Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
МакедонијаСпасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиитеПратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието процедурално реагираше на предлог-законското решение за техничката влада, оценувајќи дека неговото носење по скратена постапка е спротивно на воспоставените принципи.Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието процедурално реагираше на предлог-законското решение за техничката влада, оценувајќи дека неговото носење по скратена постапка е спротивно на воспоставените принципи и реформската агенда. „Ова законско решение што се предлага излегува од рамките на моделот и начинот на којшто е донесен Законот за Влада и е спротивно на договорениот пристап меѓу политичките партии“, истакна Спасовски. Тој потсети дека решението за изборните циклуси и техничката влада е резултат на политички договор меѓу четирите најголеми партии, со гаранција од меѓународната заедница, и дека првично било ограничено на изборите во 2016 година. Дополнително, нагласи дека на барање на ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година истото решение било повторно донесено без временско ограничување, односно со важност до влезот на државата во Европската Унија. Спасовски посочи дека актуелните аргументи за измена на законот се во спротивност со претходните ставови и иницијативи на истите политички чинители. „Денеска се изнесуваат ставови коишто директно ги побиваат барањата и предлозите дадени во 2018 година“, рече Спасовски. Во продолжение, тој нагласи дека Законот за Влада е дел од пошироката реформска агенда, која ги опфаќа и изборниот законик и новиот кривичен законик. „Со носење на вакво решение набрзина, по скратена постапка, нема да можеме да ги исполниме критериумите од реформската агенда, која предвидува системски и темелен пристап“, потенцираше Спасовски. Тој повика на враќање на дијалогот и консензусот во рамки на Собранието, со цел да се задржи договорениот модел. „Нема потреба од брзање. Потребно е да се вратиме на форматот преку кој е донесено ова законско решение, со консензус и дијалог меѓу политичките партии“, заклучи Спасовски. Скопје, 22.04.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07
МакедонијаЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет годиниРезулатите од учениците и мерките што ги превземаме нема да имаат одма резултати, тие ќе бидат за пет години. Она што е важно е да се продолжи со работа. Министерката во посета на училиштето „Љубен Лапе“ во Аеродром на прашање зошто училиштето браќа миладиновци не е реновирано воопшто откако две години во него учеа учениците од блаже конески додека целосно се реновираше, таа одговри сите ќе стигнат на ред. Од министерството за образование засега нема најава дека ќе има клими уреди во училиштата, учениците ќе се разладуваат со отворени прозорци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07
ЗабаваКаролина Гочева блесна во Марков за 35 години независностБел фустан, дизајн на Марков и Каролина Гочева – совршена модна комбинација!По повод прославата на 35 години Македонија на градскиот плоштад во Скопје, Македонската Кралица Каролина Гочева восхити во бело издание со потпис на дизајнерот Марков. Таа изгледаше беспрекорно стилизирана од Јована Зука, едноставен природен мејк-ап и фризура во Холивудски стил ја надоплнуваа впечатливата бела тоалета. Станува збор за дело на Марков, долг фустан со слим линија кој ја оцртува фигурата комплетиран од куса наметка со изразено рамо изработени со вез од кристали во златни мотиви. Како вистинска дива пеејќи рамо до рамо со светски познатиот тенор Хозе Карерас ја остави публиката без здив, а стајлингот беше надополнет со високи бели ракавици. Елегантно, маркантно и гламурозно модно издание на Каролина кое несомнено ќе биде запаметено. Тагови: Каролина Гочева Марков дизајн фустанот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРеновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во општина ИлинденОпштина Илинден целосно ја реновираше спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, со што објектот доби современи, функционални и побезбедни услови за спортистите, младите и сите љубители на спортот.„Реновирањето се реализираше по речиси две децении активно користење на салата, со повеќе градежни и технички интервенции насочени кон подобрување на нејзината функционалност, безбедност и енергетска ефикасност.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Во рамки на проектот е извршена целосна санација на таркетот, со стругање и нанесување три слоја специјален заштитен лак отпорен на гребење и пролизгување, како и ново обележување на теренот за различни спортски дисциплини. Обновени се и ѕидовите и таваните, додека трибините се бојадисани и опремени со нови седишта. Поставена е нова заштитна ограда, а извршена е и замена на гумираниот под и реновирање на соблекувалните. Дополнително, во рамки на реконструкцијата се бетонирани стопи и поставени метални елементи за монтажа на мобилни столбови за одбојка, со што се унапредуваат условите за одржување тренинзи и натпревари во повеќе спортови. Како дел од активностите за модернизација на спортската сала, претходно беа заменети дотраените металхалогени рефлектори со современи ЛЕД светилки. Новото осветлување овозможува подобра видливост и значително поголема енергетска ефикасност. Вложувањето во спортската инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа, со цел создавање квалитетни услови за развој на спортот, поттикнување на здрави животни навики и обезбедување подобар квалитет на живот за сите граѓани. Општина ИлинденТагови: Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook