Владата одржа седница на која се разгледуваа мерките за олеснување на вонредните мерки , воведени поради епидемијата на коронавирусот.
Спасовски соопшти дека врз оснва на некои исполнети услови ,анализите и препораките престанува важењето на повеќе рестриктивни мерки.
Од утре престанува забраната з адвижење низ Македонија , а од четврток почнуваат да работат терасите на угостителските објекти. Од 1. јуни орекинува важењето за мерките донесени како дел од вонредната состојба.
Задолжителниот карантин се заменува со домашна изолација , доколку лицата поднесат ПСР тест направен во последните 72 часа. Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација .
Одлуките се донесени зашто македонското здравство добро се справи со пандемијата на коронавирусот , а зад нив има две суштински причини и тоа состојбата со епидемијата е под контрола. Зголемениот број е резултат на одредени непочитувања на мерките во претходната фаза. Во наредниот период ќе има нагласена примена кон жариштата .
Втората причина е што капацитетите и знаењето на здравствените работници достигнаа високо стручно и професионално ниво и подготвеност и системот е подготвен да одговори.
Од 1 јуни 2020 ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на тековните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон Скопје, организирање на работниот процес со ротации и други слични мерки и препораки. Таа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа – за просторни услови, физичко растојание, носење лична заштита итн.
-Ова нема да важи за хронично болните, а отстапка од оваа одлука ќе има и за родители на деца до 10 години или деца од предшколска возраст за кои ќе се чека одлука за почнување на работа на градинките, рече Спасовски.
Притоа Спасовски потенцираше дека треба да продолжиме да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме.
-Вирусот е тука и нема да исчезне преку ноќ. Ќе биде тука додека не се стекне имунитет и додека да се најде вакцина, рече Спасовски, додавајќи дека затоа е исклучително важна заштитата – физичката дистанца и носење заштитна опрема
Вицепремиерот Османи им се заблагодари на граѓаните за нивните напори и за се што направија во текот на рестриктивните мерки.