија и тоа, дури и кога овој наш сосед јасно ги крши дипломатските правила. Филипче не најде за сходно да го спомне фактот како Бугарија крши дипломатски правила, а не пак да го осуди чинот со објавување документ со податоци од чувствителна безбедносна природа поврзани со семејството на премиерот. Почитувани, По ова, дополнително на јавноста и станува јасен фактот дека Филипче гледа само како подобро да и слугува на официјална Софија. Филипче не го засега ништо друго освен додворувањето на официјална Софија. Филипче не го засегаат било какви напади на Македонија, дали по идентитетот, по јазикот, историјата и слично. Човекот си зацртал една цел, а тоа е да и слугува на Бугарија и на официјалната софиска политика, а самите македонски државни интереси воопшто не му се во фокусот. Целата оваа ситуација укажува на едно, дека за Македонија непристојните предизвици на патот кон ЕУ не сопираат. Затоа одбраната на државните интереси е приоритет за актуелното раководство на Македонија, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова на средба со претставници на УНЕСКОЗаштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш. Предмет на разговарот беше заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот. Претседателот и соговорниците ја информираа претседателката за јасно изразената политичка подготвеност и решеност за правни и институционални чекори, проследени со конкретни мерки. Таа укажа на потребата од поголем ангажман на експертската заедница, како и интензивирање на соработката со Република Албанија во надминувањето на заедничките проблеми. За соговорниците, заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници и упатува на меѓународно разбирање и солидарност, соопштуваат од Кабинетот..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВасилевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачиМакедонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процесСДС се однесува во јавноста како да е единствен застапник на европската перспектива на Македонија. Додека постојано зборуваат за европски вредности и стандарди, кога е потребно тие да се преточат во конкретни чекори, отсуствува нивната поддршка. Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од реформската агенда и европскиот напредок, СДС избира политички блокади и активности со кои ја нарушува сликата за сопствената држава пред меѓународната јавност. Лицемерно е што СДС седум години имаше можност да ги спроведе клучните реформи, за денес да се однесува како тие обврски да започнале вчера. Нивното однесување во Собранието јасно ја покажува разликата меѓу реториката која доаѓа од нивните прес-конференции и реалноста. Не ги гласаат реформските закони, бегаат од работните групи, а сега и се обидуваат да го забават реформскиот процес. Но, за разлика од нивната политика на опструкции, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати. Ги реализираме реформите преку конкретни законски решенија и исполнување на обврските. Само во текот на 2024 година беше направен значаен исчекор во спроведувањето на Реформската агенда со донесувањето на седум клучни закони кои се дел од процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските од Планот за раст на Европската Унија. Со овие законски решенија државата направи конкретен напредок во зајакнувањето на институциите, подобрувањето на економското управување и модернизацијата на образовниот систем. Во текот на 2025 година реформската динамика продолжи со уште посилно темпо. Беа донесени повеќе закони во областите енергетика, јавна администрација, дигитална трансформација, правда и транспорт, со што продолжува модернизацијата на институциите и подобрувањето на јавните услуги. Европските институции ја потврдуваат посветеноста на Македонија во спроведувањето на реформскиот процес, што резултираше со најзначајна финансиска поддршка од Планот за раст, споредено со сите други земји од регионот. Тоа е најдобриот одговор на сите обиди за потценување на сработеното. Но сепак, пратениците на СДС не го поддржаа Законот за енергетика, Законот за Судски совет, Законот за административните службеници, ниту еден закон од областа на образованието, не го гласаа ниту Законот за електронски комуникации, како ни пакетот закони за дигитализација. Не гласаа ништо. Како тогаш зборуваат за европски напредок, а не ги гласаат законите што ќе го овозможат токму тој европски напредок? Додека европските институции го препознаваат напредокот и реформската динамика на Македонија, СДС останува заробен во политички опструкции. Наместо да ги стави државните интереси пред партиските, одбива да ги поддржи решенијата што носат конкретен напредок за граѓаните и европската интеграција. Почитувани, Нема да дозволиме партиските интереси и политичките пресметки на СДС да го забават реформскиот процес. Владата останува посветена на исполнувањето на реформската агенда, а сите потребни законски решенија ќе бидат усвоени во утврдените рокови. Продолжуваме со одговорна и посветена работа во интерес на граѓаните и европската перспектива на државата. Очекуваме опозицијата да покаже конструктивност, да ги надмине дневнополитичките калкулации и да го стави државниот интерес пред партиските цели. Македонија и оваа година ќе биде лидер во регионот според динамиката на спроведување на реформите и посветеноста кон изградба на европската иднина, рече Иванка Василевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook