Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца
2Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ЗдравјеСпасен живот: Успешно изведена шеста трансплантација на црн дроб Успешно е извршена шестата трансплантација на црн дроб кај 67-годишен пациент во тешка здравствена состојба, со што му е спасен животот. Направена шеста трансплантација на црн дроб. Кај 67 годишен маж успешно е направен трансплантација, која е животоспасувачка, а пацинетот бил во тешка здравствена состојба. Пациентот по 12 дена до интервенцијата е во стабилна состојба, објаснува хирургот Светозар Антовиќ. „Пациентот имаше уште еден месец живот и имаше индикации на малигно заболување што започнало од каналите на жолчката“, изјави проф.д-р Светозар Антовиќ клиника за дигестивна хирургија. Трансплантацијата е највисокото достигнување во животот, но и најхумана одлука кога семејство на починат ја носи одлуката да ги донира органите на нивниот близок. Целиот тим на транасплатантација заедно со професорот Антовиќ благодарни до хуманиот чин на фамилијата што донираше црн дроб за тешко болен. „Голема благодарност до семсјтвото, тешка одлука, но и многу фамилии тешко се одлучуваат за донирање на органи, досега имавме шест одбивања, што навистина оваа фамилија ја разбра големината на нивната одлука и спасија живот“, објасни проф.д-р Светозар Антовиќ клиника за дигестивна хирургија. Во последната деценија се повеќе се зголемуваат заболувањата на органите во стомакот најчесто канцерот, обајснува професорот. За него е важна едукацијата кај медицинскиот кадар и воведување на скринизни. Од 16-18 април во Скопјемакеоднската асоцијација на абдоминални хирурзи организира Европски конгрес каде акцентот ќе бидат новите достигнувања во хирургијата. „На конгресот ќе се говори за новите достигнувања. За жал ракот е во подем и кај млади луѓе. Освен што е важна хиругирјата исто така е важна и скриниг програмата која навреме ќе детектира рак кој полесно и поевтино ќе се третира“, потенцира проф.д-р Светозар Антовиќ Клиника за дигестивна хирургија Министерството за здравство соопшти дека ќе има нови измени во законот за трансплантација кои се достапни на ЕНЕР системот административни постапки и овозможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на органи по смртта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаЈанчев: Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитетЗимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитет, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.Во моментов механизацијата е ангажирана на расчистување на патниот правец кон Бошавијата и горните села, каде што се работи на отстранување на снегот и одржување на проодноста на патиштата. Екипите и механизацијата се на терен и продолжуваат со активностите согласно временските услови и потребите. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСанчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез, од социјалистичката партија PSOE, гласаше денес на предвремените парламентарни избори и изрази увереност дека излезноста ќе биде историски висока и дека има добро чувство за изборите.Тој им рече на новинарите на гласачко место во мадридскиот округ Монклоа дека „гласот е најголемата моќ“ и дека би било добро сите граѓани кои имаат право на глас да излезат на гласање, објави шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE. „Колку е поголема излезноста, толку подобро ќе се одразат чувствата на граѓаните и толку поголема сила ќе има владата за да продолжи да ги спроведува своите политики“, рече Санчез. Избирачките места се отворија утрово во Шпанија за предвремените парламентарни избори кои би можеле да ја доведат крајната десница на власт за прв пат откако земјата се врати во демократијата по смртта на генералот Франциско Франко во 1975 година. Повеќе од 100.000 припадници на Националната полиција и Цивилната гарда ќе се грижат за безбедноста на 22.493 избирачки места. Право на глас имаат повеќе од 38,5 милиони гласачи, избирајќи ги сите 350 членови на Долниот дом на парламентот преку затворени партиски листи, како и 208 од 266 членови на Сенатот. Премиерот го избира исклучиво Долниот дом, додека преостанатите сенатори ги назначуваат регионалните парламенти. Новиот Долен дом ќе се состане на 23 декември за да го избере претседателот на парламентот, а потоа шпанскиот крал Фелипе ќе предложи кандидат за премиер, кој обично е лидер на партијата што освоила најмногу гласови. За да биде избран, кандидатот мора да обезбеди апсолутно мнозинство, или најмалку 176 гласови, или едноставно мнозинство во вториот круг гласање. Нема рок за преговори за владина коалиција, но новата влада мора да се формира во рок од два месеци од тоа гласање за да се избегнат нови избори. Иако редовните избори не беа закажани до следното лето, шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез ги распиша изборите откако конзервативната Народна партија (ПП), крајнодесничарската Вокс и десничарската каталонска сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ ги отфрлија итните законски мерки предложени од неговата влада за решавање на станбената криза во земјата. Анкетите на јавното мислење пред изборите покажуваат дека Санчез нема да успее да го продолжи својот осумгодишен мандат, а се очекува конзервативната Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Фехој да освои најмногу гласови и би можела да формира влада со поддршка на крајнодесничарската Вокс. Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, ги распиша изборите откако парламентот ги отфрли неговите декрети на 2 октомври, кои беа наменети за ублажување на растечкото незадоволство поради зголемувањето на кириите и присилните иселувања.Тагови: Педро Санчез Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МетеоПриватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор.. -На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни. Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен. Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter