Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
2Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
2Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
2Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
РакометСпасески: Македонија треба да биде горда на своите ракометари Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески во интервју за МИА истакна дека Македонија треба да се гордее со резултатот кој го постигна македонската ракометна репрезентација на Мундијалот во Катар и изрази уверување дека ова генерација не го има кажано последниот збор. Во продолжение следува интервјуто со Спасески. Во тек е Светското првенство во ракомет на кое свое учество зеде и македонската репрезентација. Имавме добар настап, најдобар наш резултат на Мундијалите, но сепак не успеавме да се влеземе во осумте најдобри селекции. Внимание привлече и присуството на „македонската фаланга". Дали македонскиот спорт ќе извлече придобивка од Светското првенство во ракомет во Катар? - Да, како држава Република Македонија ќе извлече придобивки на неколку полиња. Иако, можеби ја испуштивме историската шанса да ја победиме репрезентацијата на Словенија и да играме во четвртфиналето, а со тоа и да бидеме чекор поблиску до Олимпијадата во Рио Де Жанеиро, сметам дека Македонија треба да биде горда на нашите ракометари, кои достојно не претставија на светското првенство во Катар. Дополнително, мислам дека оваа генерација не го кажала последниот збор и многу придонесе македонскиот ракомет да се етаблира во европскиот и светскиот крем и на нас да гледаат со стравопочит без разлика дали настапува репрезентацијата или некој македонски клуб. Најважно од се е дека македонскиот ракомет доби спортски херои, со кои младите се поистоветуваат и ги сметаат за свои спортски идоли. Со тоа македонската ракометна иднина во наредниот период ќе биде обезбедена. Сега ни преостанува целосно да се фокусираме на квалификациите за европското првенство, кое вгодина ќе се одржи во Полска и да го продолжиме континуитетот на учество на големите меѓународни натпреварувања. Но, од оваа ракометна приказна во Катар, придобивки ќе добие и целокупниот македонски спорт. Имено, имав можност да ја посетам Доха во рамките на работната посета на државата Катар, да проследам неколку натпревари на нашата репрезентација, но и да се сретнам со мојот катарски колега, министерот за млади и спорт Салах Бин Ганим Ал Али со кој договоривме соработка и потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу двете држави во областа на младите и спортот во следниот период, согласно кој ќе се овозможат услови за македонските спортисти да ги користат капацитетите на државата Катар за аклиматизација и успешни подготовки за престојни меѓународни натпревари и подготовки за учество на Олимписки и Параолимписки игри, а ќе се создадат и одлични предиспозиции за обезбедување и на донации во македонскиот спорт. За да имаме успешен спорт, најпрвин потребни се услови односно спортска инфраструктура. До каде се инвестициите на Агенцијата за млади и спорт во делот на спортската инфраструктура? - Успехот во спортот, недвосмислено е поврзан со условите за тренинг и развојот на спортската инфраструктура. Вложувањето на Владата и Агенцијата за млади и спорт преку создавање на инфраструктурни услови за развој на спортот, е со единствена цел да се создадат нови спортски ѕвезди, кои ќе ја претставуваат Македонија на европските и светски натпреварувања. Континуираната изградба на 35 спортски сали, 50 фудбалски игралишта, 100 повеќенаменски спортски игралишта и 120 тениски терени во секоја општина ја потенцираат определбата на Владата за развој на спортот и здравиот начин на живеење. Во изминативе неколку месеци имавме одлична динамика на реализацијата на проектите во делот на капиталната спортска инфраструктура. Пуштивме во употреба 36 повеќенаменски игралишта, 13 игралишта се завршени и подготвени за свечено отворање, но граѓаните веќе ги користат, а уште 5 се во фаза на градба. Изградивме 33 спортски сали од проектот за изградба на “35 спортски сали”, а последните 2 се во фаза на градба. Истовремено, во новата програма имаме предвидено изградба на уште 6 нови сали, кои треба да ги изградиме до 2018 година и за кои веќе почнавме постапки за обезбедување на соодветна проектна документација. Конкретно, во завршна фаза ни е изработката на основните проекти за изградба на спортска сала во Домот за деца без родители „11-ти Октомври” во Капиштец, како и проектот за изградба на спортска сала во општината Шуто Оризари, а нова спортска сала ќе добие и ДСУФК “Методи Митевски – Брицо”, која ќе биде во функција на Спортската Академија, што е уште еден одличен проект на Агенцијата за млади и спорт за создавање на млади и талентирани спортисти. Од проектот за изградба на “120 тениски терени”, 39 се завршени, а 28 се во фаза на градба, со што полека, но сигурно ја менуваме спортската мапа во нашата земја и овозможуваме одлична основа за создавање на нови спортски ѕвезди и психо-физички здрава младина, која ќе биде оттргната од пороците на модерното живеење. АМС имаше во план и еден крупен проект каков што е изградба на затворен базен во Охрид. До каде се подготовките и дали имате предвидено средства за годинава да почнат градежните работи? - Она што според мене ќе ја одбележи 2015 година е конечно почнувањето со градба на затворениот пливачки базен во Охрид, кој ќе биде со ватерполо димензии и кој ќе ги реинкарнира спортовите по кои Охрид беше препознатлив, а тоа се пливањето и ватерполото. Основниот проект е даден на ревизија и по неговото комплетирање, ќе се прејде кон обезбедување на соодветно одобрение за градба, објава на јавна набавка за избор на изведувач и надзорен орган и конечно ставање на камен-темелник на долгоочекуваниот базен во Охрид. Во делот на спортот, Агенцијата за млади и спорт доделува спортски стипендии. Со спортска стипендија се стекнаа и репрезентативците во кошарка кога го освоија четвртото место во Литванија. Ако може попрецизно да не запознаете околу спортските стипендии. - Агенцијата за млади и спорт со стипендиите ги опфаќа сите категории спортисти. Најпрвин со стипендијата за талентирани спортисти-спортска надеж ги опфаќаме најмладите спортисти до 20 години. Тоа претставува награда за трудот за најмладите спортски надежи, кои секојдневно се вложуваат и се надградуваат. Во текот на годината, во период од 10 месеци, 500 млади спортисти примаат стипендија од околу 4 200 денари месечно, со што можат да ги подмират своите издатоци во текот на спортувањето како што се поквалитетна исхрана, односно витамини, протеини, јаглехидрати, нова опрема за тренинг, патики, дресови, итн. Тие треба да исполнат неколку услови, односно да се на возраст до 20 години, да се државјани на Република Македонија, да се репрезентативци во младинските категории и активно да спортуваат и тренираат во периодот додека ја добиваат стипендијата. Истовремено, во оваа мерка се вклучени и членовите на Спортската Академија. Во изминативе неколку години даваме директна поддршка на професионалните спортисти, кои постигнуваат врвни спортски резултати на меѓународната спортска сцена и во континуитет доделуваме стипендии од меѓународна и светска категорија. Ваквите стипендии се доделуваат на спортисти сениори, државјани на Република Македонија, врз основа на постигнати резултати во одреден временски период. Еднаш стекнатата спортска категорија има траен карактер и доживотно му припаѓа на спортистот како титула. Спортската категорија, спортистите ја стекнуваат врз основа на остварените резултати на официјалните натпревари, државни првенства, европски и светски првенства, светско универзитетско првенство и летни и зимски олимписки игри. При утврдувањето на спортската категорија се вреднуваат само резултатите остварени на официјални меѓународни натпревари кои се во календарот на европските и светските асоцијации и државните првенства. Покрај титулата, спортистите добиваат и паричен надоместок од Агенцијата во одреден временски период. Имено, стипендијата од меѓународна категорија се исплаќа во времетраење од две години во вредност од 1,3 просечни плати секој месец, додека стипендијата од светска категорија се исплаќа четири години во вредност од две просечни плати секој месец. Напоменавте дека со стипендијата од светска категорија се стекнаа македонските кошаркарски репрезентативци со освоеното 4-то место на Европското првенство во Литванија во 2011 година, а со оваа титула ќе се стекнеа и нашите ракометари, доколку се пласире меѓу 6-те најдобри репрезентации на Светското првенство во Катар. И секако на крај, Агенцијата за млади и спорт со Националното спортско признание, популарно наречено спортска пензија никогаш не ги заборава спортистите кои постигнале врвен резултат и ја промовирале Македонија во светски рамки. Тоа претставува највисока спортска титула на еден спортист, кој постигнал спортски резултат и тоа: за освоен златен, сребрен и бронзен медал, односно за освоено прво, второ и трето место на Олимписките игри, Параолимписките игри, Шаховска олимпијада, Светски и Европски сениорски првенства во Олимписки и Параолимписки спортови. Тоа е успех за сите граѓани и државата, пример дека со работа, мотивација и желба победите во секоја област се достижни и остварливи. Националното спортско признание се добива во вид на плакета и месечен финансиски надоместок, во висина од една просечна плата до крајот на животот. Со сите овие државни стимули покажуваме дека Република Македонија се грижи за развој на македонскиот спорт. Во делот на младите, колку успева Агенцијата за млади и спорт да ги анимира младите и дали во наредниот период планирате нови проекти? - Како институција одговорна за креирање младински политики и поддршка на развојот на младите луѓе, во секој од чекорите кои ги преземаме, тежнееме кон инклузивност и соработка со младите. Правиме обид да ги консултираме, вклучиме и информираме. Во делот на младите, во изминатиот период реализиравме проекти со кои се потврдува нивната движечка сила како промотори на новите вредности на општеството и државата. Имено, како никогаш досега младите луѓе добија бенефиции, со кои се подобрува општата благосостојба и се потенцира нивното значење во општеството. Само во првите 100 дена од конституирањето на Владата го реализиравме проектот „Слободен четврток“, со кој за сите студенти, секој четврток во месецот се овозможи бесплатен превоз во градските автобуси, жичарницата на Водно и железничкиот сообраќај во Република Македонија, како и бесплатно посетување на сите културни институции во Скопје и во државата. Истовремено, обезбедивме 50% попуст за младите луѓе до 29 години за влезници за театар, музеј, опера, балет и филхармонија, а една година пред планираниот рок ги реализиравме проектите за бесплатен викенд во месецот за превоз во железничкиот сообраќај за млади лица до 27 години, како и проектот за „50 % попуст за ученици и студенти во железничкиот сообраќај“ на повеќе релации низ Македонија и тоа: Скопје – Битола, Скопје – Гевгелија, Скопје – Кочани, Скопје – Куманово и Скопје – Кичево. Штотуку го завршивме проектот “Млади поети” со објавување на збирка поезија од сите пристигнати дела. Проектот започна во текот на септември 2014 година кога беше објавен конкурс за избор на најдобар млад поет, во чии рамки учествуваа 86 млади луѓе. Од страна на стручна комисија, формирана од членови на Друштвото на писатели на Република Македонија, беа избрани најдобрите три творби за кои обезбедивме симболични награди во висина од 10.000 денари, но сметам дека најголемата награда за сите млади е поети е тоа што нивните дела ја видоа светлината на денот и беа објавени во збирката поезија, која веќе ја дистрибуираме до сите основни и средни училишта во земјава и до сите јавни библиотеки. Во 2014 година започнавме и со реализација на проектот за откривање на уметничките потенцијали кај младите луѓе "YOUNG ART". Кампањата ja започнавме со објавување конкурс на кој пристигнаа голем број уметнички авторски дела со што младите уште еднаш ја потврдија својата креативност и потенцијал во уметничкото творештво. За најдобрите, Агенцијата за млади и спорт определи по една награда во износ од 40.000 денари во секоја од петте дисциплини. Проектот ќе го финализираме со завршна изложба на која ќе се претстават сите пристигнати уметнички дела во петте категории: сликарство, вајарство, фотографија, графика и графички дизајн, а изложбата ќе биде поставена во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица. Исто така, го започнавме проектот „Најдобар млад програмер“ со кој ги стимулираме младите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки. За успешна реализација на проектот потпишавме Меморандум за соработка со Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и со Здружението на информатичарите на Македонија, кое поседува лиценца за одржување на државни натпревари во Република Македонија во програмирање. Проектот започна со реализација во текот на декември 2014 година со спроведување на караванот по средните училишта во Република Македонија, со цел промовирање на проектот и информирање на средношколците за самиот натпревар. Караванот го сочинуваат претставници од Агенцијата за млади и спорт, ФИНКИ и од Здружението на информатичарите на Македонија. На победниците по категории од олимпијадата ќе им биде овозможено да заминат на Светската олимпијада која ќе се одржи во Киргистан јули, 2015 година. Од страна на ФИНКИ, на најдобрите ќе им бидат доделени стипендии за бесплатно студирање на факултетот, а од страна на Агенцијата за млади и спорт ќе им бидат доделени награди во техничка опрема која ќе им помогне во нивната натамошна професионална надградба. Во таа насока, а со цел што подобро информирање на младите луѓе и добивање опширни информации промовиравте веб страна. Од каква полза може да им биде овој сајт на граѓаните на Македонија? Да, кон крајот на 2014 година го промовиравме и веб-сајтот наменет за младите луѓе кој содржи информации за значајните културни настани и манифестации, за обуки, пракса и вработување за младите, студентски попусти и секако, информации за проектите и активностите на Агенцијата за млади и спорт и другите институции. Во рамки на сајтот предвидена е можност младите луѓе да комуницираат со нашата институција, но и да ги достават своите идеи и предлози за активностите и работата на Агенцијата за млади и спорт. Оваа вебстрана претставува и место каде младинските здруженија на граѓани можат да ги достават основните информации за своето работење и активности, така што во рамките на овој сајт функционира и база на податоци за младинските организации. Со регистрирањето и најавата на сајтот претставниците на младинските организации можат во секое време да внесат податоци за нивните организации, а потоа да направат и соодветни измени, доколку е тоа потребно, воедно претставува и простор за презентирање на нивните активности. mladi.ams.mk е дел од приоритетот младинско информирање од тековната Национална стратегија за млади, но и дел од напорите на Агенцијата за млади и спорт за редовно информирање на младите луѓе за информациите кои се важни за нив и нивно активно вклучување во активностите на АМС.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
ЖивотБаба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности Меѓу наводните пророштва на Баба Ванѓа за 2027 година се издвојува една необично прецизна бројка. Цената на златото, според тврдењето кое кружи на интернет, би можело да скокне меѓу 25 и 40 отсто, а како причина се споменува развојот на вештачката интелигенција. Засега не постои веродостоен запис кој би ја поврзал таа прогноза со пророчицата. Вангелија Пандева Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, почина во 1996 година, а три децении подоцна нејзиното име се појавува на списоците со предвидувања за секоја наредна година. Како што пренесува Вечерњи лист, повикувајќи се на Sky History, во приказните кои сега се поврзани со 2027 година се споменува и нов извор на енергија, светски конфликт и луѓе со необични способности. Зошто вештачката интелигенција се споменува во приказната за златото? Оние кои го пренесуваат тврдењето за растот на цената на златото го поврзуваат со проширувањето на центрите за обработка на податоци. Според ова толкување, развојот на вештачката интелигенција би ја зголемил побарувачката за електронска опрема, а со тоа и за златото што се користи во одредени компоненти. Сепак, и во таа верзија на приказната има отворено прашање. Како што пренесува Вечерњи лист, соговорниците од индустријата укажуваат дека повисоките цени би можеле да ги поттикнат производителите да бараат поевтини алтернативи. Колку навистина би се променила побарувачката и каков ефект би имала врз вкупната цена на златото не може да се заклучи од изјавата споделена на мрежите. Опсегот од 25 до 40 проценти ѝ дава на приказната изглед на точност. Но, тоа не е придружено со проверлива пресметка што би ја поддржала прогнозата, ниту запис од кој би се видело дека Баба Ванѓа воопшто зборувала за цената на златото во 2027 година. Друга верзија на приказната споменува нов извор на енергија Заедно со прогнозата за злато, се тврди и дека во 2027 година би можел да се развие нов извор на енергија. Во некои толкувања се споменува нуклеарна фузија, иако во пренесениот текст нема оригинален цитат кој би покажал дека Баба Ванѓа зборувала за таа технологија. И терминот „нов извор на енергија“ остава многу простор за толкување. Може да означи експериментален резултат, технолошки напредок или почеток на практична примена. Верзиите што се споделуваат на мрежите не прецизираат на што се однесува тврдењето, па врската со фузијата е сведена на претпоставка. Светскиот конфликт повторно се појавува на списокот Приказната за голем светски конфликт веќе се појави на списоците со наводни пророштва за 2026 година. Во верзиите за 2027 година се додадени поконкретни сценарија. Едниот тврди дека Кина може да ја преземе контролата врз Тајван, додека другиот споменува директна конфронтација меѓу Соединетите Американски Држави и Русија. Не постои проверлив запис за тие тврдења кои би ги поврзале со изјавата на Баба Ванѓа, ниту е јасно кога првпат биле поврзани со 2027. Повторувањето на истиот мотив во списоците за различни години покажува колку содржината на тие списоци се менува од една верзија во друга. Приказната за натчовечките способности веќе кружи Меѓу тврдењата кои повторно се споделуваат е и она на луѓе кои, наводно, по некоја мистериозна болест или генетски експеримент, би можеле да развијат натчовечки способности. За таа приказна веќе пишувавме на порталот Ona.rs. Ниту во новата верзија нема детали за какви способности станува збор, а немањето конкретни податоци отвори простор за шпекулации за тајни лаборатории. Тие шпекулации се непотврдени, како и самото тврдење дека приказната е од Баба Ванѓа. Од каде прогнозите за поединечни години? Дел од изјавите кои и се припишуваат на Баба Ванѓа се пренесени преку луѓе кои ја познавале, меѓу кои била и нејзината внука Красимира Стојанова. Кога таквите изјави се пренесуваат низ годините, тешко е да се одреди каде завршува она што се слуша и каде започнува последователното толкување. Уште потешко е да се одреди кога е додаден точен датум или конкретна бројка на приказната. За прогнозите за златото, енергијата, светските конфликти и натчовечките способности во пренесениот текст, нема оригинален запис или снимка што би потврдила дека Баба Ванѓа ги зборувала и ги поврзувала со 2027 година. Токму затоа и најточниот детал на листата, порастот на цената на златото до 40 отсто, го има истиот статус како и другите- непотврдено тврдење на интернет.Тагови: баба Ванѓа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДвојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фиреротСуд во германскиот град Минстер го осуди Холанѓанецот Стефан Вајкамп (59) на условна осуммесечна затворска казна за величење на Адолф Хитлер и поттикнување омраза.Судијата му наложи да плати казна од 1.000 евра и да ги плати судските трошоци, велејќи дека неговите јавни изјави сериозно ги навредиле жртвите на нацистичкиот режим и го нарушиле јавниот ред и мир, објави денес NL Times. Вајкамп, кој е од Остербек, дојде на суд облечен како двојник на Хитлер. Тој е активен и во крајно десничарските кругови со децении и редовно учествува во неонацистичките демонстрации во Северна Рајна-Вестфалија. На митингот во Минстер минатата година, тој отворено го пофали нацистичкиот лидер во снимка што сè уште е достапна онлајн. „Тој беше брилијантен. Хитлер беше гениј. Го восхитувам. Мојата љубов кон Германија се вика Адолф Хитлер“, рече тој. На суд, Вајкамп ги повтори тие зборови и изјави дека „го сака Фирерот“. Додека се пушташе снимката од демонстрациите, тој постојано климаше со главата во знак на согласност, објави германскиот јавен радиодифузен сервис WDR. Условната казна вклучува тригодишен пробен период, а тој може да се жали на пресудата.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТалибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“Талибанските власти на во северната авганистанска провинција Балк ги забранија имињата на жените во официјалните документи, вклучително и медицинските досиеја и рецептите. Здравствените работници и другите јавни службеници добија наредба, наместо со нивните имиња, да ги нарекуваат жените со „Биби“, термин кој традиционално се користи за обраќање кон жените, што може да значи и „баба“. Според сведоштвата на авганистанските жени и активисти, некои талибанци им се обраќаат на жените и со погрдни термини како „коза“ и „крава“. Авганистанските активисти стравуваат дека забраната за употреба на женски имиња може да се прошири на целата земја. Активистите предупредуваат на опасност за женските пациенти Авганистанскиот активист Лалах Османи предупреди дека забраната може да има сериозни последици за здравствената заштита. Ако под исто име се чуваат десетици медицински досиеја и рецепти, се зголемува ризикот од промена на пациентите и медицински грешки. Ситуацијата дополнително се усложнува со ограничувањата според кои машките лекари не смеат да прегледуваат женски пациенти без да исполнуваат посебни услови. Талибанците исто така им оневозможија на жените да студираат за здравствени професии. Зубаида Акбар од организацијата за заштита на правата на жените Фемена предупреди дека талибанците претходно ги прошириле ограничувањата воведени на локално ниво на целата земја. Нејзината организација забележала повеќе од 144 одлуки со кои талибанците ги ограничиле правата на жените. Жените со години се борат за правото на сопственото име Во Авганистан долго време постои обичај да се изостават женските имиња од надгробните споменици, поканите за свадби и одредени официјални документи. Жените често се идентификуваат исклучиво според нивниот однос со машките членови на семејството, како нечија сопруга или ќерка. Османи во 2017 година ја започна кампањата „Каде е моето име?“ со која бараше имињата на мајките да бидат запишани во изводите на нивните деца. Во 2020 година, тогашната авганистанска влада овозможи доброволно внесување на тие податоци. По враќањето на власт во август 2021 година, талибанците им забранија на девојчињата од средно образование, пристапот на жените до универзитети и работа во бројни професии и значително ја ограничија нивната слобода на движење и учество во јавниот живот.Тагови: талибанци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31