Спасовски: СВР Скопје со 100 % ефикасност во расчистување на кривични дела поврзани со дрога - Канал 5

Спасовски: СВР Скопје со 100 % ефикасност во расчистување на кривични дела поврзани со дрога

СВР Скопје со 100 отсто ефикасност во расчистување на кривични дела поврзани со дрога, ефективност од 59 проценти на дела од насилниот криминал, а откривањето на бесправна сеча на дрва е зголемено за 150 отсто.

Спасовски: СВР Скопје со 100 % ефикасност во расчистување на кривични дела поврзани со дрога

СВР Скопје со 100 отсто ефикасност во расчистување на кривични дела поврзани со дрога, ефективност од 59 проценти на дела од насилниот криминал, а откривањето на бесправна сеча на дрва е зголемено за 150 отсто, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Целта на работната посета на Спасовски и средбата со раководството на овој сектор, е во сумирање на резултатите од годината што изминува, во која полициските служби постапувале по над 80.000 пријавени настани, кривични дела, прекршоци, асистенции, обезбедувања на јавни собири, манифестации и натпревари, во единицата на МВР, која покрива територија од околу 1.800 km2 на која се протегаат 17 општини.

Според податоците кои беа презентирани пред министерот Спасовски, безбедносната состојба на подрачјето на СВР Скопје е на задоволително ниво, а во споредба со истиот период минатата година евидентно е намалувањето на бројот на регистрирани кривични дела и зголемена ефикасност на полицијата во нивно расчистување.

-Посебно би споменал дека во 2023 година, СВР Скопје бележи значајни резултати во борбата со недозволената трговија со дрога, при што ефикасноста во расчистувањето на кривичните дела изнесува 100 отсто, а кај делата од областа на насилниот криминал евидентирана е ефективност од високи 59 проценти. Имено, на ова подрачје во изминатиот период откриени се три нелегални лаборатории за производство на марихуана и синтетички дроги, поточно амфетамин, и тоа во март, октомври и ноември годинава, рече Спасовски.

Тој посочи дека при извршени 129 претреси во дом и други простории, лишени од слобода се 612 лица, вкупно се поднесени 125 кривични пријави, а за одбележување е зголемената заплена на сите видови наркотични дроги и тоа: 164 кг марихуана, 325 стебла марихуана, околу 3.500 МДМА таблети, 400 г кокаин, 1.2 кг хероин и 8,8 кг амфетамин.

- Во делот на шверцот со оружје, како уште еден стратешки приоритет на МВР, СВР Скопје, исто така, бележи солидни резултати со поднесени 39 кривични пријави со кои се опфатени 43 лица, истакна Спасовски.

Според него, ефективноста во реализацијата на делата од класичниот криминалитет изнесува 11 проценти, кај економскиот криминал 51 отсто, додека кај делата од организираниот криминал е 40 проценти. За одбележување, вели Спасовски, е и бројката од 345 приведени лица од страна на Тимот Потраги при СВР Скопје кои биле барани по распишани потерници, за издржување или доиздржување на затворски казни, но и за истражни дејства на барање на обвинителствата.

- Во периодот јануари-октомври 2023 година во споредба со истиот период лани евидентирано е намалување на регистрираните кривични дела од економски криминал за 28 отсто, за „Разбојништво“ за 33 проценти, а зголемена е ефикасноста за 46 отсто во откривање на сторители на кривични дела од имотен криминал. Годинава зголемена е откривачката функција за ’бесправна сеча и кражба на огревно дрво за 150 отсто. Покрај ова, постапувајќи по стратешките приоритети, заклучно со октомври 2023 евидентирано е намалување за 23 проценти на кривичните дела „насилство“. За одбележување се и 388 активности од Одделението за превенција при СВР Скопје кои во изминатиот период спроведоа значајни кампањи, проекти и активности за заштита од повеќе области на криминал, рече Спасовски

Тој се осврна и на неколкуте оперативни планови на подрачјето на СВР Скопје со цел одржување на поволен јавен ред и мир и стабилна безбедносна состојба, меѓу кои „Безбедно лето“, „Безбеден град“, како и акциски контроли по разни основи. За илустрација, само во рамки на планот „Безбедно лето“ 894 кривични дела се комплетно расчистени со поднесени кривични пријави против 824 сторители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор ден од изборите во Русија: Гласаат и жителите на Донбас и Новорусија

 Во Русија, денес и утре продолжуваат изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот свик, за законодавните собранија во 39 региони, како и изборите за највисоките фу

Втор ден од изборите во Русија: Гласаат и жителите на Донбас и Новорусија

Жителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат ќе учествуваат на изборите за Државната дума, објави ТАСС.

На федералните изборни листи се застапени 10 партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија.

Истовремено, се одржуваат избори за законодавните собранија во 39 региони, како и избори за највисоките функционери на конститутивните субјекти на Руската Федерација.

Во осум региони лидерите се избираат директно, додека во три региони ќе се избираат регионални парламенти.

Вкупно, на изборите се достапни околу 23.000 пратенички и други функции. Утринава во седум кинески градови започна предвременото гласање за изборите за деветтиот состав на Државната дума.

Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во Државната дума, заклучно со 20:13 часот по московско време на првиот ден од гласањето, изнесуваше 25,30 отсто. „Сите избирачки места во Русија беа отворени на првиот ден од изборите, а гласањето во рамките на Единствениот ден за гласање започна според планот, и покрај обидите за провокации“, изјави претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, пренесува „РИА Новости“.

Повеќе од 2,8 милиони луѓе гласаа преку федералната платформа за далечинско електронско гласање (DEG). Излезноста изнесуваше 70 отсто од регистрираните учесници заклучно со 21:45 часот по московско време, соопшти руското Министерство за дигитален развој, комуникации и масовни медиуми.

Повеќе од 380.000 набљудувачи се вклучени во изборите, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и претставници на 13 меѓународни организации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 47. издание. 

Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура во Битола, со проекција на филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ и ја следи приказната за три генерации жени кои се соочуваат со судирот помеѓу традицијата и современите предизвици, раскажана низ перспективата на 12-годишната Адела, сместена во енергичната ромска заедница во Шуто Оризари.

Тензијата во филмот произлегува од судирот со традиционалните вредности и општествената маргинализација, додека ликовите се борат за опстанок, достоинство и заедништво.

Главните улоги ги толкуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, во соработка со Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноaром, а продуцент е Лабина Митевска.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија и Хрватска, и фондовите „Еуримаж“ и „Медиа“

Во Битола веќе пристигнаа првите гости. Црвениот килим е поставен пред Центарот за култура во Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки и е подготвен за вечерашното отворање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го потпишал законот за пакет нови, сеопфатни санкции против Русија, кој претходно беше усвоен од Конгресот. 

Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва

Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина.

Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции насочени кон руски политичари и компании, законот вклучува мерки против рускиот извоз на нафта и гас, кои Москва ги користи за финансирање на војната.

Законот, меѓу другото, го овластува Трамп да воведе санкции за петте најголеми купувачи на руски енергенти, како и за петте земји што најмногу ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите во енергетскиот сектор.

Овие мерки би можеле дополнително да ги затегнат трговските односи на САД со Кина и Индија, кои увезуваат големи количества руска нафта.

Законот го носи името на покојниот американски сенатор Линдзи Греам, кој одигра клучна улога во неговото усвојување.

Покрај санкциите против Русија, законот обезбедува и рамка за продолжување на санкциите против Иран до 2031 година.

Зеленски му се заблагодари на Трамп Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Трамп за потпишувањето на законот. „Најдобриот начин да се оддаде почит на споменот за Линдзи ќе биде целосното и брзо спроведување на одредбите од овој закон“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

„А најдобрата награда за сите што ни помагаат да извршиме притисок врз Русија за да се стави крај на војната, ќе биде мирот“, додаде тој.

Кремљ предупредува на последиците од новите санкции. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред Трамп да го потпише законот, предупреди дека дополнителните американски санкции би можеле да ги искомплицираат напорите за постигнување мирно решение во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер