СП 2018: Тите: Белгија подобро ги искористи своите шанси - Канал 5

СП 2018: Тите: Белгија подобро ги искористи своите шанси

Бразилецот селектор Тите тешко го прифати поразот ма неговиот тим од Белгија (1:2) во синоќешното четвртфинале на Светското фидбалско првенство во Русија.

СП 2018: Тите: Белгија подобро ги искористи своите шанси

Тој смета дека тоа бил одличен натпревар меѓу два технички добро подготвени тимови во кој уживал секој неутрален гледач. Според него, „црвените ѓаволи“ подобро ги искористиле своите шанси и заслужено продолжуваат понатаму.

- Долго време ја држевме топката и создадовме многу ситуации. Сепак, Белгијците беа поефикасни и подобро ги искористија своите шанси. Тие имаат многу добри играчи. Голманот Куртоа, исто така, ја направи разликата. Мислам дека тоа беше импресивен судир меѓу два тима со одлични технички вештини. И покрај сета болка што ја чувствувам токму сега, ќе кажам дека ако го сакате фудбалот, треба да го гледате овој натпревар. Ако сте неутрален гледач, може само да седнете и да кажете: „Каков натпревар!“, смета Тите.

Сепак, селекторот одби да зборува за својата иднина и рече дека ќе размисли за ова прашање во наредните недели.

- Не сакам да зборувам за мојата иднина. Сега не е вистинско време. Токму сега размислувам за овој меч. Времето ќе покаже што ќе се случи. По две недели, страстите ќе поминат и ние ќе можеме да зборуваме со трезни глави, додаде Бразилецот по мечот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер