3СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
ТехнологијаSpaceX полета со сладолед, авокадо и опрема за експерименти за космонаутите Испораката „Space X“, која вклучува мравки, авокадо, сладолед и роботска рака со големина на човек, е лансирана денеска кон Меѓународната вселенска станица (ИС).Пратката што треба да пристигне утре, е 23 -та по ред што американската комерцијална вселенска компанија „Спејс Икс“, сопственост на Илона Маск, ја прави за НАСА за нешто помалку од една деценија, пренесува АП. Ракетата Фалкон (Сокол) беше лансирана утрово од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида за да ја подигне капсулата Dragon (Змеј), која носи повеќе од 2.170 килограми резерви и експерименти, како и свежа храна, вклучувајќи авокадо, лимон, па дури и сладолед за седумтемина астронаути во вселенската станица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГерманско здружение поднесе жалба против „Мета“ поради паметни очила, бара забрана за продажбаГерманската организација за заштита на дигиталните права „HateAid“ поднесе кривична пријава против „Meta“ и компаниите што ги продаваат нејзините очила со вештачка интелигенција во Германија.Во пријавата се наведува дека овие уреди – конкретно моделот „Ray-Ban Meta Wayfarer“ – ги прекршуваат германските закони за дигитална приватност. Ова претставува најнов случај на правен притисок во земја каде што правото на приватност е високо ценето, пренесува „Ројтерс“. Организацијата ја поднесе пријавата до Централната канцеларија за борба против сајбер-криминалот (ZIT) со седиште во Франкфурт, насочена против раководството на „Meta“, производителот на очила „EssilorLuxottica“ (во чија сопственост е брендот „Ray-Ban“), како и против трговците на мало „Fielmann“, „Apollo-Optik“, „Mister Spex“ и „MediaMarkt“. „Не можете да им побегнете на паметните очила. Во секој момент мора да претпоставите дека некој ве снима и дека снимката ќе ја објави на интернет“, изјави извршната директорка на „HateAid“, Жозефин Балон. HateAid истакнува дека нејзината претставка се заснова на сојузниот закон за заштита на дигитални податоци. Тој закон ја забранува продажбата на комуникациски уреди наменети за тајно снимање на луѓе. Од Mister Spex изјавија дека прашањето за заштита на приватноста го сфаќаат многу сериозно, но дека сè уште не се официјално известени за претставката. Другите споменати компании и ZIT не одговорија веднаш на барањата за коментар. Германскиот регулатор за дигитални комуникации, Сојузната агенција за мрежи (BNetzA), уште кон крајот на 2023 година објави дека се забранети поврзани уреди способни за тајно аудио или видео снимање. Во средата, агенцијата за „Ројтерс“ изјави дека внимателно го следи пазарот на паметни очила, но во моментов не спроведува официјална истрага. „Поседувањето, увозот или продажбата на паметни очила не се забранети, под услов функцијата за снимање да биде јасно видлива – на пример, преку светлосен сигнал“, објасни портпарол на агенцијата. Во јули, медиумската куќа SWR објави дека и органот за заштита на податоци на покраината Хамбург презема правни мерки во врска со употребата на паметни очила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураДрамски театар со претставата „Кармен“ го отвора театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“ во НеготиноСо изведба на претставата „Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје утре, на 14 август, во Неготино се отвора Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев.Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино од 14 до 23 август ќе има можност да проследи пет претстави во ревијалната фестивалска програма. По утрешното отворање на фестивалот со монодрамата „Кармен“ на актерката Биљана Драгиќевиќ- Пројковска во режија на Дејан Пројковски на НУ Драмски театар Скопје, наредната фестивалска вечер ќе биде во вторник на 18 август со изведбата на претставата „Знаме и куфер“ на режисерката Изабела Јакимова во продукција на „Театар за тебе“ од Скопје. Во среда на 19 август театарот „Ј.Х.К.-Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Синиот портокал“ на режисерот Александар Ивановски. На 21 август (петок) на програмата на фестивалот е „Магионичарско шоу“, детска програма со Кристијан Шопов - Кико Магико. Годинашниот театарски фестивал „Бранко Ѓорчев“ се затвора во недела на 23 август со ансамблот на Народниот театар „Ацо Шопов“ од Штип кој ќе ја изведе претставата „ЈЗУ Европа“ на режисерката Кристина Атансова. Монодрамата „Кармен“ на фестивалот во Неготино ќе биде изведена 51. пат по премиерата што претставата ја имаше во мај 2021 година. Претставата е работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново СелоОваа година немав многу време за одмор.Одговор на претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашањето на Канал 5 каде го минува летниот одмор. Оваа година немав многу време за одмор. Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село, таму каде што беа нападнати младите. Следната недела планирам да одам и во Гостивар, да видам како се луѓето. Последниот пат кога бев, состојбата беше многу лоша. Владата испрати само три цистерни вода за цел град. Во меѓувреме ќе се обидам да поминам неколку дена со моите, а потоа ме чека и работата во болница. Ако ви требаат информации за реалните проблеми на граѓаните, слободно. За туристички дестинации, подобро прашајте кај оние што летаат со државен авион. Поздрав, Венко ФилипчеТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00