Спасовски во Шуто Оризари: Сите сме едно и се грижиме за сите

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина вечерава во Шуто Оризари порача дека ова е трибина во очи големата победата на иднината на нашата земја на 15 јули, се наведува во соопштението на СДСМ.

„Вложувавме во инфраструктурата во секоја општина, се вложувавме во секој човек. Се што беше најголем проблем во време на режимот е решен денес или е во фаза на решавање. Градевме патишта, улици, водоводи, канализации, една од најубавите градинки е овде во Шуто Оризари.

Нашите противници се истите од времето на режимот. Го имаме Груевски на политичката сцена обновен во Мицкоски. Мисајловски една шајка не закова во неговата општина, ние денес ги решаваме проблемите во сите општини.

Денес сите сме исти и сите сме едно. Наместо да рушиме, градиме.

Многу работевме да го јакнеме концептот што го постави претседателот Заев за Едно општество за сите и покажавме дека секој заслужува иста шанса да работи, да се образува, да живее, заедно да ја градиме иднината на нашата земја. Направивме храбри одлуки и само за три години Република Северна Македонија стана членка на НАТО и ги отворивме перспективите за ЕУ. Требаше да имаме поддршка и таа поддршка ја црпевме од сите вас, благодариме.

Покажавте дека сте прогресивни вградувајќи се во европска Македонија, како што се вградивте во независноста на нашата држава.

Мора да донесеме важна одлука, Македонија да продолжи напред со економијата, подобар животен стандард, повисоки плати, социјална помош, пензиите.

Режимот не смееме да се врати. Нема да дозволиме влечење за уши. Ќе ги пратиме во опозиција да се обноват.

Масовно да излеземе на избори и уште од пладне да ја најавиме победата на 15 јули" повика Спасовски во Шуто Оризари.

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер