Спасовски апелира до граѓаните да поднесуваат пријави и претставки за сите случаи во кои има основи

Македонија ќе биде држава и тоа сериозна правна држава кога ќе видиме дека сите одговараат подеднакво во однос на законот, вклучително и судии, обвинители и функцинери – порачува и денеска министерот  за внатрешени работи Оливер Спасовски.

Шефицата на обвинителстовото за организиран криминал Вилма Русковска вчера рече дека нема постапки против нивни колеги и судии, и покрај јавните прозивки за многу одлуки со кои поранешни функцинери и бизнисмени под нејасни околности слободно се движат и покрај тешките кривични дела кои им се ставаат на товар.

Спасовски апелира до граѓаните да поднесуваат пријави и претставки за сите случаи во кои има основи, а партнер во борбата за правда ќе имаат во МВР.

“ Ќе мораме еднаш засекогаш тие што се “големи ѕверки” во Македонија да бидат исто третирани како и секој обичен човек. Не може од сабајле некој да биде апсен, а попладнето да биде пуштен заради тоа што можеби имало некакво влијание. Јас укажувам само и го повикувам и јавното обвинителство да се охрабрат и да покренуваат постапки и против судии и против обвинители и против фунционери и против секој еден во Македонија – рече Спасовски.

Спасовски и пред два дена јавно ја критикуваше работата на обвинителството и судот заради неодредување и укинување на мерки за претпазливост за обвинети и осомничени. По ова, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев побара одговорноста да се индивидуализира, со име и презиме. Спасовски вели дека се согласува, и најавува дека во слендиот период ќе се појават и имињата на луѓето на кои наместо професионалноста, поважни им се бизнис, личните и партиските интереси.

-Во целост го поддржувам тоа што го кажува претседателот, а ќе дојде моментот кога ќе има развој на настаните и ќе посочуваме со име и со презиме, ако за тогаш не се поднесуваат одредени пријави кои што треба да бидат поднесени. Така да да не брзаме треба се да има след на дејствијата.” – изјава Спасовски..

Корумпираноста на судскиот систем е еден од најголемите проблеми во државата посочуван во многу домашни и меѓународни извештаи, но досега никој не понел одговорност за тоа. Лани, прво СЈО, а потоа и американскиот Стејт Департмент конкретно наведоа имиња на четворица судии, но тоа не беше доволно ниту да бидат разрешени од Судскиот совет.

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

Во куќата на нацистички лидер се пронајдени човечки остатоци- сите немаат шаки и стопала

Група аматерски истражувачи пронашле коски од пет луѓе во куќа која некогаш му припаѓала на еден од најблиските соработници на Хитлер - Херман Геринг.

Остатоците се пронајдени во трошна зграда во близина на поранешното седиште на Адолф Хитлер, Волчјо дувло, во денешна Полска, пренесува Der Spiegel.

Во густо пошумена област покриена со бункери, националсоцијалистите изградиле добро обезбеден квази-мал град за нивното раководство - вклучувајќи кино, чајџилница и противвоздушни станици.

Речиси 80 години подоцна, Волчицата била обрасната со плевел и природата ги „голтнала“ куќите, а се верувало дека урнатините на куќата што некогаш ја користел Геринг биле добро истражени. Меѓутоа, кога археолози аматери од Полска и Германија почнале да бараат под дрвениот под, ископале човечки череп на длабочина од десет сантиметри.

Веднаш повикале полиција, но немало докази дека таму е извршено неодамнешно злосторство. Тогаш тимот истражувачи, предводен од Октавијан Бартошевски, почнал да копа понатаму. Како што пишува Der Spiegel, пронајдени се останките на уште три лица, тинејџер и бебе.

„Можеби се работи за семејството кое било погребано во куќата на Геринг, пишува Der Spiegel.

Засега не е јасно чии се посмртните останки. Можно е дека остатоците веќе биле таму за време на изградбата на куќата, како што знаел фелдмаршалот Рајх. Меѓутоа, можно е и овие луѓе да дошле во Волчицата по завршувањето на Втората светска војна.

Полското јавно обвинителство сега сака да утврди дали масовното убиство има врска со нацистите.

Она што ги загрижува сите е тоа што на сите скелети им недостасуваат шаки и стопала. Постои можност коските да изгниле во текот на децениите, но и некој да им ги отсекол екстремитетите.

притисни ентер