РакометСП ракомет: Започнува битката за место во финалето Со дуелите од полуфиналето , започнува разврската на Светското ракометно првенство во Катар. Во првиот полуфинален меч кој ќе започне од 16 часот и 30 минути ќе играат Катар и Полска. Во битката за финалето, домаќинот Катар ќе ја има поддршката од трибините, во обид да стане првата не европска репрезентација која успеала да обезбеди пласман во финалето. За остварување на целта Катарците ќе треба да ја минат Полска, која на овој шампионат потврди дека има одлична генерација, кој пак ќе се обиде да го достигне резултатот на генерацијата која во 2007 година го освои сребрениот медал, а потоа и евентуално да го надмине. Втората полуфинална средба е во терминот од 19 часот, а истата со право го носи епитетот „финале пред финалето’’. Причината едноставна, бодејќи во него ќе играат актуелниот светски првак и бранител на трофејот од пред две години Шпанија, против актуелниот олимписки и европски шампион репрезентацијата на Франција. „Црвената фурија„ ќе се обиде да ја продолжи низата од 10 победи на големите натпреварувања, која трае од 14 јануари 2014, кога Шпанија за последен пат беше поразена и тоа токму од Франција на Европскиот шампионат во Данска. Гледајќи ја традицијата, Шпанците се надеваат дека со евентуален пласман во финалето тие би го одбраниле шампионскиот трофеј. Имено, Шпанија досега двапати го има минато полуфиналето, а потоа и освоено светската шампионска круна. „Триколорите„ со свои мотиви. Доколку Франција се пласира во своето шесто финале на Мундијалите, како и нивниот противник Шпанија, се надеваат на целосен успех, бидејќи во досегашните пет финални натпревари Французите имаа загубено само еден меч. Сепак, најголемиот мотив за Французите е обидот за обединување на титулите во трите најголеми натпреварувања. Доколку Франција, ја мине Шпанија во полуфиналето, а потоа успее да триумфира и во финалето, оваа земја ќе стане првата која успеала истовремено да биде, европски, светски и олимписки шампион. Кој ќе биде епилогот и кои селекции за каков медал ќе се борат, останува да ги сочекаме исходите од полуфиналните натпревари. Инаку, покрај полуфиналните средби, денеска се играат и натпреварите за пласман од 5 до 8.место, во кои ќе разигруваат, Хрватска – Германија и Данска – Словенија. Дуелите за медал на програмата се во недела. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАДрес на Мајкл Џордан се продава за 100 милиони долари! Дресот што славниот НБА кошаркар, Мајкл Џордан го носел на натпревар од финалето во 1998 година против Јута ќе биде најскапиот во спортската историја.Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4-2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а за најкорисен играч (МВП) на финалната серија беше прогласен никој друг туку Мајкл Џордан. „Летечкиот Мајкл“ одигра неверојатна серија и постигна 24 поени на третиот натпревар, во кој Чикаго победи со 96:54 – односно со разлика од 42 поени – што и ден-денес претставува најубедливата победа во историјата на финалните натпревари. Сега, 28 години подоцна, дресот на Мајкл Џордан од третиот натпревар е ставен на продажба и ќе стане најскапиот во историјата, бидејќи се предвидува дека ќе се продаде за неверојатни 100 милиони долари! Американските медиуми објавија дека сопственик на овој дрес е инвеститорот и актер Роб Гоф, кој рано ја започнал својата „потрага по богатство“ и успеал да дојде до тој дрес. Мајкл Џордан и „Чикаго Булс“ тогаш ја освоија втората „триплета“, односно по вторпат успеаја да освојат три шампионски титули по ред, а во 1998 година, Чикаго беше последниот НБА шампион. „Не знаев каде се наоѓа и не ми беше лесно да го најдам. Ја најдов вистинската личност која ме упати кон друго лице, но за жал, никогаш не се запознав со сопственикот на дресот бидејќи сè платив преку посредник, кој заработи милиони долари од тоа“, додаде Роб Гоф. Гоф стана сопственик на овој дрес пред четири години, а сега го продава; се проценува дека тоа ќе биде првиот дрес носен на натпревар што ќе се продаде за толку голема сума пари, односно 100 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
Црна хроникаУапсени се десет возачи- деветмина возеле без возачка, од кои двајца малолетнициЛишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМаж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременостДваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево во Косово.Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешко убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица. Сопругот е исто така тешко ранет од огнено оружје и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја опишуваат неговата состојба како многу сериозна и нестабилна. Парот пронајден ранет во спалната соба Полицијата добила пријава за пукањето синоќа околу 23:20 часот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле сопружниците со прострелни рани во спалната соба. Двајцата биле пренесени во болница. Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека 25-годишна сопруга била донесена околу 00:15 часот без знаци на живот. И покрај обидите за реанимација, нејзината смрт е потврдена. Таа била бремена во 34-та недела. Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Директорот на службите за итни случаи, Насер Сила, изјави дека мажот бил интубиран и поврзан со респиратор, како и дека се извршени потребните тестови. Обвинителство: Сопругот е осомничен за тешко убиство Основното обвинителство во Ѓаковица потврди дека 26-годишниот сопруг на убиената жена се води како осомничен во овој случај. Покрената е постапка за тешко убиство и неовластено поседување, контрола или поседување оружје. На местото на злосторството е пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека е употребено во пукањето. По наредба на обвинителот, телото на убиената жена е пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција. Полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на злосторството. Засега, официјално не е објавен можен мотив, ниту е потврдено како сопругот ги претрпел повредите. Членовите на семејството се збогуваат со убиената 25-годишна жена на социјалните мрежи. Косовски Клан објави дека нејзиното име е Јетлира Фониќи.Тагови: Косово сопруга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15