3Герасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенција
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ТехнологијаSpaceX накратко ја состави најголемата ракета во историјата (ФОТО)Американската компанија SpaceX ја состави најголемата ракета досега, пренесува Би -Би -Си.Двата ракетни сегменти - горниот sвезден брод и долниот погон Super Heavy - се поврзани во фабриката SpaceX во Бока Чика, Тексас. Поради висината од околу 120 метри, сите претходни ракетни системи изгледаат џуџести во однос на оваа. Кога конечно ќе полета, ќе произведе двојно поголем потисок од ракетата што ги испрати луѓето на Месечината. За поврзување на двата сегменти бил потребен масивен кран. Ракетата била задржана на таа позиција еден час, а потоа е расклопена. SpaceX има уште неколку недели, или месеци за тестирање, пред првиот лет, веројатно до крајот на 2021 година. Извршниот директор Илон Маск го нарече ракетното спојување „сон што стана јаве“. Тој вели дека Starship, откако ќе биде завршен, ќе биде способен да ги одведе луѓето на Месечината и на Марс. Исто така, може брзо да превезува луѓе низ целиот свет, а друга очигледна цел е поставување сателити во орбитата. Во моментов најмоќната ракета во употреба е Falcon Heavy, исто така развиена од SpaceX. „Фалкон Хеви“ произведува потисок од 23 мегавати при лансирањето, а новата ракета „Супер Хеви“ треба да достигне моќност од околу 70 мегавати.“ Starship Fully Stacked pic.twitter.com/Fs88RNsmfH — Elon Musk (@elonmusk) August 6, 2021 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОНМакедонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски беше дел од отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации.„Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на Обединетите нации. Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка. Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси.“- објави Мицкоски на Фејсбук. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на ЛазаревиќБожиновска бара извинување за 24 часа. СДСМ да ги повлече „лагите“. Фактите не се лаги. Тие се регистар.Од 2011 до 2014 била извршен директор на Руднап Група за Централна и Источна Европа. Одговорна за активности во Северна Македонија, Србија, Бугарија и регионот. Од 23 март 2012 до 11 март 2014 - управител на Руднап Бугарија ЕООД. Во 2012 таа фирма направила промет од над 130 милиони бугарски лева. Името ѝ стои и во документацијата на загребската фирма на Руднап, промена регистрирана на 6 декември 2013, идентификувана со бугарски пасош. Не била само вработена. Била запишана управител на компанија на Лазаревиќ во Бугарија и во списите во Хрватска. Пред тоа, 2006–2011, работела во ЕЗПАДА, меѓународна трговија со струја. ЕЗПАДА се вкрстувала со мрежата на Руднап на Војин Лазаревиќ. Во 2011 нејзиното име влегува во собраниска расправа за увоз на струја. РСЕ ги пренесува стенограмите: блискост на тогашните Руднап и ЕЗПАДА со тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот човек. Истата гранка. Тогаш имаше шеф. Денеска е министерка. На 11 август 2026 ЕВН склучува околу 13,2 милиони евра со METER&CONTROL од Србија за броила. СДСМ ја врзува фирмата со групацијата на Лазаревиќ. Граѓанинот ќе ги плати на сметка. Таа вели нема врска со постапката. Врската е целата кариера. Мостот меѓу Лазаревиќ и Мицкоски е Душан Адамовиќ. Човек со криминално минато. Навивач од хулиганските кругови околу Вучиќ. Висок кадар на СНС. Бизнис-партнер на арамијата. Почесен конзул на Македонија во Србија - човек што нашата земја ја нарекува окупирана српска територија, окупирана од Македонци. Тој е врската. Преку него оди увозот на струја. Преку него се врзуваат Лазаревиќ, Мицкоски и министерството. Божиновска е ставена да го води ресорот енергетика како човек од доверба на Лазаревиќ. Затоа има ново министерство. Затоа има увоз. Затоа има броила. Затоа има барање за извинување наместо хартија. Божиновска не е само човек од доверба. Дваесет години е во бизнис-релација со Војин Лазаревиќ - од ЕЗПАДА, преку Руднап во Софија, Загреб и Скопје, до министерското столче и договорот за броила. Иста гранка. Исти луѓе. Иста каса. Адамовиќ го држи мостот. Мицкоски ја држи власта. Народот ја плаќа сметката. Наместо извинување, го молиме Обвинителството, ако може да реагира без повик од Мицкоски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенцијаЛокалната самоуправа, со вложување во вакви проекти, континуирано ја зајакнува социјалната заштита и обезбедува поквалитетен живот за децата и семејствата.Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија, е првата општина во државата која на организиран начин спроведува обуки на воспитно-згрижувачкиот кадар и стручните служби во детските градинки за рана детска интервенција. „Има голема заинтересираност за оваа обука, која ја спроведуваат стручни лица во нашите градинки. Крајна цел е вработените да создаваат поттикнувачка средина за децата, да знаат како да ги препознаат потешкотиите во нивниот развој и навремено да ги информираат родителите, за да се даде соодветна помош на оние на кои им е потребна", рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Преку проектот на СОРИД, наменет за деца до шестгодишна возраст, се нуди поддршка за рана интервенција, како и поддршка на семејствата. За сите родители кои сакаат да се вклучат се прави индивидуална проценка на детето и потребите на семејството, по што се изготвува Индивидуален семеен план за поддршка (ИСПП), со континуирана поддршка од стручно лице. За информации и совети функционира и платформата www.ranaintervencija.mk, поддржана од Општина Центар. Локалната самоуправа, со вложување во вакви проекти, континуирано ја зајакнува социјалната заштита и обезбедува поквалитетен живот за децата и семејствата. Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook