Спасовски: Во вонредна состојба не престанува животот

Стопанството и економијата нормално ќе функционираат во услови и мерки за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните и за секоја одлука што ќе се носи јавноста ќе биде информирана на редовна дневна основа.

Претседателот на Владата на Република Македонија Оливер Спасовски на денешните прес-конференции на кои доминираше предлогот за воведување на вонредна состојба, потенцираше дека со нејзиното воведување не значи дека по автоматизам ќе се воведат рестрикции на слободите и движењето на граѓаните.

„И во вонредна состојба не престанува животот. Нашата идеја е што е можно повеќе и нормално да функционира и стопанството, и економијата, меѓутоа секако со мерките кои се во заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните. Вонредната состојба само и дава можности на Владата и се создаваат услови за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција и заштита на здравствената состојба на граѓаните. За заштита и одбрана на нашето општество, на нашата економија", истакнуваше претседателот на Владата на денешните прес-конференции.

Премиерот Спасовски нагласи дека во услови на вонредна состојба Владата ќе може да дејствува непречено во борбата со вирусот и ќе може да спроведува мерки за спас на економијата и за помош на погодените граѓани и компании.

„Доколку се прогласи вонредна состојба, Владата ќе може да носи уредби со законска сила и многу полесно да се справува со состојбите таму каде што треба да се направат одредени промени. Апелирам до граѓаните на трезвеност, смиреност и одговорност во една ваква состојба. Има доволно залихи на храна, на гориво и сѐ што е потребно постои. Тоа значи дека нормалниот живот во државата се одвива во овие новонастанати услови", објаснува премиерот Спасовски

Се создаваат услови сите кои учествуваат во борбата против овој вирус: здравствените работници, полициските службеници, припадниците на армијата, службениците, институциите, Владата, успешно да ги остваруваат најефикасно нивните професионални задачи во справувањето со оваа хуманитарна криза.

Премиерот Спасовски во своите денешни јавни настапи потенцираше дека за секоја одлука што ќе се носи и што ќе биде поврзана со вонредната состојба јавност ќе биде информирана на редовна дневна основа, а за спроведување на тие одлуки ќе бидат донесени соодветни упатства и врз основа на тоа ќе биде многу јасно кој и како треба да се однесува.

„Какви одлуки ќе се носат, ќе зависи од сите нас. Од тоа како се однесуваме. Ако почитуваме мерки, ако ги следиме препораките, за заштитата на нашите семејства и занаша лична заштита и за заштита на околината во која живееме, тогаш ќе поминеме многу полесно. Ако не, не е исклучено да бидат воведени порестриктивни мерки зас кои благовремено ќе следуваат информации", е ставот на Претседателот на Владата на Република Македонија Оливер Спасовски од денешните прес-конференции на кои доминираше предлогот за воведување на вонредна состојба.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер