Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ТехнологијаSpaceX од петти обид успеа да ја приземји ракетата (ВИДЕО)Компанијата SpaceX на Илон Маск, во петтиот обид успеале да го спштат на земја прототипот на ракетата „Старшип“ на полигонот во Тексас, без да експлодира леталото.Тест летот претставува голема победа за амбициозната компанија која сака да пренесе човечки екипажи на Марс со Starship. "Номинално слетување со Starship!" твитна триумфално основачот на компанијата Илон Маск откако претходните четири обиди завршија со експлозии на леталата. „Номинално“ значи нормално во контекст на летот во вселената. Слетувањето не било беспрекорно и кратко по слетувањето мал пламен ја зафатил основата на ракетата висока 50 метри. Експертот на SpaceX, Џон Инсперкер, објаснил дека ова „не е невообичаено со метанското гориво што го користиме“, додавајќи дека инженерите сè уште решаваат проблеми со дизајнот. Пламенот набрзо бил изгаснат со водени топови, покажува снимката. Ракетата полетала од Starbase во Бока Чика, Јужен Тексас, во 17 часот и 25 минути по локално време, достигнала висина од 10 километри и извршила низа маневри, вклучително и хоризонтално спуштање. SpaceX се соочува со дополнителен притисок да успее со летот, наречен SN15, откако НАСА минатиот месец објави дека верзија на Starship ќе се користи како летало за Месечината кога американската вселенска агенција ќе ги врати луѓето на неа. Но, зделката од 2,9 милијарди долари во моментов е блокирана откако две ривалски компании - Blue Origin и Dynetics на Џеф Безос поднеле жалба. Доколку договорот ги преживее тие жалби, тоа ќе го трансформира Starship од играчката на Маск во голем потфат финансиран од даночните обврзници, со целиот надзор што го вклучува. Првите два пробни лета на Starship, СН8 и СН9, експлодираа при слетувањето кога беа лансирани во декември, односно февруари.Следниот, СН10, успешно слетал на 3 март и потоа експлодирал неколку минути подоцна. Емитувањето на видеото било прекинато за време на четвртиот тест лет, СН11, а Маск подоцна потврдил дека и тој експлодирал, овој пат среде лет. SpaceX планира да го комбинира леталото Starship со ракетата Super Heavy, создавајќи целосно нов систем за длабоко истражување на нашиот сончев систем. Оваа финална верзија ќе биде висока 120 метри и ќе може да носи 100 тони во орбитата на Земјата, што ќе биде најмоќното лансирно возило развиено досега.Така, Маск сака да ја постигне својата цел да го трансформира човештвото во мултипланетарен вид со колонија на Марс. Планираната верзија на sвездениот брод на Месечината, сепак, би служела за поскромна цел - да слета на идната лунарна орбитална станица, да ги преземе астронаутите и потоа да ги насели на Месечината. За да ги привлече астронаутите воопшто до лунарната станица, НАСА има на ум повеќе традиционален план: користење на своја огромна ракета СЛС со капсула на екипаж наречена Орион сместена на врвот на ракетата. Но, ракетата СЛС претрпе сериозни доцнења и пробивање на трошоците, па набљудувачите сметаат дека ако „Старшип“ успее, СЛС може еден ден да пропадне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24