Јанчев: Се е подготвено за Тиквешки гроздобер 2026, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери
2Јанчев: Се е подготвено за Тиквешки гроздобер 2026, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери
МакедонијаСпасовски побара Гаши да свика ад хок координација за состојбата со пожарите-Барам веднаш Африм Гаши да се врати и да свика ад хок координација и да видиме како може Собранието да помогне во оваа ситуација, рече Спасовски.Седницата за опозициски прашања во Собранието попладнево е повторно прекината со еден час пауза, овојпат на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој побара во законодавниот дом да дојде претседателот Африм Гаши и да се свика ад хок координација за состојбата со пожарите. -Барам веднаш Африм Гаши да се врати и да свика ад хок координација и да видиме како може Собранието да помогне во оваа ситуација, рече Спасовски. Додаде дека во оваа кризна ситуација, во која, рече, во пожарот има и жртва во Крива Паланка, Парламентот треба да има поголема одговорност. Спасовски реагираше процедурално откако пратеничката од СДСМ Јованка Тренчевска постави три прашања до министерот за социјална политика, демографија и млади, кој не присуствуваше на седницата исто како ни неговиот заменик. Координаторот на СДСМ рече дека не е првпат на овие седници за опозициски прашања да се присутни „еден до тројца од 24-те министри во Владата“. -Деловничките норми не се само за на хартија, некој треба да ги почитува. Министрите во Владата треба да бидат поодговорни зашто се избрани од пратениците, а непочитување на пратениците е непочитување и на граѓаните, рече Спасовски. Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска даде пауза до 18.40 часот. Му одговори дека ќе реагираат писмено до Владата, но му укажа на Спасовски дека согласно член 42 од Деловникот, должни да присуствуваат на овие седници се само министрите или нивните заменици за кои се најавени прашања од опозициски пратеници. Пратеничката Јованка Тренчевска постави три прашања – за негрижа кон штитениците во Завод за рехабилитација Бања Банско и во Специјален завод Демир Капија – каде што, рече, имало непријавен инцидент на вработен врз штитеник. Таа праша и за проблеми во финансирањето на инвалидските организации за кои буџетот е помал за 21 милион денари во споредба со 2024 година. Тагови: пожарите Спасовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЛукашенко им честита на Украинците за Денот на независноста: „Ви посакувам мир и среќа “Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му го честиташе Денот на независноста на украинскиот народ по повод 35-годишнината од овој настан, соопшти прес-службата на белорускиот претседател. „Историските судбини на белорускиот и украинскиот народ се тесно испреплетени. Нашите нации се поврзани со вековни традиции и со сеќавањето на заедничките победи и тешките искушенија“, се вели во честитката. Лукашенко изрази уверување дека, и покрај геополитичките превирања, идните генерации Белоруси и Украинци ќе ги зачуваат своите вековни врски на пријателство и сродство, како и дека Минск и Киев ќе ја обноват заемно корисната соработка заснована на принципите на доверба, почит и рамноправност. „Гостопримлива Белорусија е секогаш отворена за секој Украинец што доаѓа со добри намери“, нагласи Александар Лукашенко. Тој им посака на сите граѓани на Украина „здравје и просперитет“, а на земјата – „мир и среќа“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Се е подготвено за Тиквешки гроздобер 2026, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечериНа 4, 5 и 6 септември, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери, во рамки на најголемата гроздоберска прослава во Тиквешијата [🍷].МУЗИЧКАТА ПРОГРАМА НА ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 [🎶] На 4, 5 и 6 септември, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери, во рамки на најголемата гроздоберска прослава во Тиквешијата [🍷] Внимателно подготвена музичка програма, врвни изведувачи и атмосфера која ја претвора традицијата во незаборавно доживување. [📅] 4 • 5 • 6 СЕПТЕМВРИ [📍] КАВАДАРЦИ [🍇] ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 Тиквешијата слави. Кавадарци ве очекува! [🎤] [🍷], стои во објавата на Фејсбук на градоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторуваВенко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува, во однос на изборите јасен му е епилогот, затоа и бега од соочување со граѓаните. РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста. Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува. Тука можеме директно да му порачаме дека јасен демант за неговите лаги се официјалните статистики кои го спроведува во јавноста Државниот завод за статистика. Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот, каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook