СДСМ не отстапува од блокадата на новиот Изборен законик, власта прави напори да се постигне консензус
2СДСМ не отстапува од блокадата на новиот Изборен законик, власта прави напори да се постигне консензус
РакометСП Катар: Данска петта, Германија седмаНа ракометниот мундијал во Катар денеска се играа два натпревара за пласман, по кои Данска го освои 5.место, Хрватска е на 6.позиција, Германија е 7.ма, додека Словенија која во осминафиналето беше подобра од Македонија заврши на 8.место.Според тоа, Олимписки квалификации од европскиот континент обезбедија Данска, Хрватска и Германија, како и кандидатите за медал Шпанија и Полска. Словенија останува да чека пораз на Катар по што Франција би обезбедила директен пласман на Игрите во Бразил. Постигнати резултати на денешните средби: за петто место: Данска – Хрватска 28:24, за седмо место: Германија – Словенија 30:27. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарот на дивата депонија во Шуто Оризари повторно ги труе скопјаниШтом ќе започнат летните горештини, како по правило се разгорува и дивата депонија меѓу Шуто Оризари и Визбегово – истото сценарио се повторува од година во година Штом ќе започнат летните горештини, како по правило се разгорува и дивата депонија меѓу Шуто Оризари и Визбегово – истото сценарио се повторува од година во година – скопјани изминативе два дена повторно дишат изгорени гуми, пластика и други тони отровен отпад кој согорува. Самото место е преплавено со смет од сите страни, што им оневозможува и на пожарникарите соодветно да си ја вршат работата. Оние кои живеат и работат во околината се сомневаат дека на депонијата се подметнуваат пожарите, воедно стравуваат дека еден ден пламените јазици ќе стигнат до нивните објекти. Ова место е едно од црните точки во Скопје – оние кои што живеат и работат во околината велат дека се пали по пет-шест пати преку лето, а се пали секоја година. Депониите се вистински кошмар за гаснење, вели првиот човек на ДЗС – Стојанче Ангелов, кој смета дека зад честите пожари на ова место стои човечки фактор. Тој вели дека врз ваквите, диви депонии тешко се воспоставува контрола и се горлив проблем за службите. -Повеќе од сигурно можам да кажам дека таа е намерно запалена, бидејќи можноста сама од себе да се пали е навистина мала, доволен е еден мал поттик, би рекол една искра за истата да биде запалена. Веќе знаеме дека гаснењето на депонии за нас е кошмар, бидејќи сите депонии тешко се гаснат, внатре имаме разни материјали кои создаваат висока температура, гасови од зависност од депонијата, така што навистина тешко се гаснат. Апелирам до граѓаните да го пријават секое сомнително поведение кое ќе го забележат околу депониите,- - Стојанче Ангелов – Директор на ДЗС. „Ја чистиме депонијата, а до следното лето сликата е повторно иста и повторно гори“ – вели градоначалникот на Шуто Оризари – Курто Дудуш. Вели дека веќе е распишан тендер за расчистување на ваквите места, но и дека во соработка со Град Скопје веќе се „крои план“ за трајно решение за местото на кое децении наназад сите незаконски го исфрлаат она што веќе не им треба. -Местото децении наназад е препознатливо во цело Скопје и околината како место каде што сите доаѓаат и одлагаат отпад. Одлагањето обично го прават во вечерните часови кога има помалку инспекција на терен, знаат времиња, уходани се со години кога таму нема инспекции и носат таму и одлагаат отпад. Тоа се толку добро организирани групи кои имаат возила и ги пратат нашите екипи кога не се таму за да можат да однесат и да одложат отпад,- -Курто Дудуш – Градоначалник на О. Шуто Оризари. Дива депонија гори и во околината на Велес, која се проширила и на околната сува трева – противпожарни екипи од утринава постапуваат и таму. Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ не отстапува од блокадата на новиот Изборен законик, власта прави напори да се постигне консензусВласта и опозицијата и натаму се далеку од договор за изборниот законик, но далеку од очите на јавноста се прават обиди помеѓу пратеничките групи за доближување на ставовите. Поради тоа засега е неизвесно кога ќе биде закажана седницата за Политички систем и односи меѓу заедниците на која треба да се дискутира предложеното законско решение, откако веќе беше изгласана постребата од негово донесување. Од опозициската СДСМ, која се закани дека ќе го блокира законот со 10 илјади амандмани кои пратениците ги подготвувале до доцна синоќа, за Канал 5 велат дека за нив не е прифатлива понудата која премиерот Мицкоски ја стави на маса - да поднесат амандмани само за начинот на заокружување и поднесување приговори кои мнозиството веднаш би ги прифатло и бараат предоговарање на Изборниот законик. „Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи“, посочува премеирот Мицкоски во статус на Фејсбук. Серија забалешки за предлог законот упатуваат и од Левица, од каде не сакаа да се стават потпис на предлог законот иако учествуваа во работната група која го изготви. Според нив во конечниот текст се нашле решенија за кои никогаш не било дискутирано ниту постигнато согласност меѓу учесниците во работната група. Тврдат дека во последен момент била додадена одреба со која се воспоставува механизам за цензура на социјалните мрежи и бараат еднакво финансирање за сите политички субјекти. Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат СДСМ и Левица за блокирање на реформската агенда. „СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот. СДС и Левица здружено ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. - Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Изборниот законик е дел од реформската агенда за чие усвојување беше даден греј период кој истекува денеска. Дополнувањата и измените во законското решение кои следуваа по препораките од ОБСЕ/ОХИР ги изготви работна група предводена од минситерот за правда Филков во која учествуваа пратеници од сите пррламентарни партии, освен СДСМ која одлучи да ја напушти работната група поради укинувањето на Техничката влада. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
МакедонијаКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва Актуелниот директор на ФЗО Сашо Клековски неофицијално ќе биде новиот министер за здравство на местото на Азир Алиу од Вреди, дознава Канал 5 од партиски извори. Во пресрет на седницата на Извршниот комитет вечерва на која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе им го соопшти и официјално предлогот, како потенцијални имиња се уште двајца директори од овој сектор- Синиша Стојановски од 8 Септември и Игор Мерџановски од Ургентниот центар. Покрај здравство, владејачката партија ќе го преземе и ресорот социјална политика, а ккао нејсериозен канидат се споменува актуелниот заменик минстер Ѓоко Велковски. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ќе номинира и вицепремиер за добро владеење, функција која досега ја извршуваше Арбен Фетаи, а партијата треба да потврди и дали Борко Ристовски останува во спорт. Од друга страна целодневни консултации има и во Вреди. Оттаму за Канал 5 брифираат дека раководството одлучува кој ќе го замени Иван Стоилковиќ во односи меѓу заедниците, позиција за која во игра биле околу пет потенцијални имиња. Неофицијално, лидерите ќе ги потврдат министерските позиции на Беким Сали, Бесар Дурмиши и Мухамед Хоџа, а најверојатно во правда ќе биде предложен универзитетскиот професор по уставно право Јетон Шасивари. Во новиот ресор што го добиваат, на местото на Зоран Љутков во култура пак најголеми шанси има актуелниот заменик министер Седат Сулејмани, иако за истата функција се споменува и поранешниот пратеник Салим Сулејмани. Доцна попладнево се очекува и епилогот од состанокот на ЗНАМ, по кој лидерот Максим Димитриевски на прес конфереција ќе открие кој е изборот за министер за земјоделство, ресор кој го добија во замена за правда од која се очекува да си замине Игор Филков. Неофицијално на оваа позиција со која досега раководеше Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, ќе седне државниот секретар од истото министерство Борче Серафимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook