МакедонијаСпасовски: Се трага по Груевски, судот да размисли зошто не одредил притворПоранешниот премиер Никола Груевски, за кого е издадена национална потерница за отслужување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк", вчера бил баран во неговиот дом, а потрагата ќе продолжи на уште неколку локации. Се спроведуваат и други мерки, како прегледи на возила, а зајакнато е полициското присуство на излезот од Скопје и на граничните премини. Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за медиумите, по регионалната конференција „Справување со антисемитизмот и адресирање на безбедносните потреби на Еврејските заедници" одговарајќи на новинарски прашања за тоа каде е поранешниот премиер, дали е во државата и каде ја гледа одговорноста поради тоа што тој е во бегство Има безбедносни проценки кои ги користат службите, рече Спасовски, и додаде дека полицијата работи на анализирање на сите информации со кои располага. – Не очекувајте дека ќе поставиме еден линк на плоштадот и заедно со полицијата и медиумите да ја спроведуваме целата акција. Сите информации кои ги имаме ги анализираме и работиме во однос на обезбедувањето на лицето, но тоа не можеме слободно во јавноста да го споделуваме и сите заедно да го следиме, рече министерот за внатрешни работи. Во врска со тоа дали ќе влезат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски рече дека доколку полицијата има налог ќе влезе во која било зграда и додаде дека вчера немале намера да влезат во партијата, ниту имале налог за тоа. Тој напомена дека вчера немало никаква опсада на политичка партија, ниту на кој било друг објект и додаде дека полицијата постапувала врз основа на наредба дадена според проценките за можните локации. Додаде дека имало контроли во близина на седиштето на партијата. Како дезинформации ги оцени тврдењата дека Груевски со недели го чуваат пред неговиот стан. -Груевски до вчера до 16:30 часот, додека Судот ја издаде наредбата и потерницата беше слободен. Тој има лично обезбедување, кое го користи на повик, но тоа не е обезбедување кое 24 часа е со него пред станот или кај и да се движи. Дваесет и четиричасовното обезбедување кое го има лично го користи на негов повик и последен пат неговото обезбедување го оставило дома на 8 ноември, некаде околу 23 часот, според изјавите на припадниците на обезбедувањето, истакна Спасовски. За тоа што Груевски во моментов е бегалец смета дека одговорноста треба да ја преземат оние што одредуваат мерка притвор. –Размислувам во однос на одговорноста на оние на кои им одредуваат притвор на лицата за кои постои опасност да избегаат. Ги пуштаат слободно да се движат низ државата, слободно да ги обавуваат сите работи кои ги обавуваат и на крај кога се носи пресудата тие не се во притвор за да можат да бидат обезбедни, иако се со повеќе кривични дела. Притвор се одредува за случаи на разбојништво и тешки кражби, а за потешки случаи не се одредува. Полицијата работи исклучиво по наредбите кои ги издава судот и таа без наредба не може да следи кого било и постојано да биде присутна со него, околу него само заради тоа што се води судска постапка против него, рече Спасовски. Истакна не е законски полицијата да следи такви лица. -Спротивно на законот е ако продолжиме да следиме како што следеа порано, тогаш ќе имаме сериозен проблем. Следењето треба да биде врз основа на закон, рече Спасовски и додаде дека во однос на можноста за распишување меѓународна потерница тоа е работа на судот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Париз се воведени строги мерки за да се спречат грабежите и вандализмот за време на протестите Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро.Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро, како дел од зголемените безбедносни мерки поради најавените протести и стравот од нови инциденти, објавува LeFigaro.fr. Според одлуката на полициските власти, на сите лица, без разлика дали се возрасни или малолетни лица, им е забрането да бидат на јавни места во областа на Плоштадот на Републиката и квартот Ле Хол во текот на ноќта, од 23 часот до 6 часот наутро следниот ден. Оваа мерка е на сила од 22 до 25 октомври. Conformément aux instructions du Premier ministre @SebLecornu et du ministre de l’Intérieur @NunezLaurent, le @prefetpolice a pris un arrêté portant couvre-feu, interdisant la présence des majeurs comme des mineurs, dans les périmètres de la Place de la République et du secteur des Halles chaque jour entre 23h et 6h le lendemain, du 22 au 25 octobre. — Préfecture de Police (@prefpolice) October 22, 2026 Одлуката е донесена во време на зголемени тензии во Париз, по насилните судири, грабежите и судирите меѓу демонстрантите и полицијата во последните денови. Француските власти се обидуваат да спречат повторување на немирите и да ги заштитат граѓаните, бизнисите и јавниот имот, додека низ целата земја се очекуваат нови собири. Сè уште не е објавено дали полицискиот час ќе биде продолжен и по понеделник наутро. Надлежните органи продолжуваат да ја следат безбедносната состојба, а можни се дополнителни мерки во зависност од развојот на настаните.Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон"Денот го завршуваме со една убава вест" - напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт. " Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај. Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час. Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници,"- објави Николоски. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИздадено е глобално предупредување за сајбер безбедност: Долго време не е видено вакво нештоВеб-страници на владини институции и бизниси ширум светот се онеспособени откако беше објавено критично ажурирање за сајбер безбедноста. Истакнат директор во технолошкиот сектор изјави дека „многу, многу долго време“ нема видено вакво нешто. Вештачката интелигенција (ВИ) откри две критични слабости во програмскиот јазик PHP, објави Скај Њуз. Двете би можеле да им овозможат на злонамерни актери неовластен пристап до веб-страниците и далечинска контрола врз веб-серверот, без потреба од лозинка. Џејмс Саливан, директор за сајбер прашања и технологија во Кралскиот институт за обединети служби (Royal United Services Institute) во Лондон, објасни дека еден од пропустите ја оштетува меморијата на системот, поради што тој повеќе не може да „памети“ одредени податоци. Ова би можело да му овозможи на потенцијален хакер да го искористи системот преку вметнување сопствен код. Другата ранливост доведува до тоа корисничките податоци да останат зачувани во системот наместо да бидат избришани – што значи дека хакерите би можеле да ги преземат или целосно да ги избришат. „Запрепастувачки“ Саливан изјави дека е „запрепастувачки“ фактот што некои од овие пропусти се стари повеќе од една деценија. Од компанијата OpenAI претходно изјавија дека станува збор за „еден од безбедносните проблеми со најголемо влијание во поново време“ и дека вештачката интелигенција ги открила овие ранливости пред тоа да го сторат напаѓачите. Како што веќе наведовме, сериозноста на заканата е оценета со 9,2 од 10. Тоа ја става заканата на критично ниво... Колкав е ризикот за обичните корисници? Бизнисите и организациите се повикани да ја проверат својата изложеност на ризиците поврзани со PHP, но што значи овој инцидент за обичните корисници на веб-страници? Краткиот одговор е: нема потреба премногу да се грижите, вели нашиот технолошки дописник Роуланд Манторп, кој зборуваше во најновата епизода од нашиот подкаст „This Is Why“. Манторп објасни дека главната група што би можела да се обиде да ги искористи овие ранливости се сајбер-криминалците. Сепак, тој нагласи дека „самото посетување на веб-страница што ја има оваа PHP-ранливост не значи дека ќе бидете заразени“. Проблемот што се јавува е ист како и претходно, но во поголеми размери: „Може да посетите некоја веб-страница... Напаѓачите успеале да дојдат до дел од вашите податоци, а потоа ги користат за да ви испратат е-порака и да извршат ’фишинг‘ напад врз вас.“ Ова создава ризици за луѓето кои се ранливи на вакви напади, но општиот совет на Манторп е „едноставно да продолжите со вообичаените мерки за сајбер-безбедност“, како што е користењето двофакторна автентикација.Тагови: сајбер безбедност Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05