Специјална верзија од специјалната верзија: Ова е најскапиот „BMW M4“ досега (Фото) - Канал 5

Специјална верзија од специјалната верзија: Ова е најскапиот „BMW M4“ досега (Фото)

„BMW“ го претстави „M4 CS Edition VR46“ – специјална верзија во чест на Валентино Роси.

Специјална верзија од специјалната верзија: Ова е најскапиот „BMW M4“ досега (Фото)

Специјална верзија на специјалната верзија – така најдобро би се опишал „BMW M4 CS Edition VR46“ од 2025 година.

Овој модел е базиран на минатогодишниот „M4 CS“, но доаѓа со визуелни промени за да го прослави 46-тиот роденден на Валентино Роси. Деветкратниот светски шампион во мотоцикли, познат како „Докторот“, сега е и официјален возач на тимот на „BMW Motorsport“.

Освен тоа, неговиот карактеристичен број „46“ го прави овој совршен момент за лансирање на ваков модел.

Дизајн: Роси во преден план

„M4 CS Edition VR46“ доаѓа во две ексклузивни бои кои не беа достапни за стандардниот „M4 CS“:

• „Marina Bay Blue Metallic“

• „Frozen Tanzanite Blue Metallic“ (мат финиш)

Покрај впечатливиот мотив „46“, автомобилот има и „Sao Paulo Yellow“ акценти, инспирирани од легендарната флуоресцентна жолта боја на Роси.

Во истата нијанса се обоени клештите на сопирачките, што дополнително го нагласува агресивниот изглед на возилото.

Елементите од јаглеродни влакна се присутни како на „обичниот“ „M4 CS“, но тука се украсени со рачно насликани ознаки „46“, додека автограмот на Роси е на покривот.

Задниот дел на автомобилот ја има ознаката „VR46“, а дури и кованите тркала се делумно обоени во „Sao Paulo Yellow“, токму таму каде што се вентилите на гумите.

Внатрешноста го карактеризира истиот визуелен стил – значките „VR46“ се наоѓаат на праговите, седиштата и другите детали, додека флуоресцентната жолта дополнително го нагласува спортскиот амбиент на кабината.

Перформанси: Без промени, но сепак брутални

Механички, „M4 CS Edition VR46“ останува непроменет од стандардниот „M4 CS“. Го придвижува 3,0-литарски твин-турбо со 550 КС.

Со осум-брзински автоматски менувач и „xDrive“ погон на сите тркала, спринтот до 100 km/h трае само 3,2 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 303 km/h.

Производство: Само 92 примероци

BMW ќе направи само 92 од овие автомобили, рамномерно поделени на две бои:

• 46 примероци во „Marina Bay Blue Metallic“

• 46 примероци во „Frozen Tanzanite Blue Metallic“

Цена: Најскапиот М4 досега

Цената на „M4 CS Edition VR46“ е 155.000 долари, што го прави најскапиот „M4“ модел некогаш произведен.

Специјално корисничко искуство

Купувањето на „M4 CS Edition VR463 му носи на сопственикот ексклузивна можност да го запознае Валентино Роси.

Клиентите се поканети и на тркачката патека Марко Симончели во Мизан, каде што ќе ги тестираат најновите модели на „BMW M“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Народот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша.

Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез.

Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата.

Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата.

Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група.

Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност.

СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. 

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите.

„Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Трамп изјави дека верува оти Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку украинскиот претседател  Зеленски, додека истовремено одби директно да ја обвини Москва за прекршување на прекинот на огнот.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан како планира да го убеди Путин да го почитува договорот, американскиот претседател посочи дека, покрај Москва, и Киев треба да направи дополнителни чекори. „Мислам дека Путин сака да постигне договор, а ние мора да го натераме зеленски да побара да се направи договор“, рече Трамп.Тој додаде дека, според неговата проценка, рускиот претседател е повеќе заинтересиран за договор отколку украинскиот лидер. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура доколку и Москва го направи истото. Како доказ за тоа, рече дека украинските сили не извршиле напади врз руски рафинерии во текот на ноќта, но дека руските беспилотни летала продолжиле со нападите врз Киев. Во изминатите денови Трамп предизвика бројни реакции по телефонскиот разговор со Путин, откако побара смена на Зеленски и најави договор за испорака на стотици илјади тони руски дизел во САД. Овој потег наиде на критики и во САД и во Европа. Повеќе американски сенатори, меѓу кои и републиканци, оценија дека таквиот договор би бил спротивен на забраната што конгресот ја усвои во 2022 година за увоз на руски енергенси, со цел да се ограничи финансирањето на руската воена машинерија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер