Спасовски: Двајцата полицајци биле во Шуто Оризари приватно

Двајцата вработени во МВР за кои е одреден притвор во врска со настанот во Шуто Оризари од 28 минатиот месец во моментот кога се случил инцидентот не биле на служба во населбата, не биле во функција на полицајци. 

Тие на местото на настанот престојувале приватно, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по настанот за доделување сертификати за завршена обука за идентификување на потеклото на пожарите.

– Тие таму не дошле ниту по нечија дојава, ниту по некаква објава на фејсбук, туку биле приватно на поминување низ населбата, истакна Спасовски.

Министерот за внатрешни работи посочи дека ден пред инцидентот на фејсбук имало објава за наводно киднапирање на деца во Шуто Оризари и додаде оти тоа било мотивот за целата оваа случка поради што и тој самиот го споделил со јавноста.

Спасовски потсети оти во врска со случајот се поднесени седум кривични пријави, но отворена е можноста и други луѓе да се инволвирани во овој настан.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава од МВР вчера во врска со настанот во Шуто Оризари донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца вработени во МВР. Постои основано сомнение дека тие сториле кривично дело „насилство" од член 386 став 6 од Кривичниот законик.

-Тие се осомничени дека заедно со уште пет други лица за кои води постапка во ОЈО – Скопје извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле од патничкото моторно возило „хјундаи галопер" без регистарски таблички. Притоа физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци и нанесувајќи им телесни повреди, се појаснува во вчерашното соопштение на ЈО.

За двајцата осомничени припадници на МВР е одреден притвор во траење од 30 дена.

Ален на средба со Курти: Косово припаѓа во ЕУ и НАТО, да се спроведат договорите со Србија

Претходно, американската дипломатка се сретна и со претседателката Вјоса Османи.

Американската државна потсекретарка за јавна дипломатија Елизабет Ален, која престојува во Косово, по средбата со претседателката на државата, Вјоса Османи, беше примена и од косовскиот премиер, Албин Курти, со кого вели дека имала „длабока дискусија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ален на платформата „Икс“, поранешен Твитер, покрај фотографии од средбата со Курти, напиша дека „Косово припаѓа во ЕУ и НАТО“, а го повтори и барањето на Вашингтон за спроведување на договорите со Србија.

„Ја ценам длабоката дискусија со косовскиот премиер Албин Курти. Косово припаѓа во ЕУ и НАТО. Ние бараме целосна имплементација на сите договори што Косово и Србија ги постигнаа во рамките на Дијалогот олеснет од ЕУ“, напиша Ален.

Претходно, американската дипломатка се сретна и со претседателката Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на Соединетите Американски Држави и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави.

На заедничката прес-конференција по потпишувањето на договорот, Ален рече дека со Османи разговарале и за „критичните прашања на евроатлантскиот пат на Косово“, оценувајќи дека „суштинскиот чекор кон евроатлантскиот пат на Косово (е) напредокот на Косово во врска со формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство“. /МИА

Руската нафтена рафинерија во Краснодар привремено ја прекина работата по украинските напади

Руската нафтена рафинерија „Славјанск“ во јужниот дел на областа Краснодар денеска привремено ја прекина работата по синоќешниот напад на украински беспилотни летала, јавија руските медиуми.

Според извештаите на локалните власти, шест украински беспилотни летала паднале на територијата на рафинеријата.

Дроновите со кои беше нападната рафинеријата во јужниот дел на Русија не предизвикаа пожари, додаваат медиумите, повикувајќи се на властите.

Рафинеријата има капацитет од четири милиони тони нафта годишно, што е околу еден милион барели дневно./МИА

Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт

Стабилна е состојбата на 56 годишниот маж кој вчера попладне се здоби со тешки телесни повреди во лифтот во угостителски објект во Штип. 

Надлежните во Клиничка болница- Штип информираат дека е примен со скршеници на пршлените и е хоспитализиран на oдделението за ортопедија во штипската Клинничка болница. Неговиот колега, 71 годишниот пензиониран кувар им подлегна на повредите добиени при пад на лифтот, во кој биле работно ангажирани.

Во меѓувреме директорката на Државниот инспектор за труд, Весна Томовска за МИА изјави дека на лице место вчера е излезен трудов инспектор. Утврдено е дека двајцата работници не биле вработени, туку работно ангажирани во објектот. Починатиот бил кувар во пензија.

Посочува дека утре до инспекторатот треба да биде доставена документацијата за безбедност при работа во објектот. Од Обвинителството пак информираат дека се обезбедуваат докази за расчистуваање на настанот, а стручно лице ќе направи техничко вештачење на лифтот. Како дошло до трагедијата се уште нема официјални информации. Телото на починатото лице е дадено на обдукција.

притисни ентер