Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење
2Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење
3Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрација
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
БалканСПАК поднесе кривична пријава против поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу -Во обвинението на СПАК се наведува дека Медиу се товари дека во врска со процесот на демилитаризација и демонтирање муниција што се одвивал во просториите на поранешна „тенковска бригада“, во село Грдец.Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, по опсежната истрага, денеска поднесе кривична пријава против поранешниот албански министер за одбрана и лидер на Републиканската партија, Фатмир Медиу, за злоупотреба на службената должност во врска со трагедијата што се случи во Грдец, во близина на Тирана пред 15 години. Медиу е обвинет од СПАК дека во соработка со други функционери на Министерството за одбрана, како и лица кои командувале со воен персонал, донел повеќе подзаконски акти спротивни на законот. -Во обвинението на СПАК се наведува дека Медиу се товари дека во врска со процесот на демилитаризација и демонтирање муниција што се одвивал во просториите на поранешна „тенковска бригада“, во село Грдец, општина Вора, во соработка со други службени лица од Министерството за одбраната како и лица од армијата, донеле повеќе подзаконски акти спротивно на законот. На тој начин наштетил на државните интереси и ги фаворизирал двете компании „САЦ“ и „Албадемил“, јави Топ чанел. Во текот на истрагата на оваа кривична постапка биле извршени и натамошни дејствија во врска со постапката за продажба на воена муниција од страна на Министерството за одбрана и компанијата „МЕИКО“ на странските компании „Евдин“ дооел, со седиште во Кипар и „AEY“, со седиште во Флорида. Овој потег на СПАК дојде откако Специјалниот апелациски суд на 24 септември 2021 година го врати досието „Грдец“ на истрага во оваа институција. -Медиу е еден од осомничените за злоупотреба на службената должност за инцидентот во 2008 година кога не само Албанија, туку и регионот, беа шокирани од експлозијата во воениот магацин за демонтирање на муниција. Во врска со овој случај на распит во СПАК беше и Шкелзен Бериша, син на поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша, додава телевизијата. Откако беше на распит во СПАК, на 10 јануари, Медиу, изјави дека мотивот е политички, додавајќи дека е невин, бидејќи, според него, „министерска наредба не ја предизвикала трагедијата“. Додаде дека немал никаков контакт со американската фирма која се занимавала со демонтирање на муниција и дека е подготвен да одговори за секој документ што го потпишал. - Кристално јасно е дека немам сознанија, ниту знам кој потпишал. Ако го најдат мојот потпис на кој било документ во врска со ова прашање, јас ја преземам целата одговорност. Не сум имал никаков контакт со американската компанија која се занимавала со демонтирање, изјави тој. На 15 март 2008 година на пладне, како последица на силна експлозија во погонот, животот го загубија 26 лица кои работеа таму, меѓу кои и деца, а многу повеќе беа повредени. Покрај жртвите, експлозијата уништи и стотици индивидуални и деловни објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПовторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоциМВР апелира на внимателностМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки. Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: пораки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПеткоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значењеНавременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење за националната и финансиската безбедност.На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска која истакна дека во услови на сложени и променливи безбедносни, политички и економски околности од особено значење е институциите да постапуваат одговорно, транспарентно и навремено, особено кога станува збор за прашања кои директно влијаат врз стабилноста и довербата во финансискиот систем и посочи дека утврдувањето на причините за одредени институционални постапки, како и јасното дефинирање на одговорноста на надлежните органи се неопходни за заштита на јавниот интерес и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите. „Во услови на динамични геополитички промени и се посложени безбедносни предизвици навременото препознавање на ризиците и правилната процена на нивното влијание врз националната безбедност се од особено значење за секоја држава. Сведоци сме дека безбедносната состојба во Европа и поширокиот регион е под влијание на повеќе паралелни процеси. Нашата држава како членка на НАТО има дополнителна одговорност но и обврска активно да допринесува за колективната безбедност, а тоа подразбира следење на состојбите и ефикасна размена на информации, координација и навремено информирање на институциите кои носат одлуки“, посочи Петкоска. Петкоска постави прашање во областа на регионалната и националната безбедност, со фокус на следењето на безбедносно-стратешките појави од страна на Агенцијата за разузнавање, навременото информирање на државниот врв и размената на информации со НАТО партнерите. „Во таа насока би сакала да ви го поставам следното прашање: Кои тековни регионални и безбедносно стратешки појави што може да имаат ефект на прелевање кон Македонија ги следи Агенцијата за разузнавање и со која динамика го известува државниот врв за истите? Дополнително, ме интересира како се одвива текот на информирање на државниот врв за безбедносните предизвици од една страна и размената на информациите со НАТО партнерите од друга страна? Дали станува збор за редовно и систематско известување или динамиката се приспособува согласно интензитетот и сериозноста на конкретните безбедносни случувања. Колку е важно во овој процес навременото споделување на информациите особено кога станува збор за појави кои во почетната фаза можеби не претставуваат директна закана за нашата држава, но доколку не се препознаат навреме можат да прераснат во сериозен безбедносен предизвик“, рече Петкоска, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЈаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрацијаТони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се осврна на актуелните случувања поврзани со Алта банка.Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се осврна на актуелните случувања поврзани со Алта банка, потенцирајќи дека на надзорната расправа релевантните фактори покажале сериозен и квалитативен пристап при изнесување на фактите. „Она што е добро, што денес имавме можност да имаме еден исцрпен, сериозен и квалитативен пристап од сите поканети сведоци на расправата, и имавме можност да уште еднаш ги потврдиме фактите како што се, но исто така имаше можност да се разбие една магла, што некој упорно се трудеше да ја направи и во јавноста, а и денеска неуспешно на седницата. И добро е што сите релевантни фактори денеска што имаа искази, ни помогнаа да сфатиме дека сепак има разлика од она што бевме научени порано и дека случајот со Алта банка Битола не е ниту ТАТ, ниту Лавци, ниту Алфа С, ниту пак Еуростандард и дека можеби тоа се токму причини, некогаш во некои диви времиња кога исто така државата беше предводена од СДС, да се направи регулација на овој пазар или на оваа дејност, која што ќе ме исправите ако грешам, можеби најрегулирана во сите сфери и од тој аспект токму тие се мерки, инструменти и чекори коишто се преземаат за такви случувања да не се повторат“, рече Јаревски и додаде: „И во овој случај ниту имаме стечај, ниту имаме пропаѓање, ниту имаме неисплатени побарувања, ниту неисплатени штедни влогови итн., туку имаме мерка на администрација и каде што можеби сите констатираме дека Народната банка брзо реагирала, соодветно реагирала, ги искористила правите инструменти, секторот е стабилен, банката е ликвидна и дека имаме услови, дури и колегата спомена, мала промена во наративот во првот дел од расправата дека имаме услови каде што банката има основа да биде ставена на продажба и понатаму да функционира“. Во однос на случувањата со Алта банка, пратеникот Јаревски посочи дека постои мерка на администрација, односно, Народна банка реагирала навремено и соодветно. Тој упати прашање до вицегувернерот на Народна банка, Игор Величковски, во однос на законската основа, односно ограничувањата кои се воведени за располагање на средствата на граѓаните и компаниите и дали се превидени олеснувања за истите. „Исто така да ви се заблагодарам и во вашето експозе каде што обрнавте внимание и за причините и за законските основи на самата администрација што се однесува, тоа се многу важен сегмент да се направи и разлика од она мешање со термините во јавноста, но исто така би сакал и да изнесам, да ја искористам и можноста да запрашам нешто повеќе околу законската основа и практично зошто се воведуваат ограничувањата за располагање на средствата на граѓаните и компаниите. Можеби тоа е последниот сегмент да го разбиеме комплетно и да ги разобличиме овие наводи што се во јавноста, односно средствата на граѓаните и компаниите и следствено на тоа дали се предвидуваат понатаму и олеснувања во однос на располагањето на средствата на правните лица. Сметам и ценам дека уште овие два елементи доколку обратиме соодветен аспект, конкретната информација, дека некои што сакаат да прават забуни, дека некои коишто сакаат да ја однесат банката во стечај, сите нивни адути ќе бидат отстранети“, рече Јаревски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter