СП ракомет: Победи на Шпанија и Бразил во првите денешни натпревари - Канал 5

СП ракомет: Победи на Шпанија и Бразил во првите денешни натпревари

Селекциите на Шпанија и Бразил, забележаа победи во првите натпревари од четвртиот ден на Светското ракометно првенство во Катар.

СП ракомет: Победи на Шпанија и Бразил во првите денешни натпревари
Во дуелите од 3.коло на А групата, актуелниот светски првак Шпанија убедливо, со 21 гол разлика, го победи Чиле со 37:16 полувреме 14 : 7. Ова беше третата победа за Шпанија, која е на врвот на табелата во оваа група, воедно и трет пораз на Чиле, кој е последно пласира.

Третиот пораз на Мундијалот го претрпеа и ракометарите на Белорусија, кои денеска се поразени од Бразил со 34:29 полувреме 16:12. За „Кариоките“ ова е прва победа на првенството по двата порази од домаќинот Катар и Шпанија во претходните две кола.

Колото во оваа група ќе биде комплетирано со средбата Катар – Словенија, која ќе започне од 17 часот, термин во кој стартуваат и два натпревари од Б групата, во кои македонските ракометари против Босна и Херцеговина ќе атакуваат на третата победа на шампионатот, како и средбата меѓу Хрватска и Иран.

Во последниот меч денеска ќе играат Австрија и Тунис од 19 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата

Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата и ги штитат криминалците.

ВМРО-ДПМНЕ: Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата

Последните одлуки на правосудните органи се јасен доказ дека политичките инсталации во правосудството на СДС и ДУИ се уште работат.

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, од Заев и Ахмети се уште работат во интерес на оние кои ги поставиле и ја нарушуваат довербата на граѓаните во правосудството.

Во случајот „Ласкарци“ загинаа 16 граѓани. Во трагедијата со модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

Десетици семејства останаа без своите најблиски. А граѓаните денес гледаат правосуден систем од кој очекуваат одговорност, но наместо тоа добиваат одлуки што дополнително ја рушат довербата во институциите.

Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците.

Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

На Македонија не и треба судство кое ќе ги штити СДС и ДуИ. Владеење на правото и правдата во Македонија мора да има.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лага

Шефот на ВМРО-ОКГ повторно ја вклучи пумпата.

СДСМ: Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лага

Дејвид Гета објави: 50.000 фанови на шоуто во Скопје.

Арамијата Мицкоски го зеде тоа и го надува на „над 200.000 граѓани“. Четири пати. Како пензиите. Како економијата. Како сè што излезе од неговата уста.

Рече: прославата чинела нула денари од пари на граѓаните. Нула. А сметката е 5,53 милиони евра. Не од магија. Од Државна лотарија.

Лотаријата е во државна сопственост. Значи на граѓаните. Добивката од Лотаријата треба да влезе во буџет. Буџетот се народни пари. Значи на граѓаните.

Крај на бајката. „Нула денари“ е лага. „Пари од компании“ е лага. „Општествено одговорна фирма“ е маска.

Ги земаа парите што требаше да одат кај граѓаните и ги фрлија на бина, диџеј, Бобан Авалон и, секако, провизии.

Значи, граѓаните платија. И тоа - многу платија.

Сега најавува вакви настани секоја година. Значи: секоја година истата каса, истата провизија, истата лага, истото надувување на цени и публика.

Кај Мицкоски сè е лага. Сè е напумпано.

Пензиите - 16 пати.

Економијата - трета во Европа.

Туризмот - први.

Авиосообраќајот - лидери.

Платите - најбрз раст.

Концертот - 200.000 славиле.

Сметката - нула.

Ништо од тоа не стои. Стои само методот. Земи бројка. Помножи ја со четири. Излези пред камера. Обвини ја опозицијата дека е „естрада“. И барај аплауз за украдената каса.

Гета напиша 50.000 а Мицкоски напиша 200.000. Тоа е неговата бајка. Тоа е неговата статистика, како и економија.

Разликата не е во публиката. Разликата е на провизија, надуена исто како и публиката.

Разликата е систем: арамијата не знае да зборува ако не надува. И не знае да работи без кражба и провизија.

До кога, арамијо?

Ова не е прослава на независноста туку на провизиите на една банда и на арамија.

Гета си замина со својата цифра. Граѓаните останаа со нова сметка. И со шеф на банда, арамија кој чим ќе ја отвори устата - лаже.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.  

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 07.09.2026 до 11.09.2026 зема 174 примероци за физичко-хемиска и 174 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер